Ќе се вратат сите млади од надвор со ''мерките'' за вработување на владата. Море и странци ќе донесат со нив. Да... Комплетно се сложувам со постот на Орхидеја, во прво одд во мојот град се запишуваат околу 60тина до 70 првачиња во две основни училишта, а и тој број оди надолу. Јас кога бев ученичка само во моето училиште имаше 4 одделенија со по над 30 деца. Кога одев на час, училниците се полупразни. Буквално деца има само на една страна и во една редица. Ама нели, мора да прават клас со 10 деца за да можат да вработуваат и слепо и сакато. За иселувањето да не ни споменувам. Градов е буквално МРТОВ. Жалосно е да излезе човек. Пред некое време пишав во една тема дека мене надвор депресија ме фаќа, а не дома. Одамна се чувствувам така и како што гледам ова чувство само ќе расте. Приватен сектор во мојот град НЕМА. Идеална почва за да му потонат на човека сите амбиции, планови, младоста...
Камо да беше така лесно и проблемот со сиромаштијата да се решаваше со поголема минимална. И сеа ќе ти објаснам зашто минималната плата е секогаш лоша идеја. Ако ти имаш фирма и имаш пет работници и ако до вчера ги плаќаше по 8000 (минимална сега) трошокот за плати ти е 5*8к =40к. Ако утре ти ја покачат минималната плата на 20к трошокот за плати ти е 5*20к=100к. Тоа ќе значи дека ќе треба да отпуштиш 3ца за да останатите 2ца ја работата работата на сите петина. А што ако не можеш да си дозволиш да отпуштиш никого? Тогаш ќе мораш да ги зголемиш цените и да се надеваш дека луѓето пак ќе ги купуваат твоите производи што сега нема да биде проблем зошто нели сите имаат големи плати. Ама како ќе им стигнат тие плати кога заедно со платите се зголемиле и трошоците? Никако ете како. Има еден поим во економијата што се вика паритет на куповна моќ што во суштина го означува соодносот помеѓу тоа колку примаш и колку можеш да добиеш за тие пари. Е тоа клучниот момент и тоа не се решава со покачување на минималната плата. И сево ова од еден предмет економија што го имав на правен. Еве како би се решил проблемот со сиромаштијата во Македонија: Мора да се подигне продуктивноста на трудот. Имаш купишта луѓе што земаат плата, а не работат ништо - секако зборам за јавен сектор (под буџет). Тука проблемот е политички. Имаш во администрација модел на вработување каде наместо најдобрите работници предност имаат партиските работници. За економски просперитет едно е битно - колку добро ја работиш работата, не колку гласачи си и донел на партијата. Значи тоа што е потребно е една многу болна и непопуларна реформа што ќе остави многу луѓе, како што сум сигурен дека медиумите би го прикажале, на улица. Ама мора да разбереме дека овие луѓе се еден паразит што ја убива македонската економија. Понатаму, мора да се престане со протекционизмот. Имаме crony capitalism. Тоа значи дека секогаш е побитно да бидеш близок до партијата или да поткупиш некого за да добиеш тендер отколку да дадеш најдобра понуда. И така натаму... Да не влагам во детали. Жал ми е што во Македонија немаме партија што се залага за повеќе капитализам и за почист капитализам зашто апсолутно сигурен сум дека само така ние би можеле да излеземе од сиромаштија. Ако не ми верувате гледајте ја историјата. Гледајте како индустриската револуција и капитализмот ја прават Британија светска сила, гледајте како Германија после Втората светска војна се издигна од руина во најмоќна економија во Европа, како Кина од сиромаштија направи економски бум откако се откажа од планската економија, како СССР пропадна заради нефикасната економија... итн да не ги редам зошто можам вака цел ден. И уште нешто, ми се чини дека годините под социјализам го имаат оставено нашиов народ во една состојба каде уште чека некој да му понуди работа, државата да се погрижи за него итн. Наспроти тоа треба да имаме претприемачки дух и самите да добиваме идеи за бизниси. Знам дека ќе речете не оди, нема шанси, давачки, контроли итн. Ама да не се зезаме има купишта луѓе што имаат и водат свој приватен бизнис и колку толку подобро им е отколку овие на плата. Кој ги поседува сите кафичи, бутици, ресторани итн каде што одите? Тоа се луѓе исто како вас, не се ништо подобри од вас. Нажалост, луѓето во МКД не сакаат да преземаат ризици и порадо би трпеле малтретирање на работа, лижење гз за работно место отколку да отворат свој бизнис.
@Anon и јас имав само еднаш економија во средно, твојава теорија е точна ама само во книга. Во Македонија ова не важи што ти го напиша. Голем дел од газдите во Македонија кои имаат приватни бизниси можат многу лесно да си дозволат да ги качат платите. Ама зошто да заработува 3 милиони годишно, кога може да заработи 10, а плус како бонус сето тоа му е легално. Така? Пример газдата каде што мајка ми работи, според работата тој заработува сигурно околу 5 милиони евра годишно. Ама минималната плата кај него во фирмата е 8 000 денари. Сакаш да ми кажеш дека тој не може да ја накачи платата? Дека ако ја накачи ќе биде приморан да отпушти работници? Нема ни да осети, ама зошто да накачи кога може со тие пари ќерка му секоја година да вози нов мерцедес од 100 000 евра? И вакви газди имаме буквално на секој чекор. Се богатат на сметка на сиромашниот народ. Затоа имаме едни кои возат најнови коли од по 50 000 евра, ги гледаме како патуваат на дестинации што ние не можеме ни да ги замислиме, а од друга страна имаме народ кој одвај месецот го поминува. Сликата во Македонија е таа. Зошто да качи плата кога државата го штити со закон и му вика во ред е 8 000 денари плата, доста им е. Исто како со новите инвестиции на Грујо. Самата држава им кажува дека не смее да биде платата поголема од 12 000.
Кое гратче е ако не е тајна? Инаку за осиромашувањето, не само што не удира по џеб, туку и психички не тишти. Еве кога ќе ми дојде слободен викенд само се мислам да одам негде да прошетам, или да чувам пари затоа што може ќе излезе нешто непланирано?Денеска дадоа 600 денари во маркет за храна и таа храна утре ќе се потроши. Платите се исти, трошоците отидоа до плафон.
Тоа што фирмата сака да плаќа помали плати е стандардна работа, исто како и што ти сакаш да плаќаш помали цени за производот. Никој не сака да плаќа повеќе. За работниците да имаат поголеми плати треба синдикално да се организираат. Тоа е едниствениот начин.
Не знам дали воопшто функционира синдикат на работници сега и овде кај што живееме. Јас од мое искуство на претходното работно место, знам дека синдикатот го сочинуваа партиски војници, другарчиња на директорот и на општинската власт. Нагоре високо, надолу длабоко. Апсолутно никаква корист да превземаш нешто преку ваков синдикат. А не се сомневам дека е така и кај најголемиот број фирми...
Кажи ми нешто што не знам. Знам што се не функционира и знам што добро и лошо решение не е даден проблем. Ти кажувам дека е подобро да профунционира синдикатот отколку да има висока минимална плата што би била штетна за сите и за фирмите и за работниците.
Не го чувствував се до вчера кога другарка ми ми кажа: треба 10 години да работиш и да штедиш ако сакаш да купиш стан и да се преселиш.
Pa toa e uste i dobro. Jas treba nacelno / po dogovor so bankata da otplakam 25 god. Vo podobrite vreminja im davaa na lugeto rok od 35 god koj poradi ekonomijata im go skratija na 25 god. Sakame gazdi da sme, nikoj ne dava dzabe. Ama, sekogas ima ama, moe si e moe. Od nikoj nebaram, na nikoj nedavam. Spijam kako bajce.
Мислам дека последниве години премногу се осеќа економска криза во државата, а знак за тоа е масовното иселување на граѓаните во странство.