Најпрво здраво на сите... Да започнам веднаш,за да не ви станам заморна уште пред да си го кажам проблемот Се запознав со еден ,,пријател,, на една од странициве за виртуелна комуникација... долго време бевме пријатели, можеби година и нешто, но како што се запознававме,чувствата се менуваа, па од пријателство почна да преминува во нешто појако,па еве сега стигнавме и до ,,ТЕ САКАМ,,. Навистина е многу пријатен, културен, учтив, секогаш расположен за разговор...сеуште го имаме задржано пријателското во нашиот однос,што многу ме радува.Но, во мене потајно тлее страв.Тој живее во Хрватска,а јас во Македонија. Сега не чека и средба која ќе се случи за 2 месеци отприлика, но што по таа средба...тој на една страна, ај јас на друга. Нема да можеме да се гледаме многу често,се разбира технологијата е многу напредната па има можност за гледање и преку камера,но не е тоа она што ни е потребно и на двајцата. Тоа искажување на љубов од моја и од негова страна воопшто не е наивно, навистина тоа е нешто што ретко може да се доживее и почувствува (бар од моја страна е така,а мислам и дека е возвратено). Се плашам дека далечината може да не раздели...кажете ми совет...што да превземам,а се разбира тоа да не е прекин на нашиот однос, бидејќи јас навистина не можам без него,без разлика на нашата далечина...
Врска во далечина?????? Како што видов имаш 21 година и мислам дека треба да бидеш свесна дека не може да сте заљубени и да си викате ТЕ САКАМ, а да се гледате на интернет, во живо никогаш. Па така ако се засакуваше.......Може да станува збор за заинтересираност, но за те сакам мислам дека е прерано да зборуваш. Инаку чекај прво да се видите, бидејќи многу така после средбата не остануваат на ништо. Значи видете се, а после тоа ќе одлучиш што да правиш. Ако дојде до ситуација на вистинска љубов, не плаши се за далечината, вистинскта љубов може да опстојува и на далечина А и темава може да се премести во веќе постоечката
ljubov na dalecina malkuu potesko kako i da e se menuvaat,,, se oladuvaat cuvstvata [mod-kirilica:84c4u83q][/mod-kirilica:84c4u83q]
Врска во далечинa Љубов на далечина океј, но зависи и од далечината и од тоа колку често се гледате. Јас и дечко ми сме од различни градови и се гледаме почесто. Така врската функционира, но од различни држави... хммм малку потешко, барем јас така мислам. Зошто да се ,,зацрнуваш,, на таков начин да бидеш во врска со некој што ќе го видиш 1 во 2-3 месеци, кога можеш да си најдеш некој што ќе ти биде близу и со кого ќе можеш да бидеш секој ден. А и тоа ваше ,,те сакам,, не е бог ти знае колку силно, и да го оставиш неќеш многу да жалиш. Не е еден и последен. Преку интернет не можеш човек да го запознаеш многу добро. Може со голема веројатност да те лаже и да си прави секакви филмови. Кој ќе докаже дека тоа што го зборува е така? Од лично искуство ти зборувам за ова последното.
Врска во далечинa Некогаш таа љубов останува само виртуелна. Врски на далечини успеваат, меѓутоа со претходна основа, односно да бевте во врска, па едниот од вас да мораше да замине странство, но вие ќе продолжевте со врската без оглед на се'. Во врска без претходна основа, а е на далечина, биди спремна на многу труд, малку љубомора и премногу вложување во истата за да опстане, баш поради тоа што многу ретко ќе се гледате. Ако веќе двајцата се одлучите во врска,веднаш објасни му што очекуваш од таа врска, во кој правец сакаш да се развива и морате да си ветите некои работи за да имате поголема меѓусебна доверба. Тешко се одржува врска на далечина, но верувам дека ќе успеете доколку сте двајцата попустливи карактери и признавате грешки, се извинувате и не провоцирате кавги.