во таква ситуација сум што морам ако сакам да го задржам бебево, без да абортирам, морам да останам со друг (не со вистинскиот татко на детево бидејќи нема никогаш да го прифатат од многу причини ) , а со другиов можам да останам. Што мислите дали е возможно сево ова? ве молам за совет, се плашам да абортирам, спас ми е само тоа да го гледам детево со друг татко, не со вистинскиот знам дека звучи како шпанска серија, ама тоа е мојата приказна. Поздрав до сите!!!
Како прво Дали ти си сигурна дека ке можеш да го изгледаш тоа детенце без неговиот вистински татко, дали си спремна ти самата да ја поднесеш таа ситуација? Доколку си сигурна во тоа разговарај си отворено со вториов како е ситуацијата колку тој е спремен на тој голем чекор, затоа што не е мала работа туго дете да одгледуваш... потоа се само ќе си дојде како што треба... и уште нешто дали ти ќе можеш да живееш со тој човек?
Не постои ли друга опција - да го гледаш сама? Дали таткото не ја презема одговорноста, или твоите не го сакаат? Ако тој не ја презема одговорноста, секоја чест на „храброста“. А ако твоите не го сакаат, а вие сакате да имате дете, тогаш би требало да поразговарате со нив и да им кажете дека се сакате, дека сакате да бидете заедно, дека треба да ве поддржат, сепак детето е најголемата радост. А тој другиот, дали воопшто го сакаш? Дали си спремна само поради детето да се обврзеш на живот без љубов ако не го сакаш? Дали тој знае дека си бремена од друг и дали те прифаќа така, или пак ќе му го „подметнеш“? Ако те прифаќа бремена од друг, значи дека навистина му значиш, затоа што не е мала работа да се преземе таква обврска. А ако му го „подметнеш“ - тоа не е фер - мислам дека вистината секогаш излегува на видело, без оглед на се. Не ме сфаќај како да те осудувам, само сакам да ти ја сфатам ситуацијата.
so ovoj vtoriov se znam dolgo vreme svoite custva mi gi otvori pred nekoe vreme, dodeka bev so prviov deka me saka i ima seriozni bracni nameri so mene. jas go sakam prviov, detevo e plod na ljubov, toj mi vika sega da abortiram, za godina, dve ako se sredi situacijava ke bideme zaedno, ke imame pak deca, no jas se plasam da abortiram, i toa mnogu, bidejki znam kako e. sama da go gledam, nemozam, doma sme finansiski slabi, jas sum na fakultet imam uste edna godina, edvaj naogame za da isturkam nekako, mislam da ostanam so vtoriov i da ne mu kazam deka nosam dete od drug, tuku da go ima kako svoe deka e, pa nekogas (nedaj boze ako izleze ke mu kazam deka sum nemala drug izbor,) a on e redobar mislam deka nema da mi zameri do nekoj stepen. Me faka inaet da go napravam toa, bidejki so drugiov kroevme planovi, i sega koga ostanav bremena mi vika abortiraj, pa posle koga ke me gleda so deteto vo raka da nemoze da mi se doblizi.... mnogu surov zivot i surova odluka znam.....ama toa e... moram da resam za 2,3 dena ako ne ke abortiram se dodeka e uste ,,taze,, bremenosta
Не мислам дека треба да почнуваш живот со некого заснован на лаги? Ако убаво разбрав, тоа наметнам како негово значи да го излажеш дека е негово детето? Доколку е така, подобро размисли убаво за таа постапка. Не е фер, не еубаво, не е чесно. Доколку тој навистина сака се со тебе, подобро биди искрена со него, кажи му дека си трудна од друг! Можеби на почетокот нема да го прифати тој факт, можеби ќе те одбие во прв момент, но остави го да рамисли за се на мир, а потоа јас мислам дека доколку те сака, ќе те побара и ќе го прифати тоа дете како негово. Ако го излажеш дека детето е негово, кога тогаш ќе дознае и дури тогаш ќе ти се распадне се што си градела и сте стварале, а ќе бидеш во една потешка ситуација, кога веќе ќе имате формирано семејство и заеднички живот. Мое мислење е да му кажеш отворено, да го оставиш одреден период да размисли, а тој ако е разумен и те сака ќе те побара. А дури и да не те прифати, подобро сама да го гледаш тоа дете, се разбира доколку си финансиски независна и имаш помош од родителите, отколку да почнуваш живот во лага! Ти посакувам среќа и се надевам ќе донесеш правилна одлука!
И јас би ти кажала да не брзаш со таква одлука,знам многу добро што е абортус но јас би ти рекла да го абортираш кога веке немаш друг избор,немој да си го уништиш животот мажејки се ради тоа а не од љубов,дали знаеш како е да бидеш со некој кој не го сакаш а си се омажила поради некоја причина,се случува не си ни прва ни последна ако абортираш.Ти си знаеш најдобро но мој совет е тоа,ти посакувам се најдобро што и да одлучиш
како прво, со голем инает до никаде нема да стигнеш. тука веќе играе голема улога на одговорност како спрема самата себе така и спрема бебенцето (ако веќе го задржуваш). друго, дали таткото на бебето мислиш дека те сака и дека утре ќе бидеш среќна со него? па и на крај краева не е само деца да се прават а да немаш да го одгледаш (познавам таков случај, жално е за бебето верувај) . ако сега не е момент, одложете некое време, па кога ќе се сталожи ситуацијата се само по себе ќе си тргне. трето, велиш дека другиот дечко е премногу добар... па ако е толку добар и ставрно те сака, вреди ли да го ,,наметнуваш,, како што викаш со таква одговорност при тоа да не му ја кажеш вистината? ако веќе така си одлучила подобро кажи ја вистината... така можеби повеќе ќе прифати, отколку после некое време нервози и трауми за тебе и детето.
Велиш дека тој човек со кого сакаш да се омажиш е премногу добар.Па зошто да му го правиш тоа? Зошто да го лажеш? Тој има право да ја знае вистината или пак ти е страв да не престане да те сака кога ќе дознае дека си трудна од друг? Бракот е нешто сериозно и ако сакаш да имаш добар брак немој да го лажеш..па и детето не е должно да живее во лаги. Значи секогаш добрите страдаат. Најдобро е да му ја кажеш вистината на идниот сопруг бидејќи ова е сериозна работа,а не зезање! А таткото на твоето дете ќе прифати детето да го одгледуваш со друг? Баш тој таткото може да му каже дека тоа дете е негово...
Kako прво мислам дека не е фер да ја искористуваш добрината на другиот само за себе да наредиш како што ти е убаво ,без љутење ама тоа е многу себично и покварено од твоја страна...како можеш да му подметнеш такво нешто кога е више толку добар со тебе?!Ако веќе си толку сигурна дека сакаш да го задржиш детето , барем кажи му ја вистината и соочи се со својот проблем а не да бегаш и да уништуваш нечиј живот...Како што спомнав АКО СИ СИГУРНА ДЕКА САКАШ ДА ГО ЗАДРЖИШ ДЕТЕТО бидејќи пак и во тоа гледам себичност Неќеш да абортираш само поради страв а не размислуваш за детото каков живот ќе има тоа што можеш да му пружиш па уште ќе го лажеш за татко му , а од друга страна ќе го лажеш и другиот , ќе згорчуваш два животи и се тоа зошто?зошто ти е тебе страв! И што се однесува на вистинскиот татко , мислам дека треба да го оставиш и воопшто да не му се враќаш ни со ни без дете...чим тој не е покрај тебе кога највише ти треба и те остава,не ти треба воопшто во добро да е со тебе...
Ако тој вториот е толку добар , што викаш ти премногу добар .. тогаш не знам зошто се плашиш да му ја кажеш вистината . За самохрана мајка , нема ни прва ни последна да бидеш . Не е фер на вториот да му правиш толку лоша работа , признај му сега .. зошто ако дознае после , лошо ќе биде . Ти признај му , негово е дали ќе го прифати детето исто како негово да е .
Ти во случајов си го гледаш својот задник,своите стравови,тебе да ти биде како-така удобно и манипулираш и пресметуваш. Прво,личноста која ќе ја лажеш дека е негово,не е паднат од Марс,денес е 21 век и се лесно се дознава.Второ,ти не го почитуваш како личност ако си спремна да го направиш тој потег.Ало,не е мала работа дете да му подметнеш,а плус е тоа што бил искрен и ти признал љубов,а ти види што сакаш да направиш?!Нема да ти замери,затоа што демек искрено те сака и ти тоа така злобно ќе го искористип?!Мисли си дека нема да замери,удар по машко его...не е мала работа. Второ,зошто сте го направиле тоа дете ако не сака?!Ajде се случило...ти не сакаш да го аборитраш само затоа што ти е страв,по цена да си го закашкаш животот уште повеќе во интриги и инаети.Веќе нема да си во прашање ти,туку детето за да имаш простор за инаетења и слично. Имаш неколку опции... Да го чуваш сама со твоето семејство и да не бидеш со ниеден,да го абортираш и да побараш нова љубов,да му кажеш на вториот за целата ситуација,ако навистина прифати,заедно да го гледате,да го абортираш и да му дадеш шанса на вториот.Ама да лажеш,да манипулираш,да се инаетиш,не,а и не си во позиција.
Многу себично од твоја страна. Знам дека си во тешка ситуација, ама до душа пак и не си мала за да не можеш дете да гледаш. Овој вториот, што те сака премногу, да заборавиш на него... гледам не го сакаш... сигурно не си спремна иднина со него да градиш. Па уште и да му го подметнеш???? Ах, срце мислиш лесно е тоа... ко во шпанските серии??? Штом вистинскиот татко ќе знае за детето, кога тогаш ќе си го побара. Не можеш да ја искористуваш нечија љубов, на таков подол начин. За првиот, како што сфатив, не е спремен финансиски да гледа фамилија. Дали твоите дома не го прифаќаат? Немој уште сега да го исклучуваш...сепак тој е таткото на детето. Сигурно сеуште веста е свежа, немал време да размисли. Се повикал на абортусот бидејќи повеќето од мажите не гледаат во него нешто страшно. Кога ќе му го наметнеш фактот дека не сакаш да абортираш, сигурно ќе се свести и ќе ја прифати одговорноста. Затоа мој совет е да си кажеш дома, и со подршка од твоите ќе си ја износиш бременоста. Во меѓувреме и факултетот ќе си го завршиш, а за мажење и немора да мислиш баш сега. Ќе се средат коцките лека полека.
Како можеш уопште да помислиш да му напраиш такво подло нешто на некој што не е ни крив ни дужен? Како можеш на твоето дете да му направиш такво нешто? Зашто? Да се заштитиш себеси? Извини ама тоа е голем грев. У најмала рака мораш да му кажеш на дечкото дека си трудна и дека детето не е негово па ако на него не му смета и ако го прифати тогаш може да функционирате нормално. А врска и живот заснован на лаги? Кога тогаш ке се дознае и ке се одрази лошо не само на тебе, туку и на твоето дете. Размисли малку колку не е во ред така. Мој совет е да зборуваш најискрено со дечкото и заедно да решите не ти сама. И не се секирај, биди смирена и се најдобро.
Како можеш да го наметнеш? Ако сака да има се со тебе, кажи му ја вистината. Не прави вакво себично нешто, мисли на детето што го носиш.
Девојко навистина тешка ситуација,но не избрзувај треба да ја скоцкаш ситуацијата од ситре страни! Велиш ќе му го наметнам?Како?Имаш ти спиено со него за да го направиш тоа?Или ајде ќе имате еднаш два пати секс и оп еј јас сум бремена од тебе Друга работа е тоа што колку и да е добар тој зависи дали е спремен на таков голем чекор.Не е мала работа да прифатиш да гледаш дете што не е твое од таа страна што овој те шутнал па ајде сега трчи кај мене јас ќе те спасувам. А тој дебилот зошто не сака да го родиш детето?Колку време сте заедно,нели се сакате и де ај кажи ни ги причините што твоите не го сакаат? Немој да избрзуваш убаво размисли си и немој да бидеш себична!
teska odluka i nemoj da zgresis razmisli ubavo i toa mnogu misli,nemoj da mislis deka toj vtoriot nema da nauci deka ne e negovo,kako prvo toj prviot znae deka nosis negovo dete i koga togas na vtoriot moze da mu kaze ej glupav eden toa e moe dete jas sum mu tatko a ako zivees vo isti grad toa e sigurno deka ce bide taka,a i da zamines nekade cel zivot ce zivees vo strav sto ako se doznae sto ce se sluci i sto ako nekogas decata bidat prijateli a se braka,ili brat sestra sto ako se zaljubat treba da mislis na mnogu raboti nemoj da mislais da go lazes, na kraj sve se doznava moras da mu kazis na vtoriot deka ti nosis tugo dete a ne da go lazis na lagata kratki i se nozete,i zosto da ne moze prviot finansiski toa sve si odi postepeno so velat starite gospod ke si navrti. jas ne sum na rabota mazot mi ne raboti redovno i se obiduvam za vtoro dete znaci finansiski i nie ne stoime dobro sto znaci finansiskata situacija ne bi trebalo da se zema vo predvit stom se raboti za eden zivot,ako toj te saka stvarno ne bi ja zel finansiskata situacija vo predvid,a dali si razmislila deka toa mu e samo izgovor izvini ali moram da te podsetam da razmislis za sve...i srekno vo odlukata
кази му ја вистината ако те сака ќе те прифати али мислам дека не носиш правилна одлука а чиво е детето мозе да открие и на пораѓај ако имате различна крвна група ако не е твоја ни негова бебето е на комшијата. ех стварно дај не прај шпанско-скопска серија. размисли и памет во глава со лаги што ќе постигнеш. а и ќе го родиш и ќе се разведеш и оп пак на почеток ние сме финансиски слаби со што ќе го гледам- те цитирам. така да двапати мери еднаш сечи. искреност пред се
. jas so drugiov legnav nekolku pati bez custva seuste umot mi e vo prviot decko od kogo sum bremena, kontaktirame celo vreme ne se uriva lesno taa ljubov, toj mi rece sega da abortiram kako sto napisav pogore pa za meseci nekolku ili godina ako sakas da sme zaedno pak ke ima bebe, no od kade jas da znam deka toa ke bide taka. pricinata sto ne mozeme da se zaedno e toa sto toj se razveduva sega majkami od nikogas ne sakala da sme zaedno a znaese od pocetokot, i sega stasav do ovaj stepen..