Имам пријател кој го познавам веќе 10 години. Ми беше демонстратор на факс. Уште тогаш беше во врска со сегашната сопруга. Додека бев на факултет се дружевме доста, особено често ме викаше на муабет и седенка. Слушавме и разменувавме филмови, музика, се дружевме... Имаше ситници за кои сега кога ќе помислам, мислам дека значеле нешто, но на кои тогаш не им обрнував внимание. На пример, ме фотографирал тајно за време на вежби, ми режеше ЦД-а, излеговме на кафе неколку пати итн... Откако дипломирав, некое време не бевме во контакт. Во последната година сме во контакт on and off што се вели, ми се јавува, збориме долго, муабетот ни оди како подмачкан. Од лани наваму ме има викнато да излеземе, без претерување, можеби 10 пати. Јас цело време одбивам со некој изговор, иако сакам да го видам. Инаку во брак е (без деца), и кога ќе се спомне сопругата, некако секогаш ќе каже нешто негативно за неа. Јас порано имав измешани чувства за него, имаше моменти и кога бев подзатрескана, ама гледав никако да не се познае. Сега повторно ме побара, да излеземе некаде. Како личност многу ми се допаѓа и многу ми значи да го имам во животот како пријател. Прашањето е-дали да излезам со него? Ако ми се јават чувства за него повторно, би си направила само проблем. А ако и тој има чувства за мене, џабе е, зафатен е. Пријател на негов пријател во неврзан муабет (рекла казала малку) ми кажа дека размислувал да се раздели со жена му. Мислења?
Со оглед на постот- си гаиш некои чувства за него и драг ти е. Ако излезете сега- ќе си направиш беља. Можеби пак ќе се затрескаш, а сигурно е дека ќе размислуваш во насока што ќе направи натаму, ќе се разделат, нема да се разделат... Муабетов ми е ќе си останеш ,,заглавена'' со мисли за него. Не ти треба тоа. Си има жена сега! Каков и да им е бракот- нивен си е. Друга работа е ако се разделат... Ама сигурно не сакаш да си имаш грижа на совест дека било заради тебе? Мој совет е да почекаш. Велат дека добрите нешта секогаш се враќаат. Ако сте еден за друг - ќе бидете. Остави нека помине некое време, да видиш како ќе се одвиваат работите.
Наместо да чекаш да се разведе со жена му, бркни си некој друг, верувај не е само тој, има и други згодни, паметни, духовити и на место дечки низ Македонијава. Вака замарајќи се со него, од дрвото не ја гледаш шумата.
Не ти треба маж кој за жената која ја "избрал" да биде негова "животна сопатничка" има само негативно мислење. Можеби не им оди во бракот, но тој самиот плука по неговата одлука. Какви и да им се односите, разводот може да биде достоинствен. Какви емоции можеш уствари да имаш кон тип кој бил во врска, а сега веќе е во брак?! Постои и втора опција, типот да сака да те легне (пусти мерак) и пријателот негов ти кажува "во доверба". Сепак, 10 години... П.С. Некој мене да ме фотографира тајно и јас да дознаам за тие слики, искрено би била загрижена за мојата безбедност
Па излези, ако стварно сакаш да излезеш и да се преиспиташ што уствари чувствуваш спрема него - излези. Никој не те тера да имаш однос со него, ма да реално сигурно не му е само до кафе, да не бидеме наивни, али човек од негов ранг сигурно не би изиграл сељачки па да те нападне. А за неговиот брак ич да не се секираш, ако веке тргнал у надолна линија со или без тебе ке пропадне.
Околу фотографиите, тој ми ги покажа. А ова со пријателот, несакав да ја должам кој чиј пријател бил и од каде е муабетот, па затоа скратив, но не е негов близок. Инаку тој се знае со целото мое семејство, има пиено кафе и со моите. Немам ништо одлучено, а не ми е тешко ниту да се воздржам од излегување, ама мислењава ми се важни сепак.
На твое место јас би излегла. Не губиш ништо ако излезеш, и никој не те тера да напраиш ништо освен добар муабет oколу вашето познанство
Се согласувам со тебе, но да признаам, имам веќе идеа какви чувства би ми наишле кога би се виделе и тоа ме плаши. Дека ќе посакам и тој да се чувствува исто. Но сепак знам дека нема којзнае што да направам со него, имам ептен силна самоконтрола.
Ја жалам жена му, ако не со тебе ќе отиде со друга. Тој да чувствувал нешто за тебе освен можеби сексуална привлечност ќе направел нешто пред да стапи во брак додека се уште бил во врска која би ја прекинал уште тогаш. И нормално дека ќе ти зборува негативно за жена му, сигурно нема да ја фали пред тебе, а во исто време и да ти бара нешто. А ако е за обично пријателско излегување не би требало да се мислиш, излези.
Јас веќе година и нешто бев во сериозна врска кога тој се ожени. Сега веќе не сум. Инаку да, пријателско излегување никогаш не е на одмет.
Не. Не оди. Сама спомна дека нешто сте се буричкале претходно, макар тоа било платонски. Немаш работа да се мафташ со женет маж, без оглед на "рекла-казала" муабети дали се разделува од жената или не од страна. Каков е тој пријател со он и оф контакт? Или контактираш или не. Пресечи ги пеперутките пред да прераснат во сериозни чувства и да си имаш главоболки после. Извини, ништо лично, можеби сум премногу остра во коментарот, но се ставам во позиција на неговата сопруга со оглед на тоа што сум сопруга на поранешен предавач на одредени собири. Се прашувам јас како би се чувствувала ако некое коковче почне да му се јавува на телефон, на фб, whatever иако знае дека е женет. И последно: што е она што ги одбива жените од мажите, а истото се претвора во фатална привлечност откако ќе се оженат???
Чувство на некаква (за нив замислена) моќ што уништиле нешто, па им се билда егото дека нив ги избрал.
Не излегувај. Можно е да има проблеми во бракот чим има време и енергија да вложува во друга жена но зошто ти да си вмешана во тоа. Ако е добар човек прво ќе си ги реши своите проблеми па после ќе инволвира други луѓе во својот живот. Тоа излегување да биде пријателско не може дека се осеќа гаење на некакви подлабоки чувства.
Ама воопшто не ми е попривлечен бидејќи е во брак. Да ми беше, ќе се затрчав кај него без да прашам никого. Не ми е, целата ситуација ми е и одбивна до некаде. Плус, никогаш не го барам јас. Нема никаков смисол јас да му ѕвонам и барам. Ќе гледам ако не некако пополека да го прекинам контактот... Па, ако треба да биде, ако случајно еден ден е повторно слободен, тогаш добро.
За твое добро не си го комплицирај животот ,не ти треба таков што има жена а трчка по други ,само ќе си направиш нервози проблеми и ништо повеќе ,по самите негови постапки се гледа за каков човек станува збор нестабилен и самиот незнае што сака ,отргни се од него на време.
На твое место не би се плеткала со женети мажи, океј е пријателство ама сепак немој многу да се зближуваш, држи некоја дистанца за него. Има еден куп супер дечки кои се слободни, така да вакви работи не ти требаат баш. Тоа што плука по жена му, кажува многу за него и неговиот карактер. Жена му може да е секаква ама тој сепак сеуште е во брак со нејзе. И самата знаеш каде те води ова, не си мала, така да не си го комплицирај животот беспотребно.
@lanadelrey_ ако се цениш себе си нема да излегуваш со женет човек!!! Да не му чинела жената дотичниот сто пати би се развел до сега а вака ем дома ќе го чека ручек на маса и топол кревет ем ќе си е*е на страна. Тој ќе си го истера кеифот а ти си таа што на крај ќе заврши со репутација на ку*ва што растура туѓи бракови. Дали да излезеш со него? Не, не, не и не!
Или не е во добри односи со жена му или сака да ја изневерува, онака од ќејф. Му се сака и со други можеби. Мене поверојатно ми е второто. Не е можно веќе 10 години да сака да се разделува со жена му. Луѓето денес се се повеќе склони кон изневерување. Од разни причини. Немој да мислиш дека и ти кога ќе му бидеш жена и кога ќе се скарате, дека нема да отиде кај друга. Јас би ти препорачал да му го свртиш грбот, да си најдеш некој подобар. Не само што ќе му растуриш брак, може и тој веќе се распаѓа, но после може да си направиш повеќе компликации со таков човек. Чим на неа и прави вака, немој да мислиш дека нема да и прави и на следната.
Abe mene ova mi lici na nesto kako - svalerisvanje od profesor, sto go tvrdam. Profesorite sekogas so mladite studentki si se zabavuvaat, si setkaat, pijat kafinja, ova ona. Ne se lazi deka loso zborval za zena mu. Ako zborva loso, zosto ne pokreni razvod? Ova ``vidavanje`` samo ke zavrsi so seks i toa kako ti garantiram. Go nemas videno odamna, nesto ke plamni i op - otisle gakite nadolu. Na stari finti te fatil ccccc. Ako veke ne si na studii, namesto so nego da se vidvas, vidi se so nekoj na tvoja vozrast i sloboden, bidejki kako sto gledam baras nesto stabilno. So ovoj svaler profesor nema nisto da imas. Ke ti ostanat samo skrseni snite
Дека има супер слободни дечки кај нас, барем според мене-слабо. Две и нешто години сум сингл, и запознавам луѓе, само за да после некое време сфатам дека не е она што го барам. Немојте сега веднаш да речете-а што, женетиов е тоа што го бараш, другите не ти се интересни... не! И кога не ме бараше тој,кога имав заборавено дека постои, запознавав луѓе. Или јас запознавам погрешни особи, или немам среќа. Но знам дека тоа не значи дека треба да се затрчам кај оној кој е ззафатен. И нема. Не ни имам некои „високи стандарди“, но знам што сакам. Отидов сама малку офф топик, ама ете, да одговорам и на тие работи.