Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да излезам со него?

Дискусија во 'Сингл' започната од lanadelrey_, 31 март 2016.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Epa ako e taka pocekaj de malku, vidi dali ke podnesi dokumenti za razvod. A ako ti e seedno dali ke se rasturi toj brak zaradi tebe ili ne, slobodno odi. Devojko, jas se povlekov od nekoj koj samo devojka imase. Ne deka ne mozev da mu ja rasipam vrskata ili slicno. Ne znam, stvarno ne znam sto mislese deka ke ti se reci na forumot. Ajde slobodno odi? Ako sakas da odis - odi. Ama da si gi znajs moznostite i site opcii. I da si so nego i da se razvedi i da se zemite- koj ti garantira deka utre drugi den nema nekoja uste pomlada od tebe isto da najdi i da si ja fati za svalerka? Takvite mazi se nestabilni. Begaj od nego dodeka uste e vreme
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не треба да излегуваш прво зошто е женет, а второ зошто сигирно не те бара пријателски да излезете.
    Не се мешај во љубовен тријаголнник, особено не во таков каде двајца се веќе во брак :)
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Ќе се најде неκој. Не паѓај во депρесии и не донесувај лоши одлуκи. Сепаκ си девојκа и тρеба да гледаш малце подалеκу од момците κо овој- ќе си свρшат ρабота и ќе си одат. Ρазмисли длабоκо и пρед се` мисли на себе.
    Сигуρно нема да ти биде сеедно да се вмешаш во вρеме κога им се ρаспаѓа бρаκот, па после твоите деца да имаат мајκа популаρно наρечена ,,κуρва" или ,,ρасипничκа на бρаκови"
    Многу те истоρмозивме, но веρувам деκа ќе ја донесеш вистинсκата одлуκа.
     
  4. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Девојкава не ни решила што ќе прави, и испозалепивте етикети. Според нејзиниве постови, веројатно има некои чувства за човекот, ама не ми дава впечаток дека ќе стане „растурачка на бракови“ или „к**ва“. Гледам дека се нечкаш, дека нешто те влече назад, па следи го тој инстинкт. Тие „таквите“ не прашуваат никој, ги бришат трагите зад себе и немаат осет дали ќе повредат некого. Според ова што го имаш пишано, воопшто не ми личиш на таква. Ако искочите на кафе, викни уште некој ваш заеднички пријател со вас. Така ќе го видиш, ќе си направите муабет и ќе видиш како ќе се однесува. Ако те бара пак и рече да бидете на само, тогаш веќе ќе ти е јасно зошто. Ако не, одбиј го како и до сега, и пробај да го заборавиш, најди си некои други занимации, нешто што ќе ти помогне да ги тргнеш мислите од ситуацијава. Ќе помине време, како што велиш дека до лани си го имала заборавено, ќе го заборавиш пак. Не се оптоварувај. На крајот на краиштата времето ќе си покаже.
     
    Последна измена: 1 април 2016
    На Elena69221, Victorian, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lanadelrey_

    lanadelrey_ Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Благодарам за мислењево. Некои луѓе овде се многу брзи да осудат, а уште не си ни одлучил нешто. Не ти го ни дочитале до крај постот кој ти го цитирале. Очигледно е дека треба да се повлечам од контактот со него. Па ќе го направам тоа...
     
  6. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    И јас бев сингл година дена па се омажив и чекам бебенце. ФАЛА МУ НА ГОСПОД мојот сегашен сопруг нити беше женет нити пак во врска коа се запознавме. Мислам ЖЕНЕТ МАЖ за мене под дифолд е зона сумрака и не постои. Сега сум во брак па како би ми било да дознаам дека муж ми искача со девојки на кафе онака "другарски"??? Или ти мажена замисли се да искача муж ти со девојчулиња на кафе. What goes around comes around нели??? Чувај достоинство ... Сепак ти секогаш ќе бидеш онаа расипувачката на брак.... :)
     
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Дали ти стварно размислуваш и бараш совет за да излезиш со женет човек ? :x
     
    На Salome, joy1, elenaeli22 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ајде замисли си дека ќе ја остави жена му и ќе тргне по тебе.
    Нема да те копка после некој период дали истото и тебе ќе ти го направи, со некоја друга? Мене би ме копкало.
    Друга работа... Во брак 10 години ама не било тоа тоа.. зошто чекал до сега? Кај му биле очите порано? Што мислел кога стапил во брак?
    Ако излезе и неговата жена со вас, во ред, ама сами вие двајца не.. една по друга работа си одат, мислам дека знаеш што ти зборам...Ти ќе бидеш таа на крај што растурила брак (иако не треба да ни биде важно туѓото мислење сепак ако е вистина, тоа боли,осудата од општеството, отфрлањата од останатите) тој фраер а жената најголемата жртва.
    Не, не те осудувам, ама не ја прави таа грешка, седи си мирна.
    Да не ти бидат чувствата на крај повредени.
     
    На elenaeli22, Sanya20, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Реално, да те вика на кафе сама we all know why, и ти самата си си свесна за тоа, само чувствата спрема него ти го поматуваат умот и паѓаш во искушение да излезеш со него. За да се увериш во реалноста, наредниот пат кога ќе те праша, речи супер, ама доведи ја и сопругата, па види му ја реакцијата. Ама немој да те залажува со тие типични швалерски изговори - лошо му било во бракот. Се знае, на кој му е лошо, тој или го решава проблемот или се разведува.
     
    На Sanjichka007, Marossa, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ne odi.Stom e vo brak,zabranet ti e na sekoj nacin.
     
    На joy1 и Sanya20 им се допаѓа ова.
  11. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.812
    Пол:
    Женски
    Не би требало да излезеш со него бидејки е во брак не си прави проблеми сама.
     
    На Sanya20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Брак си е брак дали со или без деца. Не си реди рана на срце
     
    На cresa-jagoda, sugarlips и Marick14 им се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Има има. Само што вие не знаете да ги најдете. Повеќето бирате пари, пред карактер.
    Гледате некој со скапо ауди или друга кола, а не знаете дека утре кога ќе родите дете, дека ќе личи на шоферот, а не на аудито. :rofl:

    А тоа што 2 години сингл, не значи дека ние машките сме проблем. Затоа што гледам дека главен проблем ти се машките.

    Поздрав и have a nice weekend :)
     
    На Zeynep и JustFun им се допаѓа ова.
  14. lanadelrey_

    lanadelrey_ Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш ти што барам јас? Кола имам, стан имам, пари имам, немам потреба никој да ми го обезбедува тоа. Ми треба карактерен, образован и стабилен човек, што не реди слики на инстаграм од своите бицепси, коли и изигрува фаца. Смачено ми е од фраери, сезнајковци. Ете, и ти се залета да кажеш дека сум барала со ауди, и ефтини финти со детето и шоферот. Знаеш колку е тоа клише? Ете затоа се ретки саглам дечките.
     
    На Sanjichka007, oblace1, Elena69221 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Денес е 21 век. И на фб ќе го познаеш каков карактер е по сликите, дали става или не, постови, видеа и тн.

    А ти до сега каде си барала за да не можеш да најдеш некој саглам?
    Виртуелно ако си барала, многу нормално е дека нема да најдеш.
     
  16. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Демек некoј нa фoрум ќе пoслушa сoвет oд aнoнимни штo кaжувaaт кaкo би требaлo дa биде. И oнaкa секoј вo живoтoт си прaи кaкo шo му oдгoвaрa.

    И дa прaиш нештo сo негo немa дa бидеш ни првa ни пoследнa, тешкo декa сoвет oд некoј би сменилo нештo.
    Oвa е мoе мислење и мoе искуствo и кoгa и дa сум пoбaрaл мислење oд другaр или другaркa секoгaш нa крaј сум идел сo oдлукa штo ми билa пoблискa пред мoментoт дa се oбрaтaм кoн некoј.
     
    На Ицолгудбејбе и butterfly* им се допаѓа ова.
  17. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    @lanadelrey_
    Немој да излезеш со него :!: дури и ионака пријателски.Женет е,барај си некој слободен,вака што ќе се мислеш како што ќе биде со жена му...И не верувај на рекла казала,од каде знаеш дали е вистина тоа?
    Можеби имаш чувства ама гледаш и сама си имаш кажано во постот не сакаш да си направиш проблем и да е така и тој да чувствува нешто за тебе,џабе е,женет е.Мислам дека и сама знаеш дека не сакаш да излезеш со него.;)
     
    На ЈеленаЏиш и lanadelrey_ им се допаѓа ова.
  18. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Off topic:
    Генерализираш синко, не се сите такви. На пример, јас кога го запознав мажот ми, возеше Мерцедес 123 од '79 година.
     
    На crimson, Victorian, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Малку ќе излетам од темава.
    Да ти кажам смешно ми е и тажно истовремено кога читам жените само по пари трчале, по кола, сериозно?
    Имал кола леле чудо големо шо имал. Има и женските шо имаат коли па не се фалат, за кола да се фали? Хахах јадно. :D
    Или па на фб сликани со кола на профилна (facepalm)
    Мажи кои немаат карактер, шо не знаат да ценат или пак се изгорени од некоја жена, немаат шо друго да понудат освен една глупа кола, толку ми се за жалање и многу ме иритира.
     
    На Sanjichka007, cresa-jagoda, mssuniquee и 11 други им се допаѓа ова.
  20. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Дали е бракот со деца или без, тебе не треба да ти менува ништо!
    Малку ме чудиш со прашањето дали да излезеш со женет човек, ама како и да е, тоа не е моја работа.

    Тие лошите зборови за жена му, патетики, разводи, не мислиш дека се само финта да те заведе?
    Ќе излезете, ќе ја изневери со тебе и ќе се врати кај неа. That's all.
    Aко се разведувал, до сега ќе се разведеше.

    И што ќе правите кога ќе излезете на „пријателско“ кафе? Се знае како ќе заврши.
    Затоа, немој да си играш со оган, тргни се. Единствен виновник на крај ќе бидеш ти. Самиот тој ќе те направи виновна за да спаси глава.

    Ако еден маж сака, не може ништо живо да го спречи да биде покрај саканата. Најмалку, да остане заглавен 10 години во брак со „лошата“ жена.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, eloves и 5 други им се допаѓа ова.