Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да имаме односи?

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од Ledena, 19 јануари 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    135.154
    Секс ќе имате ти и тој. Не твоите другарки. Значи сексот треба да е ваша одлука. И никој не треба да знае дали имаш или немаш секс. Нема што да се правдаш пред другарки што правиш насамо со дечко ти. Секс треба да имаш со тој што сакаш да имаш, не оној кој е одобрен од трето лице кое не треба да има ништо во вашата врска.
     
    На XMaN, sparklie, Hipica и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    Ми текнува мене ко мала, секогаш мислев дека 16 години е време кога девојките се доволно зрели за секс. Дека и физички и психички се спремни.
    И така јас наполнив 16 години и ни на крај памет не ми беше да имам секс, уште се чувствував како дете. :D

    Зависи од зрелоста, не се сите исто зрели на 16 години. За некој е океј, за некој е незамисливо.
    Не е ни моја работа, ниту на било кој друг, освен на тебе и дечко ти.
     
    На mila7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Да знам....ама ние сме од мали заедно, и ние секогаш си кажуваме се,баш се.
    Како да кажам, секогаш си даваме подршка на се што и да направиме. Ама овој пат не сфаќаат.
    А дали 17 години, се малку? Иначе за неколку дена ќе сум 17.
    И дали би требало да сменам нешто во нашата врска?
    Искрено сметам дека сум физички спремна, па дури и психички. Искрено на моја возраст, моите врсници прават свашта.
    Знам дека е само моја работа, ама некогаш ми треба и друго мислење.
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека си спремна, go for it.
    Возраста не е секогаш знак дека си доволно зрела за секс. Мене повеќе ме загрижува тоа што си несигурна и имаш потреба да прашаш некој друг за мислење.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Премногу прашања што те збунуваат а само ова е важно.. Што ти очекуваш од сексот и после него? Како го замислуваш? ... Љубопитна си разбирам, но кога другарките ти зборуваат за искористување или повредување, мислат на тоа дека после тој чин може да се развијат подлабоки чувства од твоја страна кон него, и сакаат да те предупредат бидејќи не секогаш излегува така како што сакаме и очекуваме. Се зависи од тоа како ти го замислуваш сексот и кои се твоите очекувања. Ако сакаш да пробаш, направи го тоа, но доколку врската не успее и многу наскоро го видиш со друга треба да бидиш спремна и силна за да пребродиш таква можност. Некои девојки тоа го доживуваат навистина трагично и за нив е болен удар, други не го сфаќаат тоа како да изгубиле нешто и продолжуваат понатаму, трети се тие кои ја прекинуваат врската и бараат друг партнер кој може подобро да ги задоволи. Се е во ред, само треба ти да се познаваш самата добро за да можеш да донесиш правилна одлука врз основа на твоите чувства.
    Тука годините, другарките, домашните и сите други не влијаат многу. Се зависи од тебе..
     
    На anna.tesoro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Прво, сакам да го направам ова бидејќе сме долго заедно. Го сакам доволно, а мислам дека и тој ме сака мене.
    Ова сакам да го направам од љубов, ама сакам и од љубопитност.
    Сега е убаво, а кога ќе се случи тоа мислам дека уште поубаво ќе ми биде.....
    Од сексот што очекувам? После тоа сакам се да биде исто, а сексот ќе дојде само еден плус, т.е уште поубаво ќе ни биде.
    Инаку јас сум сигурна дека ако се случи тоа, дечко ми нема тоа да го направи,бар не во скоро време. Сигурна сум....
    Ете ова отсекогаш ми било чудно....не ме сфаќај погрешно ама навистина не сфаќам ,,Што ако не ја бидне врската,,- па еден ден секако дека ќе раскинеме,а можеби и не.... можеби јас грешам, не те сфатив баш, дали сакаше да кажеш дека оној што ќе ни биде прв, треба да бидеме заедно засекогаш?
     
  7. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Не, не воопшто. Тоа што сакав да кажам е дека е важно како ти ќе се чувствуваш.. Баш набројав дека има различни девојки што различно ги сфаќаат врските и самиот секс. За некои тоа е свето и може да го прават само еднаш во животот, и ако врската не успее потоа се очајни (НЕ ВЕЛАМ ДЕКА ТАКА ТРЕБА, само велам дека има и такви девојки и доколку ти се чувстувваш така треба да размислиш добро пред да направиш нешто.), пак ќе кажам доколку ти си девојка која мисли дека тоа е нешто плус за врската, добро и за двајцата, но ако се случи утре да се сакарате и тебе не те повреди многу фактот што нема да биде тој ''ОНОЈ ВИСТИНСКИОТ'' - тогаш супер. Поентата ми беше дека, сите ние сме различни и како размислуваме за самиот тој чин и како ги сфаќаме тие работи - тоа треба да ни биде основа за тоа какви работи ќе правиме. Да не ни бидат притисок другарките или самиот тој. Туку се што ќе направиме да дојде од нас самите. Се надевам дека ме сфати. Не те познавам и неможам да ти дадам подобар совет од овој, затоа ти набројав повеќе алтернативи. Не сакам да мислиш дека ако бидиш со овој треба да останеш со овој, баш пишав и во претходниот коментар дека можеби и ти ќе ја прекинеш врската ако не ти одговара.. Важно е што сакаш од него и колку си сигурна дека ќе го добиеш тоа. - Зошто самата ми пиша дека го сакаш, а штом го сакаш, ќе бидиш повредена ако ВО СКОРО време тој направи нешто што не си го предвдела. - затоа ако си сигурна во неговата посветеност кон тебе нема зошто да се двоумиш. Тоа сигурна сум дека ќе ви биде позитивно искуство и на двајцата.
     
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Еве, темава полни 5 години :^:!
    Нанижала 10тина страни будалштини.. а јас не можам да си поверувам на очиве што читам.
    Добро бе деца, дали сте вие толку малоумни па да ви треба некој непознат од страна да ви каже дали да имате секс или не?! :fubar:
    Па уште испадна дека имало идеално определено време за секс, па сега се бара тајмнигот... (facepalm) Судбината на планетата Земја е во ваши раце па не дај боже да го утнете времето... :tmi:

    Они ќе имале секс |( . Да сакале, ќе имале а не тука да образложуваат колку време иделе, колку дечковците ги сакале... на кого се објаснувате бе деца?
    Оф мори мајко... (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На Dennings, eloves, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски

    |( НЕ Е ЛОШО да се праша... Со оглед на тоа во каков свет живееме колку само се сексуализира женското тело и каков притисок се прави врз млади и недораснати девојки - ова не е совршен, но е прилично добар начин некој да добие одговор на прашање што можеби нема доволно храброст да се праша отворено, да другарки, родители, а можеби пак и нема близок некој. Подобро ова отколку да оде и да има секс само поради тоа што слушнала дека треба или другарка и се смее зошто уште нема. Свесна ли си само колкав притисок се ствара врз овие млади тинејџерки денес кои се полни комплекси. Сексот се повеќе се сфаќа очаен обид за да се добие малку љубов и внимание. НЕ ГИ ОБЕСХРАБРУАЈ да прашаат. Можеби некои од нив ќе дознаат што всушност сакаат преку искуствата на другите.
     
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Не знам за вас, али мене ми е морбидно девојка од 16 години да има секс. Сеуште по мозок и конструкција на тело е дете, и не да навредувам, туку навистина е така.. Секоја љубов, сериозна врска треба да вроди со секс, потомство. Тоа е здраво и природно, но живи деца на 16 години не можам да замислам барем јас.

    Каков ли животен тек ќе има таа девојка што од 15 години е сексуално активна? Само прашувам, не фрлајте камења врз мене веднаш:)
     
    На eloves, Abeja, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа како размисуваш за тоа како да се гледа на сексот, што денес се повеќе се губи тоа значење. Но, мора да го земиме во предвид тоа дека начинот на живот донесе нови проблеми. Денес младите девојки влегуваат во пубертет на 10-14 години. Најмалите случаи се веќе од 9 години, и за жал тоа значи дека во тиа години кога за нас сеуште ќе биде девојче мало, таа во телото е развиена .т.е созреана. Хормоните работатат. Проблемот е што ментално не е созреана. Тука има голем јаз. И прашањето е како да им помогнеме и што би било решението? .. Да се критикуваат, да се забранува или да се категоризира како табу.. не е во ред зошто тие девојки ќе чувствуваат одредени работи поради нивото на хормони а нема да знаат што е во ред а што не.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    @Psychen , јасно ми е што сакаш да кажеш ама мене ми останува несфатливо како тоа се прашува дали да имаат секс или не. Мислам нон сенс ми е да прашам некој друг дали јас да имам секс со некого.
    Едно е да прашаат за сексот, за искуствата на другите..но сосем друго е да бараш одговор дали да имаш односи.
    Зошто не се прашуваат дали и што да ручаат? Сосем е исто. Ако ти се јаде - јадеш. Секој нека си ги разгледа околностите и нека процени.
    Детски е да бараш мислење од некој друг да одлучува за тебе, ако си дете во тој аспект за сам да одлучиш онда си дете за да имаш секс. Оди поиграј со барбики додека да одлучиш сама што сакаш, па после шири нозе. Кој дошол да прашува, се знае дека не треба да прави. После Цацко ќе биде крив, е ќе биде.
     
  13. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    @Madam-A Паа искрено, го сфаќам тоа како страв и несигурност во себе. Прво, страв од тоа да бидат осудувани (доколку навистина сакаат) па прашуваат за да видат како другите ќе реагираат на тоа. Исто така тој феномен што денес е надминат верувам - е дека секост е грев, нешто лошо ако го направам со некој со кој нема да останам, па можеби се плашат да не испаднат дека се лоши. После несигурноста во себе, дали можам да проценам добро, дали тој ме сака навистина (што ние сигурно нема да знаеме, но затоа можеби пишуваат каква им е врската и сето тоа), на некој начин бараат некој вид гаранција од повеќето луѓе дека одлуката е во ред и нема да бидат потоа повредени. И на крај секако ги има и тие од кои верувам дека ти си изреволтирана.
     
    На XMaN и Madam-A им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Не се тие ниту физички, а ниту психички развиени за секс, туку поп културата од нив создава секс робови.
    Нормално е девојчиња да примат од мали нозе кога слушаат Ники Минај, Бијонсе, Рихана, турбо-фолк, целосно исексуализирана музика и серии каде што единствен темел е сексот и ништо повеќе.

    Мојата генерација кога беше 16 години не расневме со интернет и кабловска телевизија. Девојчиња скоро сите се облекуваа како машки, тоа што имавме носевме, но повеќето девојчиња ги гледавме како симпатии, како прва љубов, како бакнеж, како некоја што сакаш да ти подари внимание, насмевка. Денес младите се гледаат само низ призма на секс роботи. Девојките денес се третирани исклучиво како секс работнички. Еднократна употреба и толку.

    Сексот е нормален природен тек во животот, тоа е здраво и природно, но девојче коешто ќе биде сексуално искористено многу потешко ќе го преброди сето тоа отколку возрасна жена. Машките во многу случаи знаат да бидат и злобни, фалбаџии, па таа љубопитност да стане голгота низ која ќе и помине целиот средношколски живот.
     
    На glosipgirl, anina, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со воа, и верувај и и јас сум изреволтирана од начинот на кој денес се третираат не само малите девојки туку сите жени... Но, не можам да се согласам со тебе само за едно, за физичката спремност зошто медицината и сите други науки кои го проучуваат овој феномен јасно укажуваат на тоа менархата денес се почесто се јавува на порана возраст. А од менархата па до созревање на телото т.е на внатрешните полови органи за потомство потребно е околу 1 година. Ова се факти, застрашувачки, но се случуваат. А под прашање е дали начинот на живот влијае овие промени да се случат многу порано. И покрај тоа што денешните теории водат кон тоа дека најглавен виновник се хормоните кои девојчињата вештачки ги примаат преку исхраната најмногу што ги има во месните производи. Со ова НЕ ВЕЛАМ треба да го прифатиме тоа дека порано треба да имаат секс, туку да го прифатиме фактот дека се случуваат промени и да се воведат едукативни програми, сексуално образование, за овие девојки да знаат дека тоа што му се случува (растењето на облини,гради и прва менстурација) не значи дека треба да се впуштат во сексуални искуства туку да научат да се справат со тоа, на најдобар начин за нив.
     
    На XMaN и Hipica им се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    И јас го сфаќам така. Веројатно така е. Да, тие работи се кочници, и тоа автоматски укажува дека не треба да се има секс. Се додека не знаат/ се сомневаат/се плашат/несигурни се, нека си седат мадро. Јас пред да правам такви работи знаев дека сакам да правам и направив, а не прашував по народ. Едноставно е.
    Ако им е гајле за другарките нека одат по нивни памет, ако не им е по свој. Ако толку се љубопитни нека се наситат. Ако бројот на годините им е пресуден нека имаат секс на роденденот. Ама во никој случај не може да се водат по мислења на непознати членови на форум. Сексуалните односи и партнери треба да бидат личен избор.
    А тоа осудувањата и третирањата кои накнадно би можеле да ги заследат се токму производ на тоа што луѓето премногу се замараат што/дали/со кој се прават работи во кревет. Круг.
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.345
    Допаѓања:
    148.270
    Пол:
    Женски
    @Madam-A i @Петре Прличко kazavte se sto se obidov da napisam pogore...potpolno se soglasuvam so stavovite za zrelost - psihicka i fizicka...a dete od 15-16 god.nema ni edna ni druga
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. Кратко и јасно. :bow:
     
    На eloves, okcenzi и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мила7 секој за себе си одговара. Немој да наоѓаш храброст, утеха или било што во тоа " ej моите врснички уште што не прават". Ако си ти подготвена, направи го тоа. Иако јас мислам дека не си, да беше немаше да пишуваш овде. Иако според мене не е во ред, јас имам 16 години и не би, мислам оти сеуште сме деца. Ама како што реков секој за себе си знае. Ти сега си мислиш го сакам, љубов е, тој ме сака едно друго ама по некое време ќе сфатиш дека не било љубов затоа што на 16 години неможе да се знае за љубов. Да не се повторувам погоре феминките и Петре ти објаснија што како па ти сега види си, како мислиш така прави само после да не има кукање и плачење. Се најдобро ти посакувам.
     
    На MagnumXXXL му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Фала ти Eloves и Psychen, за разбраноста.
    Ако некој праша, зошто прашува такви глупости? Ако не праша, зошто бар не прашал....Тоа е тоа, на луѓе никако не се погодува.
    Еве уште еднаш да наглсам имам 17 години без неколку дена, немам 14, 15, неморавте веднаш да осудувте.
    Направивте човек да се искомплексира, како сесксот да е којзнае што. Па ако се разочарам ќе ми се сруши светот. Како никој од вас да не се разочарал во животот. Па сега морам да внимавам за д ане се разочарам од ништо и никого. Камо тоа да беше возможно.
    Камо сите на мои години да бевте толку сигурни во себе, како што пишувате по форумот.
    И камо младите девојки да започнуваа од 17 години со вакви работи, колку-толку ќе беше подобро.
    Ама не денес тоа започнува од 14, 15......ете до таму дојде.
     
    На XMaN и Strumka22 им се допаѓа ова.