^ Само да додадам дека ако љубопитноста е причина за да имате однос, тогаш таа може да биде присутна и со секој нареден човек во твојот живот. Секако, можеш да останеш со сегашниот, но исто можеш и уште 10 да смениш, и со сите тие од љубопитност да имаш секс. Но, мила, верувај од љубов е најубав. И баш поради неа треба сто пати да се запрашаш дали да го направиш со него сега или во иднина со друг. Не гледај кој од кога почнал, тоа дека почнувало од 14-15 години не е за фалење и не е знак дека денешните девојчиња се доволно созреани. Инаку, мораш да внимаваш и да бегаш од секакви разочарувања. За жал, мораме да се однесуваме се` порамнодушно кон сите работи, со цел да се заштитиме себе си. И не е работата кој колку е сигурен, туку во тоа што некој е поискусен и ете на еден ваков начин пробува да ти каже дека подобро е да учиш на другите грешки, а не на своите. Јас искрено не те советувам ништо друго, освен ако сакаш да го направиш тоа да биде САМО зошто го сакаш, имаш доверба во него, те сака, те чува, пази, и не би го менувала за никој. Ти го кажувам ова, зошто јас го направив тоа од љубов и поради тоа никогаш нема да се покаам за истото. А љубопитна бев уште мнооогу одамна
Мила7 а која е разликата дали имаш 14/15 или 17? Ти во секој случај си дете. А сексот не е за деца, ако не се лажам.
Eloves мила, немој да правиш вакви споредби, само тоа не. Многу работи не се за деца, ама ете ги прават. А јас не реков дека веднаш ќе го направам тоа. Крај на муабетот, прашав што прашав, баш ми помогнавте со вашите иритирачки мислења.
Во право се девојките, ако си толку сигурна нема воопшто да прашаш. Мила едиснтвено со тебе се согласувам дека не можат да се избегнат толку лесно разочарувањето и дека не знаеме што може да не разочари, но мора да бидеме спремни на се. "Ако не може да поднесете губиток,немој да имате секс само од љубов...тоа значи дека не сте уште спремни!" Како ќе знаеме дали сме спремни да изгубиме нешто,ако не го искусиме губитокот?
OTE="mila7, post: 2291382, member: 76301"]Eloves мила, немој да правиш вакви споредби, само тоа не. Многу работи не се за деца, ама ете ги прават. А јас не реков дека веднаш ќе го направам тоа. Крај на муабетот, прашав што прашав, баш ми помогнавте со вашите иритирачки мислења.[/QUOTE] Дали ти цел живот ќе донесуваш одлуки врз база на " не се за деца , ама ете ги прават" ? Никогаш немој да се ги правдаш своите дела врз основа на животот на другите , зошто од старт ќе ја утнеш работата , а стартот богами некогаш е многу битен. И ни најмалку не се иритирачки мислењата. Дибивам впечаток дека те иритира тоа што викаат дека си дете, а уствари се правдаш со раните постапки на децата :/
Ако проценуваме според годините, може ќе речеме - мала е. Со оглед на тоа што дискусијава се одвивала пред две недели, сигурно Мила веќе има 17 години. Јас со 17 години веќе бев четврта година средно. Кога ќе си го подвратам филмот, се чувствував потполно сигурна во себе дека, доколку се најдам во (за мене) поволни околности, би го имала првото сексуално искуство (иако тоа не се случи на таа возраст затоа што во оние со кои тогаш сум се плеткала не сум гледала потенцијален сексуален партнер). Кога го прочитав нејзиниот прв пост тука, јас многу пријатно се изненадив. Толку зрело размислува за врските, свесна дека постојат разочарувања во животот, свесна дека не мора да значи дека вистинскиот е оној со кој ќе ја изгубиш невиноста... ми беше мило што читам таков пост од една тинејџерка затоа што имав врснички што на таа возраст беа убедени дека првиот мора да биде и последен, инаку ќе гориш во пеколот. Пишав пост во друга тема за сличен случај. @mila7 внимателно прочитај го вториот дел од мојот пост, затоа што тоа би бил мојот вистински совет. Ќе забележиш дека никаде немам спомнато дека треба да ги прашаш другарките. Како што веќе некој мислам дека ти рече: ТИ и ТОЈ ќе имате секс. Другарките нема да ви бдеат над глава. Таа другарка што одела по бањи со дечкото и што ја носел по свадби.... според мене, рано е од средношколски денови да се оди со дечко на одмори и викенди. Што се однесува до свадбите, тоа за мене е сериозна работа. И ми е смешно кога ги влечат дечковците/девојките по свадби со сите роднини, чиниш печени се за свадба, а уште бараат пари од мама за нови патики.
Hipica, сега го гледам коментарот, и многу се израдував што има некој кој ме свати конечно <33 Инаку јас не сум 4та туку 3та. Досега, и со другарки кога зборам, никој не се согласува.. Сите живеат во некаква бајка, сега ќе помислат некои дека јас не сакам да сум заљубена и се тоа, јас го очекувам најдоброто од дечко ми,како и секоја девојка, ама морам да бидам спремна и на разочарување. Не сакам да летам во облаци и на крај да паднам, и да не знам што ми се случува.....Сите можаат само да пишуват на форумот,без да знаат што се се случува, и дават претпоставки од нивни времиња, ама сепак го ценам тоа, уствари се е толку изменето во реалноста денеска, зошто не го гледаат и другите тоа....не знам. А кога некој ќе го спомне вистинскиот,не сваќам, или пак го замислувам мажот со кој ќе се венчам....па мене и овој дечко ми е вистински, и секој со кој подоцна ќе бидам во врска подолго време, ќе ми биде вистински, инаку зошто да си губам време со некој кој не си го замислувам вистински? Ама можеби ќе се разочарам од него, и ќе сватам не е тоа и тоа, ќе патам некое време и пак ќе продолжам. Аман веќе од таквите размислувања и стериотипи, ете баш од премногу размислувања и анализирања, и од помислата дека само еднаш се сака, и дека после првиот дечко се е залудно, женските повеќе патаат, од ништо друго. Инаку, @Hipica го прочитав твојот пост и многу ми се допадна, мислам дека мн.слично размислуваме. Туку, да ви кажам односите со дечкото се променија на мн.подобро....сега сум многу поопуштена, некако сме повеќе блиски, ушште повеќе го засакав и одлучив дека сакам ова да го направам со него.
Бебо, прво ја сум машко , и сакам да ти кажам реален муабет гледано од машки аспект. Не значи дека ако имаш 17 години дека си дете или дека си незрела, баш напротив... Имам другарки по 16 години физички а ментално имаат по 25 ( постари се од мене, хаха ) И имале и секс, искачаат на места каде што идат стрикно постари од нив и се тоа, јасно ти е што сакам да кажам со овој дел од муабетов. Вториот дел од муабет е дека ако ти имаш природен нагон да имаш секс со дечкоти, што во случајов и самата кажуваш дека имаш , можам да те разбирам какви мисли имаш у главчето. Не си мала за да имаш секс, само треба да знаеш дека невиноста треба да ја изгубиш со машко што го сакаш и што те сака и што знаеш дека те заслужува. Ако он ги има тие предиспозиции, биди слободна да правиш што сакаш! Сексот е убава работа, можам да кажам и најубава што му се случува на човекот. Притоа едуцирај се доволно на оваа тема, имаш видеа на јутуб, имаш книги , имаш пријатели ( прашај ме што те интересира слободно и мене ) ... и штом се едуцираш , а сигурно имаш едукација некаква.... уживај си во животот, моментот и љубовта. Ти посакувам пријатни мигови со љубениот! ))) П.С = осигурај се дали е тој , тој што сакаш да го направиш тоа со него.
Фала ти за мислењето....инаку да го сакам, и верувам дека ме сака...не го мислев ова пред 2 месеци, ама се случи нешто што сосема ми го смени мислењето. Кога го напишав првиот пост, искрено го напишав од тоа да видам како ќе размислуваат и какви совети ќе ми дадат, а јас пак не се предомислив со одлуката дека сакам да ми биде прв. А и го познавам една година и нешто.....па сега ако грешам.... ако ме интересира нешто ќе те прашам
Еве и јас да си го кажам моето па чекам некое мислење од ваша страна. Со дечкоми сме во не многу долга врска од 3 месеци али се знаеме 3 години уназат. Имам целосна доверба во него и го познавам каков е и како дечко и општо како личност. Знам дека е зрела и паметна личност и дека работите ги гледа и ги доживува многу сериозно. Му верувам и го сакам а знам дека и тој ме сака мене и многу пати го има докажано тоа. Сакам да имам секс со него и се чувствувам подготвема за тоа само незнам како може тоа да влијае на моите 16 години. Што мислите дали мојата одлука е правилна? Благодарам однапред
Со самото тоа што поставуваш прашање дали да спиеш со него ти не си спремна. Нема тука години. Некој е спремен на 16 некој на 26.. Тоа си иде одвнатре а не заради некои норми или еве дека другарките спијат со дечковците па морам и јас. Полека имаш време ќе биде и тоа.
Без разлика колку време се знаете,сепак имаш 16 години и мислам дека ти е рано многу за ваков чекор.Немаш потреба да брзаш целиот живот е пред тебе,а ако веќе имаш ептен потреба си има други начини за задоволување.
Со самото тоа што прашуваш тука не си спремна. Нема правилно во вакви работи, како што рече Нена над мене некој е спремен на 16, некој на 26. Неможеме ние да ти кажеме дали ти да имаш секс или не. Секс ќе имате ти и дечко ти, не ние.
Се додека бараш мислење од други верувај не си подготвена. Сепак врската ви е тазе, колку и време пред тоа да си го знаела сепак си го знаела како познаник/другар, а не како дечко. Мое мислење да си почекаш уште малку да видиш како ќе ви се развива врската, сепак 16 години имаш и кратка врска, да не биде после каење, плачки, особено ако ти е прв.
Секоја од вас што сака овде да напише и да праша дали да има одонси со некој, одговорот е НЕ. Ако си сигурна во себе нема да прашуваш овде, ако не си сигурна тогаш не треба ни да имаш однос.
А ова најсериозно прашувате по форуми дали да се се**те иле не?! Зарем и до ова дереџе стигнавте!? Како може вакво прашање да се поставува не ми е воопшто јасно.
Па ова е форум и многу нормално ако некој има прашање, двоумење и било што што неможе да сподели со никој друг дека ке го постави тука.. Јас имам 17 и дечко ми исто. Имавме односи и јас сакам да имаме и се тоа али незнам зашто после тоа иам некако грижа на совест и незнам дали уствари го прават ова седумнаесет годишни или не. Што мислите вие ?
На 17 год. ни под точка разно, деца сте уште, за некое време може др некој ќе ти се допадне. Седи си мирна од љубопитност не прави глупости.
Вака малку ми е и смешно кога читам на 17 никако секс уште сте деца. Денешниве децa уште на 13/14 го прават тоа и веруваjте повеке знаат за сексот од некои возрасни. Ти се срамиш пред него да збориш за тоа, нели дека мало а оно веке све си знае и отворено го кажува тоа. Другарките на сестра ми имаат по 13 год а веке разговараат за големината, за болката, едно па и за секси играчки расправаше. Троа забегав од темата друго сакав да кажам, нема потреба од прашања 'дали да имам секс?' кога го сакаш тоа и кога си спремна за тоа, едноставно го правиш, немаш никакви двоумења. Се дури се прашувате не сте спремни.
На 13 год да ги пратиш ластик да играат, затоа денешницава ко бајаги знае се за секс и со тоа под дефолт спремни се за се што носи сексот со себе, затоа секс ќе се наоѓа секаде, љубов многу ретко. И ни у лудило не ми паѓа на ум да ги поддржувам со примери од овој тип.