1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да имаме односи?

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од Ledena, 19 јануари 2010.

  1. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    Дали да му дадам??

    Не ок секој си има право на свое мислење,само што си ме сфатила може погрешно,и за другите да не ме сфатат погрешно ќе објаснам..Јас сум сигурна дека ме сака и не прашав совет дали ме сака и дали сака да ме искористи,зашто како што кажа тоа никој не го знае освен он..Јас барам совет од вас само дали да бидне или не,ваше мислење..Ти си кажа твое мислење дека не сум спремна,сепак фала ти на советот.. ;) ...Чекам уште совети :)
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Дали да му дадам??

    Имај на ум дека тоа „дај му кога ќе осетиш дека е вистинскиот“ важи само како форумски совет. Не се појавува магична светлина околу неговиот фалус, и нема да ти застане малото ангелче на рамо и да ти шепне дека тој е тој.

    Вистината е, многу девојки никогаш и не биле 100% сигурни, и стравот од губењето на невиноста го преточуваат во страв од тоа да бидат оставени ако не се доволно добри во кревет/љубениот да почне да ги гледа со други очи. Најчесто е параноја, и не е ништо страшно.

    Ама бајки и принцови на бели коњи нема, особено не во кревет. Се` се решава со добар муабет, зошто ако низ глава ти прелетуваат секакви мисли, нема да биде пријатно искуство.
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Дали да му дадам??

    Прашањево ми е самоубиствено по левата ми некубана веѓа.
    Тој нека ти даде.

    Хм, Саја да. Вистинскиот во имагинарниот свет го определуваме сами. Вистинскиот во реалниот свет се чувствува внатре.
     
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Не! Ако се прашувам јас.
    На чекор бев да ја направам истата грешка на мои 17 години, ама не се случи ништо. Одев две години со типот ама не му се предадов иако нашата врска тогаш ми беше многу битна!
    Сега имам друг дечко, со него си имам односи пошто нели 21 ги имам и две години аум во врска со овој. Па кога ќе ми текне на бившиот и на тоа за каква глупост сум размислувала, а не сум ја баправила-горда сум на себе иако нели никогаш не се знае ништо, незнам до кај ќе терам со овој али имав простор и време трезвено да размислам што воопшто јас сакам, па се надевам дека не згрешив!
    Мој совет ти е да не брзаш! Лабаво, за се има време! Нека биде ова доказ за неговата љубов, па види колку и дали ќе чека! Поздрав.
     
  5. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Девојче штом ти кажуваш дека го сакаш и дека си сигурна дека те сака, а и дека си спремна за тој чин мој совет ти е да му "дадеш". 10 месеци си со него не се малку но не се ни многу. А за тоа дека стравуваш да не те остави после тоа незнам што да те советувам.
    Сите сме свесни дека ништо не е трајно. Додека е убаво-нека трае. Пробај, ако се чувствуваш спремна и сигурна.
    И понатаму што и да се случи запомни...
    После е*ење нема каење.
    Не ти посакувам да дојде до тоа само имај си го на ум зошто ти е страв да не те искористи.
    Поздрав :)
     
  6. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Дали да му дадам??

    Извини ама ваквите прашања се лоши и советите се сувишни.

    Само ти кога ќе дојде моментот ќе знаеш што и како да правиш.
    Џабе е размислување сега.
    Ако кога дојде моментот осеќаш дека треба да се препуштиш, дека ќе ти биде убаво и дека дечкото стварно вреди, тогаш направи го.
    Пошто тогаш, во "моментот" советите се последната работа што ќе ти поминува низ главата.

    Што и да ти кажеме е сувишно, само ти знаеш што треба да направиш.
    Иако мислиш дека не знаеш, длабоко во себе го имаш одговорот.
    И ќе го добиеш, сигурна сум во тоа.

    Ова го зборам бидејќи не сте мали.
    За девојчиња на моја возраст, ова не.
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Дали да му дадам??

    Еј lolyta777 не биди толку остра према девојчето. :lol: Ајде бујрум ова ќе биде мојот прв пост иако сум член од поодамна, ама решив да се отворам целосно и да партиципирам на овој форум со цел да давам совети за женскиот пол затоа што се сметам компетентен бидејќи сум машко. :rofl: Исто така се надевам ќе освојам некоја цура со стилот и начинот на размислување, па ако има некоја нека ми се јави хаха. ОК доволно е офтопик, let's cut the crap and get to the point.

    Секогаш е покомплицирано околу секс кога се женски во прашање, посебно кога им е првпат и се двоумат дали така лесно да си ја “дадат“ невиноста. Мислам дека тоа треба да се случи во вистинско време со вистинска личност, а да бидеме реални доста тешко е да се случат и двете. 10 месеци сте заедно тоа е солиден период ама од тоа што го читам ми се чини дека не си некако најсигурна дали е време да се предадеш на задоволствата хехе. Велиш дека го сакаш и дека и он те сака тебе, ама гледам мала доза несигурност во љубовта, дефинитивно се колебаш. Затоа мојот совет би бил не избрзувај, невиноста ја имаш само еднаш во животот и ако ја даваш дај ја на некого кој многу ќе ти значи и кога ти сама ќе посакаш и ќе се почувствуваш спремна. А башка имаш само и 16 години еве 17 велиш ќе полниш така што доста си млада за тие ствари, иако границите сега се многу поместени, па и девојчиња на 14-15 години се веќе “скинати“. Ја на 17 години појма немав од љубов, бев факинг џрк, ама затоа во мојата 19та година од животот осетив што е права љубов, прав секс итн. да не одам во детаљи што и како. :) Значи, прилично “доцна“ ја вкусив љубовта, ама кога е зрела, тогаш е најслатка. :) Тоа е тоа Слатко-Мало, размисли што и како ќе правиш, а бидејќи си женско следи го своето срце и инстинкти. ;)
     
    На lolyta777, SparkyAngel и donna.17 им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    ^^^ :D :D Не сум јас остра.... реална, друже, реална :!:
    Reality bites ;)
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Дали да му дадам??

    Токму така ти си го кажа одговорот на реален и суров начин... ама јас се обидов на понежен, подетски начин да објаснам. :D Ајде ќе те респектирам дека си постара и повеќе имаш поминато па имаш право на остар и прекорувачки одговор како што ми се чинеше дека беше. :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Не секогаш срцето и инстинктите се пресудни да се донесе правилната одлука....разумот е тој кој влијае и те како и знае да ти ги помати баш чувствата и инстинктите.
    Затоа и реков дека девојката не е спремна, очигледно е дека се двоуми и и` треба поттик да го направи ТОА.
    Не прекорував, не бев сурова, можеби груба, не велам не....само сакав да бидам разумот ;) :)
     
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Дали да му дадам??

    Би било добро разумот секогаш да влијае и да победува над срцето и инстинктите, ама не секогаш е така. А што беше со она “само следи го срцето и се ќе биде ок“. :D Правиме сите грешки факт е тоа затоа да го оставиме девојчето само да одлучи дали ќе си даде или не. :) Што и да биде, ќе биде голем пресврт во нејзиниот живот, посебно ако премине на виновната страна. :)
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Тоа останува во бајките и во приказните за принцовите на бели коњи :D
    Која виновна страна? :^)
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Дали да му дадам??

    Капирај lolyta777 нели има невина и виновна страна ако одиме по логиката на нештата. Таа е на невината страна. :) Малку се поиграв со зборовите не замерувај, а и не ми е намера да се потсмевам само така сакам да се шалам. ;)
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Скапирав ја, скапирав .... :!:
    И ова моево е шала.
    Иако да признаам оваа твоја игра на зборови баш и не ми е по ќеиф :wasntme: , ама не замерувам ;), расположена сум за дискусија ама одиме офф топик :D, има други теми за дискусија за класификацијата на нас виновниците и невиновниците, може таму ќе се сретнеме :)
     
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Дали да му дадам??

    Да не забегуваме премногу оф топик се согласувам, ама мора да кажам дека оваа тема ми е малку несоодветна, но добро ајде дека ја отвара помлад член прифатливо е. Мислам какво прашање е “Дали да му дадам?“ хаха смешно е малку на прв поглед, од кај да знаеме дали да му даде или не. Секој би требало да си знае за себе, не знам колку друг може да даде најдобар одговор, мислам дека никој не може. Секој со своите одлуки и последици...
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Дали да му дадам??

    М? :^)
    Ами те сака али не те сака?
    Сигурна си али не си во него?
    Нејсе..

    Дај му ма. Шо се мислиш толку ко да ќе се решава судбината на Македонија со фактот дали твојот јумфер е здрав или скинат.
    Кажуваш дека ти е убаво, ти прави кејф не знам што е проблемот. Како и да е, еден ден ќе мора да идеш курбан. Уствари не мора, ама ако чекаш до 50 год. рецимо не знам колку ќе се возбудуваш тогаш и ќе мора да бидеш препуштена на некој потенцијален МИЛФ хантер :D

    Сексот е нормална работа.
    Мене ми е смешна помислата дека навистина постојат очекувања првиот да биде последен. :o Малку ми е и очајно тоа.
    Замисли типов навикнат на комунистички секс,згрофтано весла над тебе три минути а врв му е животинскиот крик и монголидната фаца додека се ослободува од глутницата мали бели бељаџии :D
    Абре ајде...и да го трпиш цел живот у кревет? Ноу тенкс, журим :D

    Така да, дај си шанса да истражуваш во сексот, дај си шанса себе си да бидеш благословена со оргазми и воопшто да не се устручаваш ;)
    Се во граници на нормалата. Како ќе си дефинираш твојата нормала, тоа веќе е лично твоја работа. ;)

    И кога ќе го доживееш првиот оргазам вресни еднаш онака...ГАД БЛЕС ГЕОРГИНА! :D
    За атер за муабетов де 8)
     
  17. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Дали да му дадам??


    Девојко , зошто не прашуваш нас кога очигледно е дека не си сигурна што сакаш , а самото тоа говори дека не си се уште спремна за односи ... Треба да го правиш она кое ќе направи ти да се чувствуваш убаво , но не само тоа , туку треба да гледаш и што е најпогодно за тебе , не само моменталното задоволство . Се гледа дека немаш доверба во него , а ако си со убедувања дека сакаш првиот пат да ти биде со некого со кого ќе бидеш во цврста врска , а не си сигурна дека сегашната врска ти е таква , тогаш едноставно не давај му ( да се изразам во твој стил ) ... И навистина насловот не ти е баш на место , има еден куп слични теми , но добро ... Само се надевам дека не си една од оние девојчиња кои сакаат да изгубат невиност само затоа што голем дел од врсничките кои ти се во опкружување масовно го прават тоа , или пак една од оние на кои дечкото им врши притисок ... Правилна одлука треба да донесеш самата користејќи го разумот покрај срцето и сексуалната желба ... Поздрав и секое добро
     
  18. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Дали да му дадам??

    Кратко и јасно!!! Ако си спремна и ако мислиш дека го сакаш тогаш бракај слободно!!! Не е толку сташно ;)
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Дали да му дадам??

    Прашањево е само за на форум Дали да му дадам?? |( Извинете ама кога го видов прашањево прво се збунив,па се насмеав.Како бе така прашувате дали да му дадам?И ние ќе пишеме дај му и што?Тоа е твој избор,твоја интимна работа,твои чувства,твој дечко,твоја врска твоја одлука.Е многу ми се чудни,да неречам детски вакви прашања.Со самото тоа што си го поставила прашањево на форумов си го знаеш одговорот.
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дали да му дадам??

    Не знам како очекуваш точно тука да добиеш совет за овој "проблем"... Тоа е само и само ТВОЈА одлука. Од каде па ние да знаеме дали ти си спремна и дали сакаш да го направиш тоа, ти треба самата да си свесна.
    Од друга страна, и да решиш да имате секс, не верувам дека ќе ти биде лошо, нормално ако си опуштена максимално, и не се оптеретуваш со вакви глупости. Сексот е потреба, уживање, нормална работа. Не гледам некола голема причина за размислување. Сепак ти си знаеш најдобро.
    А во тие приказни за вистинскиот, и за принцот на бел коњ, веќе одамна никој не верува. ;)