ако е вистина дека имаш 16 години, ти е прерано да имаш односи иако одите 9 месеци, сеуште си мала и врската не ти е стабилна шо ја имаш на 16год., инаку боли многу првиот пат, и ако веќе решиш да имаш односи да се чувате и двајцата и да знаете се што треба во врска со сексот, но сепак би ти рекла да почекаш сеуште си мала за такво искуство
Прво и прво треба да се чувствуваш доволно подготвена за тоа. Да знаеш дека тој е тој со кого треба да го направиш, и да седнеш потоа убаво да се информираш околу тоа. Околу последиците, дури и оние несаканите (што не мора секогаш да се бременост, него и некоја друга болест полово пренесена), да видиш дали си доволно подготвена не само за тој чин, туку и да се сносиш со истиот чин (не дека сега сум старомодна и те плашам, ама сепак тоа е работа за која треба да си малце поодговорна, повнимателна, сепак се работи за тебе и за твоето тело). Ако сметаш дека си подготвена за тоа тогаш ќе го направиш. А ако има барем една пречка, дури и најситната не си подготвена. Тоа ќе си дојде само по себе кога треба. Поздрав и се најубаво.
Јас мислам дека не треба според годините да се определуваш (ова не значи дека на 14 годишни треба да имаат односи), и ако ти се чувствуваш спремна, во смисла дека многу сакаш да го направиш тоа,тогаш зошто да не Ма да како што гледам по тоа што си напишала, чим нешто те кочи, тогаш НЕ си спремна Пробајте ако сакаш, види колку ќе можеш да се опуштиш (бидејќи во спротивно,ако си стегната,многу ќе те боли!).. па ако неможете сега, тогаш понатаму кога навистина нема да се двоумиш околу тоа дали сакаш или не
ств незнам шо има врска сеа ств на 14 не е убаво или 15 ама ја сум скоро 17 години и се осекам подготвена само кога и да сме дошле до тој момент не ми било згодно поради местото зашо никад не сме биле на кревет или слично ете затоа секогаш престанувам.. незнам кажете ми што да правам??
Кога веќе се чуствуваш подготвена не би требало тоа да те кочи каде се најдуваш......сигурно си подготвена? Да не си бараш изговор со ова што местото не ти е погодено ......инаку не е битно местото и онака првите неколку пати нема да биде нешто посебно(барем кај мене беше така) за потполна уживанција треба пракса
Ете ти го одговорот. Ма и последна да си му ништо нема да те заштити повеќе од своето знаење. Прочитај низ темиве на форумов, не дај боже, за 3 месеца да се вратиш тука и да прашуваш за апче за ден потоа или да бараш совет како да излечиш кандида без да дознае мајка ти. А тоа што тој не е искусен, а претпоставувам и мал како тебе, дополнително може да ги влоши работите. Ти незнаеш, он незнае, белја у секој случај. Па после на форумов ќе има мислења од типот на-сврши ама не целосно, не сум имала односи, ама да не сум бремена...и тако далје. И да, многу си голема, скоро 17...ама ај, не е битна да речеме таа тема. Наместо да бараш низ интернет како да си ја олесниш болката при првиот пат, а нема таков начин секако ќе боли, а тоа што и ти си му на нему прва, значи нема да знае што да прави па може и подолго да трае, наместо да го убрза процесот, побарај за тоа што ќе му се случува на твоето тело откако ќе станеш сексуално активна. Откако ќе се информираш на таа тема (ова за твое добро ти го кажувам, зашто многу е грдо кога не си свесен што може да те очекува потоа, па те фаќаат паники), врати се на темава и прашај што точно сакаш да знаеш за првиот пат.
Пробај ако не те кочи ништо дури си со него ако си скрос опуштена продолжи со тоа ако не едноставно одкажи се , тоа ќе ти биде знак дека не си подготвена, а не да се форсираш да бидеш бидејќи така треба да е, треба да си со некој и да знаеш дека ќе бидиш, да си спремна за се тоа што носи, да се чувате, КОНДОМ ОБАВЕЗНО ! иако можеби нема да сака дечко ти, а доколку не се чувстуваш спремна, остави да помини време, со самото почнување на чинот ќе сватиш што сакаш поздрав
Ako ti ne se chuvstvuvash spremna,nemoj da go pravish toa. nemoj da pravish neshto za koe podocna ke se kaesh
АКо мислиш дека тој е оној кој може да те опушти , да не го сфаќаш тоа толку трагично и страшно , ако си сигурна во него , ако го сакаш ...направи го, но нема каење . Ако еднаш пробаш уште 100 пати ке пробаш.... Ч)
Секс Девојки помош ве молаааам!! 15годишна сум и имам дечко. Тој има 17. Во врска сме 4 месеци... Пред некој ден се видовме..и тој ми побара До сега не сум имала секс.Го одбив и му реков дека не сум спремна. Стварно го сакам најмногу, незнам што да правам. Зборев со другарки и ми рекоа да не брзам,мала сум и дека има време..:// А сега во август може ке одиме на одмор..така да.. Ве молам помогнете ми Многу ми е страв, незнам како идат тие работи..што треба да правам?? Ќе може ли да ми дадете некојј советт?„
Секс Убаво ти рекле другарките, послушај ги, мала си, страв ти е, и има време....после ќе ни пишуваш во темата дали сум бремена. Колку си доволно сексуално образована, или мислиш така е тоа...легни, рашири нозе, завршете си работа и после лупај си ја главата...леле како ќе и` кажам на мајка ми, ми доцни 2 дена Каде брзате толку, навистина не ми е јасно ...и мислиш ли дека со твоите 15 год. и неговите 17 год. време на луди хормони вистински, искрено и длабоко се сакате и ќе си живеете среќно до крајот на животот. Ако можеш избегни го одморот. И ова сфати го како мајчинско карање, а не како исмејување.
Секс На 15год одиш на одмор со дечко ти знае мајка ти или татко ти ?!?! Што сакаш прави само не шири нозе Прочитај некоја литература за да ти се разјасни Млатни го по глава со мокра чорапа
Штом фаќате дечковци па и одмор заеднички на 15 год. тогаш ако не овој месец, другиот, после 5 ќе му дадеш, нема бегање Да можам со закон би забранила на овие години да се влечкате со дечковци кои ги сфаќате озбилно...Што фали на дружењето, симпатии, необавезно мување, крадење на понекој бакнеж, црвени образи...Секс бре Мала си, немој да си играш тетки предвреме...
Дај му, лесно идат тие работи што се секираш. За месец време те чекаме да пишеш во темата "Дали сум бремена" и ќе бараш совет пак, али без гајле, и таму ќе ти пише некој. Мислам, според напишаново ти готово решена си да му дадеш, така? Заљубена си, тој е "вистинскиот" и готово. Ти побарал и не знаеш НЕ да кажеш, можеби "принцот" ќе се налути и ќе те остави зошто не го сакаш доволно а? Не знам каков совет ти е потребен? Што да правиш? Па рашири нозе и завршена работа. Лесно, полесно здравје. Да си мое дете на одмор нема да одиш сама, а не па со дечко.
Еве еден општ одговор за сите на темава. Ако дојдете до овде, да поставите овде прашање на оваа тема, значи не сте сигурни во себе, а штом не сте сигурни во себе, нема зошто да се притискате да започнете со односи. И ако себеси си дозволите неколку гласови овде за или против, да одлучат наместо вас за оваа работа, незнам како ќе успеете другите одлуки во животот да ги носите. И еден апел до сите мајки на тинејџери да се активираат на форумов, за да можат да им помогнат на своите девојчиња да се едуцираат на време и да не прават грешки премногу рано, а на своите момчиња да ги преусмерат кон спорт или други активности за да си ги смират колку толку хормоните.
немој да се брзаш воопшто. сега се ти е рамно и мислиш дека е тој вистинскиот ама размисли имаш 15 години врска како врска утре другиден ќе ти се бендисува друг ќе се скараш. ќе легнеш и со него па со друг и така натаму така? дали воопшто тој вистинскиот твој вреди да добие нешто толку вредно? пробај речи му не сакам чекај ме ќе видиш дали вреди ќе си ја каже сам цената
Според мене малку е рано .Коа година си 1 ва ?И во прва година за секс да размислуваш?Нз а и пак 4 месеци сте заедно е многу малку време за ти да знаеш каков е тој вистински.Немојј почекај уште малку.И моја препорака не оди на одмор со него (бидејќи ако одиш се знае што ке се случи).