1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да му верувам и да се впуштам во врска?

Дискусија во 'Канта' започната од butterfly.mk, 2 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Вака ... животот не ме галел воопшто , сум имала 2 ,,сериозни'' врски , или бар така мислев ... :tmi:
    Втората ми беше катастрофа , прво зошто моите не се согласуваа , а како второ последната година прерасна во физичко малтретирање. Веќе година и половина , сум сама , и одбивам машки. Меѓутоа се појави момче кое е малку помал од мене (месеци се во прашање :!: ) , колку толку ми ја знае сторијата , 2 месеци ме убедува да пробаме ... имам доверба во него , за прв пат по долго време , ама не можам да сум во врска ме гуши , тој не сака мување сака само сериозна врска со мене , зашто според него , вредам многу за да губи време со мене. Имам скоро 24 години, а колку човек на негова возраст е спремен за сериозна врска е големо прашање.

    Се двоумам дали да му верувам, и да пробам со него ? :worried:
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Самата рече дека имаш доверба во него.
    Пробај, нема што да изгубиш.
    Од каде знаеш, можеби тој е вистинскиот и ќе имаш среќа со него.
    Не значи досега ако не ти успевале врските и дека оваа нема да успее.
    Зарем цел живот ќе останеш сама стравувајки од неуспешните врски?
    Среќно :) .
     
    На srcekrsacka и Massimo им се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    И јас тоа мислев ... само некогаш ете само од себе ме фаќа страв .

    Ама секако ќе го послушам твојот совет ... сепак храбрите успеваат.
     
  4. Massimo

    Massimo Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    11
    Прво не знам зошто ги мешаш претходните врски, сфатете женски секоја е различна и посебна и освен ако не останале чуства од нив по правило уопште не би требало да се поврзани со новите. Нема зошто да се почнува со мислења дека ќе завршат исто. Второ велиш дека имаш доверба во него ама не ти е до озбилна врска која ќе те гуши. Врската со некој шо го сакаш е пред се задоволство, ама ако стравуваш од притисок или можна постојана контрола од негова страна, тогаш заедно можете да постигнете компромис во врска со ова. И трето кое е апсолуден парадокс е машката (не)сериозност која ја поврувате со годините. Машките и тоа како можат да ја сфатат сериозно врската со женската која значи и знаат да се трудат истата да биде успешна. Така да на крај зависи од тебе, ама мислам дека треба да се опуштиш, и да си дадеш шанса.
     
    На srcekrsacka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па ти ако не чувствуваш дека треба да му веруваш не знам како може ние, форум ликови, што никогаш во животот не си не видела ниту сретнала, да ти кажеме дали да му веруваш. И ти истото да го послушаш патем.

    Ако животот не те галел претпоставувам дека до сега си набилдала искуство еден тон и можеш да препознаеш и самата кому да веруваш а кому не. После се, пробај, ништо нема да ти се случи од пробување. Ако не иде, ќе ставиш крај.
    Не можеш да веруваш на никого и не можеш однапред да процениш никого, до сега тоа си требала да научиш кога толку ти биле катастрофа претходните врски. Може делувам грубо ама па не сфаќам како може да прашувате на форум за вакви работи.
     
  6. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Целосно имаш право , не си груба , знам дека проблемот е во мене , и самата се плашам од нови врски , барав совет во смисла на тоа , не за Вие да одлучите , туку дали вреди да проба. Очигледно вреди пошо знам проблемот е во мене.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Немаш што да изгубиш. Веќе си изгорена, можеш само да добиеш нешто, да си ја вратиш вербата во врските. Тој што пробува и добива. На крај краева, се е подобро од што ако, што ако беше ова, што ако беше она... Тоа јаде од внатре.
     
    На srcekrsacka и Massimo им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    бидејќи и јас бев во иста ситуација како тебе пред месец и пол и му даов шанса, ке те посоветувам, да се муваш некое време со него, бидејќи дури добро не го запознаеш не треба да започнуваш врска, еве му давдов шанса и врската ние се состои во карање, многу негови маани излегоа на виелина, по еден месец а некои и порано, затоа те молам размисли и не брзај, не е до него и до довербата, до неговите маани и добри страни е, никогаш не знаеш како може да те изненади.
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Заборави го минатото и претходните две врски. Тие се зад тебе и завршиле затоа што ТИ заслужуваш подобро. Ако сакаш да си среќна и да уживаш во љубовта, дај му шанса. Немаш што да изгубиш. Ако не си успеала 2 пати, не значи дека и сега нема да успееш. Се додека мислеш негативно, не веруваш во себе, имаш страв, нема да успееш. Можеби ТОЈ е вистинскиот. Ако не пробаш, никогаш нема да знаеш. :)
     
  10. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    многу е тешко по сето минато да веруваш некому , вреди да се обидам ... бар така мислаm .
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Во денешно време тешко е да веруваш било кому :) Но, барем искуството ќе те натера да имаш резерва. Ако ти се допаѓа навистина,ако има пеперутки коилеткаат наоколу и ако тој е добар и нежен кон тебе, впушти се, подобро него да жалиш што ќе беше ако беше :) И немој секогаш минатото да го ставаш во прв план, зашто тоа поминало, гледај ја иднината која ќе биде убава. Љубовта вака или онака е болна, но сепак, ти веќе го познаваш барем малце, имаш основен впечаток за тоа каква личност е. Никој не гарантира дека е совршен, такви нема, но со сигурност е добар, многу добар и можеби е тој оној вистинскиот :) Па со среќа :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Пробај никогаш не можеш да знаеш што те чека во животот ако не пробаш. Мислам дека добро ќе ти дојде промена :*
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.282
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш се држам до правилото дека ништо не е со гаранција,Те разбирам одлично,и јас поминав еден таков период кога партнерот не изневери,и после тоа не верував на машко.Се повлеков,страдав и се измачував извесно време .После тоа сретнав една личност која вредеше да се проба,и пробав,но во врската не ни одеше затоа што јас не можев да му ја возвратам љубовта.
    Значи,со оглед на тоа дека си била многу повредена,внимавај многу со изборот.Најдобро дај му шанса на тоа момче,запознај го подобро,нема да изгубиш ништо.И не вложувај однапред многу очекувања,па да се разочараш.Направи баланс на работите,ќе се појави и вистинскиот за тебе,ти треба само да го препознаеш,пеперутке :hai:
     
    На bubili61 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ахх бе пеперутче пеперутче..
    најдобро е да се зближите малку здружете се запознајте се поубаво ако мислиш дека можеш дај му шанса :)
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мојот совет е прво да се запознаете подобро, знам колку е тешко да се верува некому, но дај му шанса. Не се сите исти, нормално. Еденоставно не мисли на минатото, колку и да било лошо, поминало. Само гледај напред. Од каде знаеш, може сето тоа да прерасне во прекрасна врска. Мораш да пробаш за да дознаеш.
     
  16. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    веќе му дадов шанса , баш вчера на Божик ... тешко е да го опишам изразот на неговото лице ... толку среќен :inlove:
     
  17. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    А ти како се чувстуваш? :inlove: вака или сосем ти е сеедно?
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.801
    Пол:
    Женски
    Не ти го разбирам баш овој дел колку човек на негова возраст е спремен за сериозна врска а предходно кажа дека има речиси 24 години ( бидејќи нели тука некаде сте со годините )?

    Бидејќи кажа дека си му дала шанса да сте заедно сега остави да се одвиваат работите сами не се напнувај со тоа што ке биде понатаму, имаш доверба во него уживај додека можеш па ке видиш самата што понатаму
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Не го разбирам прашањето ,,па колку може да биде сериозен на 24 години,, , тука не се согласувам некои на таа возраст имаат деца и се сочуваат со многу сериозни проблеми во животот, но има некој и на 40години, а да не е созреан и да е зелен во паметот. Мој совет ти е да се обидеш со дечкото, млада си нема цел живот да се затвараш во себе и да бидеш сама пробај може те очекуваат убави и незаборавни моменети, но не ги мешај пропаднатите и неуспешни врски кои си ги имала до сега тие се минато и заборави на нив продолжи да го живееш животот убаво и без лошите спомени од минатото, но знам кој се изгорел на млекотот и на маќеницата дува. Бидејќи прашањето ти е дали да му верувам, мислам дека довербата се стекнува со тек на време не одеднаш ако не пробаш нема да знаеш. Обиди се и среќно!
     
  20. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Он ја знае ситуацијата како ми била , и реагира подобро одколку што се надевав. Ми рече од сега натака никој нема да те повреди .

    А јас се осеќам ... не знам ... како на 7-мо небо :$
     
    На gwen му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.