1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да му простам?

Дискусија во 'Канта' започната од palavata, 27 март 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Здраво драги феминки.
    Имав дечко од страна, и со него одев веќе 3 години, тој доагаше спиеше кај мене (заедно спиевме), исто и јас кај него. Мојте го прифатија како свој, и неговите ме прифатија ко нивна исто. Исто така 2 години по ред заедно на одмор бевме, и се гледавме нонстоп, една недела ке дојде тој кај мене на 2-3 дена, другата јас кај него. Меѓуто проблемот е што е многу тврдоглав, и се однесува незрело, а плус и е премногу љубоморен. Вчера конечно му раскинав, а тој упорно ме бара. И звонеше на мајка ми на татко, да ги убеди да ме нетераат да му простам, ми се јавуваше и мајка му ...
    Сега за причината поради која раскинавме:
    Се започна во петокот. Кај мене дојде една братучетка, да си поседиме, и вечерта околу 10 саатот ми се расипа звучникот на телефонот. Тој ми звонеше неможеше да се слушнеме, и ми пиша да ги ставамс лушалките, а јас неможев да ги најдам, потоа ми рече да земам од татко ми телефон, бидејки тој има повеќе вишок, но татко ми не ми даде, и јас му реков дека ке си легнам да спијам. Тој се налути бидејки помислил дека со братучетка ми ке одам некаде со некој да се видам. Зборувавме во саботата по телефон, тој во 9 вечерта со колата тргна помина некој 100 км да дојде да ми се извини, јас на некој начин малку попуштив, но му реков дека веќе нема да биде ништо исто. Во неделата, бев на работа до 4 саатот, потоа дојдов дома, и ми јавија дека треба да одам пак од 7 до 10 вечерта. Тој едвај чекаше да му се јавам, а јас несакав, ми звонеше ми звонеше, јас околу 11 саатот му се јавив му реков дека јадам во град, и потоа не му кревав. Се јавил дома кај сестра ми, да праша дали сум дошла, таа му рекла дека спијам, и тој си помислил дека лажам нешто (а сестра ми мислила дека сум излегла некаде и да ме скрие не знаеше дека сум на работа). Тој од тука се јавил на татко ми (кој беше на работа) да го праша каде сум, и тој му рекол дека ваљда спијам, а дечкото му рекол епа јави се и види дали е дома па кажи ми. Од тука татко ми се јавил на мајка ми, лом ја направил, и ми се јави на мене, и уште што не ми кажа. Дечкото толку што сакал да ме види, во 12 саатот вечерта, пак појде со колата 100 км да дојде да ме види, скоро дојде, јас му се раздрав во нервозата дека нејкам да го видам и да се врати назад.
    Вчера дечко ми (бивши веќе) толку што неможеше да се помири со фактот дека сум му раскинала (после неколку часови молење по телефон), дома доживеал мал срцев удар, во болница едвај го повратиле, ме молеше и од таму да му простам, и мајка му ми зборуваше....Еве денеска цел ден ми звони нејкам да му кренам од инат. Инаку во живот никодаш ме нема излажано, нити изневерено. Така да барам ваше мислење дали да му простам?
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    дали да му простам?

    Мислам дека не треба да му простиш. Јас би го оставила да умре во болница. Страшно е тоа што ти го направил (???), дефинитивно не те заслужува. Продолжи си напред. Мислам втф, што сака он, у секое време да му креваш тел, што ако си у вц?
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    дали да му простам?

    Дечко ти треба под итно да се ослободи од тебе и да си најде подобра, не заслужуваш таков тип ни 5%. Не му се смирувај ќе го зезнеш да остане со тебе и еден ден да се кае :) .

    Инаку кога е веќе за незрело понашање понезрело од твоево амин, ем лажеш ем го фарбаш, ем му тераш инат од ќеиф, ем не си му се јавила кога му било лошо, па јас да сум досега 100% ќе те откачев, чудо како те трпел :D.

    Нема лутење, само си кажав како изгледа во туѓи очи ;)
     
    На fallenangel, AlanisM, WildCherry и 2 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ова ти озбилно? Seriously? Па ти не го ни сакаш, тоа барем е јасно. Да оди во болница, тебе ич да не ти е гајле. Според постов така изгледа. Направи му услуга и не му се јавувај никогаш. Најдоброто што можеш да го направиш за него.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    уште упорно ми звони, ми вика да му простам, неможел да ги преболи 3те години, и дека ке се смени (а и овие 3 дена сменет е многу мислам) ми пишува да се смириме, и да сум направила нешто во недела ке ми опростел, дури и ке ме запросел само да му простам (има 22 години јас сум 20)
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дечкото возел двапати по 100км да се извини и ти него треба да му простуваш??
    Тоа што крева узбуна и те бара на сто места не ми се свиѓа, ама и тебе навистина не те разбрав зашто не си му кревала или демек дека си ти зафатена и недостапна женска?!
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Што бе ќе се сменил??Што да смени?Ај немој да бидеш толку себична и нефер,се инатиш за глупости и немаш ни трошка жал ни љубов да ти кажам искрено.
    Мене твоето однесување ми е тотално незрело!
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ми мириса на тролче некое загубено меѓу форумот...

    А ако е вистина... Не Он тебе да не те заслужува, ами ТИ него НЕ го заслужуваш ... :!:
     
  9. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    можеби ова не е за кажување, но ајде ке пишам, ко прво не сум го инзневерила никогаш, можеби само сум го лажела, и еднашка останував бремена од него, тој ми викаже , како кажам така ке биде, или ке го чуваме или потешката опција (меѓутоа уште бевме млади тогаш пред 2 години), и се засекирал вчера и најкриво ми е што кажал на мајка ми за тоа, и рекол да не ми кажува, али она да ми рекла да сум идела на доктор да се преиспитам, нем да неможам во иднина деца да имам, и уште ја замара и мајка ми и татко ми, а јас уште го сакам мислам...

    ама неговото е уште по незрело, на мајка таква работа не се кажува па што и да е, плус да љубомори за се и сешто, значи постои љубов мегу двајцата, можеби кај него 100 пати поголема, и знам дека е спремен звездите да ги симне за мене, ама незнам како да го преболам тоа, што ми направи збрка во цело семејство, да се кренат сите на нозе, се испокараа....

    иако тој се извини, и на татко ми и на мајками, незнам дали да му простам за тоа, дали вреди таа љубов, дали вие би простиле нешто вакво?


    Модератор
    : Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копето редактирај.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Вака читајќи ми стана жал за дечкото, искрено.
    Сепак твој избор е дали ќе му простиш. Како чувствуваш, така направи. И јас ќе ти кажам дека според мене незрело се однесуваш. Тој веќе ти докажал дека те сака, ти си таа што се правела недостапна.
    Разговарајте, кажете си јасно што ви пречи, кај секој од вас. Мислам дека може да се среди.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Повеќето велат дека ти си таа која се однесува незрело и го жалат дечково. За мене пак и двајцата сте исти. Овој дечково и најмалце не ми делува зрел кога може да врти по милиони телефони за да дознае каде си. Ако нешто ме нервира тоа е кога во врската се вплеткуваат мајки, татковци, баби, дедовци и цела редица комшии. И што мајка бара тој да и кажува на мајка ти за абортусот! Тоа е страшно чувствутелно прашање кое не е играчка, особено не за родителите, иако за вас некако гледам дека е. Друго јас не сваќам каде е овде проблемот со простувањето. Од страна гледано ти дечково не го сакаш, треба да си седнете и направете нормален зрел човечки мубет и да му објасниш дека не сакаш да си со него повеќе. А тој пак треба да си помири со тој факт, и да престане да плаче по сите по ред. Сите сме имале неуспешни врски, некои и бракови, 3 години не се малку, ама времето лета, наскоро ќе бидат 10 а не верувам дека вие ќе мрднете од оваа точка, барем не со ова однесување.
     
  12. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    последниот пат кога се јави, и звонеше на мајка ми, сакал да ми приготви изненадување, нешто лимузина спомна сакал да изнајми, и огномет нешто, не разбрав ни јас. Потоа му се јавив, му реков да не ме замара ке го пријавам во полиција, и несакам никакви изненадувања, и му реков дека друг дечко после него несакам, а мислам дека уште го сакам, и незнам дали тој сега веќе бара друга или не, а незнам ни дали да му звонам веќе , а тој дефинитивно веќе не ми звони, последната порака му беше дека веќе нема да ме замара, ако ми текне на него, да се обидам да го барам пак...
    пс. а за тоа абортусот малку претерав, еднашка беше и тоа кога имав 17 години, вториот пат пиев од тие апчињата НОРВЕО ли беа нз се беше скинал кондомот....
     
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас мислам дека не треба да го бараш повеке, вие сте тотално различни, оган и вода. како што сватив ти си ладнокрвна, не сакаш кревање прашина, а тој е спротивно од тебе, премногу се замара и се си става на срце, не сте еден за друг дефинитвно, оди си по твојот пат тој по неговиот. Можеби јас сум наивна, и добра, но некој да доаѓа за мене 100км да вози за да види каде сум, и да ме бара кај моите, и толку се замара па дури и во болница да заврши, јас нема ни да мислам дали да му простам или не, право во болница да видам што му е како му е, а ти кога си му била најпотребна те немало, е извини ама ти си без чуства. Да те изневерува и да се скарате ај ок е, ама за вакви глупости да се караш со дечкото, и да се правиш некоа паметна, е не си во право. Според мене не заслужило тоа дете девојка како тебе. :devil:
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Девојче јас никако не разбирам. Велиш го сакаш (или мислиш дека го сакаш) а не му одговараш на повици или му викаш да не те замара а од друга страна уште сега размислуваш дали бара друга.
    Или не се замарај ич или ако ти е до него и до вас не го мачи.
    Ти го откачуваш, што те интересира дали бара друга? Одлучи се што сакаш, не донесувај одлуки поради кои можеш да зажалиш.
     
  15. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    незнам зошто сите против мене одите, сепак јас бев таа која живеев во стравови, спиев со телефонот во рака, и се тресев да не ми звони а јас да не се јавам, иако можеби само така си мислев дека ке ми се налути, не е некој глуп студира информатика 3та година, и е меѓу најдобрите, можеби и најдобар студент, не по успех, туку по тоа што го знае, бидејки сите професори го ценат и му префрлаат зошто сепак оцените му се 6ки и 7мици, а јас немам ни факултет, и средно со 3 години имам, во неговиот град запишав 4та година да земам, ми помагаат неговите роднини таму во школото пола му се роднини, а и татко му ми вети дека ке ме финансиа и за факултет кога ке завршам ако сум со него. Али сепак не е се во парите, а он е и симпатичен плус, али за вакви работи многу зелено размислува, ја скара мајка ми со сестра и, татко ми со мајка ми лом се направија (иако се оставени), баба ми дедоми исто се потресоа, го замараше татко ми, да зборува со мене да се смириме, на братучедки на мајка ми звонеше да зборуват со мене, факт е дека ме сака, ама јас не сум сигурна дали ке ми прости сега тој ако го побарам пак, иако ми рече дека нема да бара друга ако јас не барам, а јас не му ни вратив, го исклучив телефонскио број, земав нов... а мислам дека и покрај се, пак ке ме бара, и ке направи некое огромно изненадување за да му простам, а незнам како јас ке реагирам :worried: После овие неколку дена цела сум во конфузија, збунета збркана, нервозна, а највеќе за тоа што и кажал на мајка ми, што беше сепак мегу нас, ма да од една страна и го оправдувам бидејки мислел за мое добро, да се прегледам да не не е нешто ок, да се спречи додека може.... така да барам најдобар совет што можам да добијам, што мислите од ова за него и за мене посебно....
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Јас да сум на негово место веднаш би ти раскинала,немој толку да си креваш цената,па да налеташ на некој на кој ќе му бидеш како слуга..РАЗМИСЛИ.
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Мислам дека не си фер. Дечкото според овој муабет те сака и тоа премногу. Ако ти го сакаш(зошто според муабетов ми изгледа како да си оладила од него) не дозволувај долку поминато време да врлиш во вода за ситница. И барем отиди во болница да го посетиш, тоа многу ќе му значи.
     
  18. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    па јас и му бев како слуга, со мене само на шетање (по други градови) и шопинг ме водеше, на кафе да излеземе слабо, да идеме на концерти или било што воопшто, изговор му беше дека не поднаса галама, а можеби и стварно, со никого не одеше на такви работи, а на кафе со колешки колеги си одеше, кога му звонев не ми креваше, изговор му беше, да не се правел папучар пред колегите, али секогаш после ке ми се јавеше... а тоа и највеќе ми е криво, бидејки јас сакам да се журкам а тој не, сака мирен живот, кога одеаме на одмор, сите одат да се журкаат, а тој одеше да си одмори главата (бидејки и работи таму нешто преку интернет, а и сите пари речиси за мене ги трошеше за подароци, за што уште го жалам)... и пред да раскинеме му го реков тоа, а тој ми рече зашто порано не сум му кажала дека ми смета тоа, и вети дека ке се смени, а јас му реков дека не му верувам, ми рече да му дадам време 1-2 месеци и да се обидеме пак, а јас му реков сепак да не ме бара.... :worried:
    инаку веќе не е во болница, сега е дома мислам дека е подобро...
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    А што уште сакаш не ми е јасно?
    Те води на шетање и шопинг, ама слабо на кафица? Weweee кое слугување. :o
    Ручек да не правеше? Готвеше? Го переше него и неговите? Му чистеше нужник?
    Ти помага ете и за школување, да не треба и факултетска диплома на сребрен послужавник да ти даде и веднаш да те стави шефица во некоја фирма??
    Да не си го лажела, немало да те проверува така. Може и претерал, ајде, ама па толкав игнор да маваш, па и уште да поминува по 100 километри за ти да му вртиш грб, па и срцев удар (дафак?!) да добива поради тебе, а ти ладно по форуми да се консултираш што да правиш?
    Епа сестро, ти не си ни малку зрела. Си нашла 1 од 1000, па уште курташак си играш.
    Да не си Анџелина Џоли со душата на Мајка Тереза, па толку ти се потресува типов?

    Искрено, по пишаново делуваш ко незрела спонзоруша во свој Дизни свет што само си крева цена, дури не се најде некој што нема да те мари ни 2%, па дури тогаш има да кукаш и да отвара теми.
    Фала и кај вас.
     
    На mila89 и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  20. palavata

    palavata Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    па да сум му чистела можеби кај него, сум му средувала алишта, али јас во најубавите години, да несака да излезе со мене што се вика, на концерт или било што, младоста би си ја изгубила, плус и порано сме се скарувале, го имав лажано, ми опростуваше, а јас го фатив еднаш, пред 1 месец, на една колешка што го свига, и беше излезен една вечер со колегите во кафана, и и пишал да се видат на 5 мин, јас мислев негов колега пишал на некоја, тој сам ми рече дека тој пишал на колешката, али во пијано стање од дома од кревет кога си легнал, а се распитав и стварно изгледа ништо немало, али јас уште не верувам... и сега можеби со неа ке продолжи, а јас неа ја мразам од дното на душата, иако тој го знае тоа, и кога бевме заедно, на факултет со други колеги колешки и неа си одеше на кафе на паузите, му реков дека несакам да се дружи со неа, изговор му беше, дека требал сам да остане, бидејки сите колеги заедно се дружеле :worried: и од каде да знам дека не шврља со друга, иако и таа е од друг град....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.