Таа најдобро е да го побара татко и да проба да добие некаков контакт со него..Таа не ја знае причината,роднините можат секако да кажат за таткои можеби тој нив им наштетил или на мајка и ,незнаеме што и како било,ама ако проба ништо нема да загуби.Може да си го добие посакуваниот татко,иако нема да биде се совршено на почеток,можат заедно да започнат нов почеток..Сето зависи до тоа како таткои ке се однесува со нејзе ако тој ја побара и да започнат со пријателски однос како и секој почеток.Па нека ја отворат темата која сигурно ќе боли за да се започне..зошто довело до сета ова ситуација за таткото да не ја побара ќеркаси без разлика дали има друга жена. @мкд98 Јас ти посакувам се најдобро,посакувам на некој начин да ја осетиш таткинската љубов,знам како е бидејќи јас ја немам.
Баш сакам да знам што се случило и каков резултат ќе има. Но.. секогаш постои големо но! Овде се појавуваат безброј прашања. Девојчето изразило голема желба после 16 години. Што ако наиде на разочарување? Зошто тој не и се јавил до сега? Што ако има вистина во сите тие муабети? Некогаш е подобро некои работи НИКОГАШ да не се дознаат. Па нели доколку сакал ќе најде начин да се доближи до неа? Ако се сака, се може нели? Залудни се сите оправдувања од него, таа има право да го запознае, но не зависи од нејзе. Бидете малку повеќе реални околу ситуацијава, не се една ниту две, 16 години се. Не добивала честитки за роденденот од татка си, не бдеел над неа кога била болна не бил покрај неа кога највеќе и бил потребен татко. Ова не е шпанска серија, ова овде е реалност, и е сурова, за жал. Искрено се надевам на позитивни резултати.
Јас искрено не би сакала да видам човек што 16 години не му текнало на мене. А бре луѓето плачат за деца а тој веке има и не побарал да го види. Ако он е прав родител нема сила што ке го спречи да биде близок со сопственото дете. Ова е само мое мислење, знам дека е поразлично од на повекето други, секако не мора да значи дека треба да го прифатиш.
Odi i vidi go, ne dozvoluvaj nikogash da bidesh i ti kako tatko ti. No nezaboravaj da mu kazesh deka si doshla da go vidish zatoa shto sakash i zatoa shto ne si kako nego.
Фала што го сподели твоето мислење. И јас понекогаш размисчувам вака, па затоа незнаев дали да му пишам или не
Слободно пиши му, побарај да се видиш со него. Не оставај некои прашања да те мачат цел живот. Можеби ќе биде воодушевен што те видел и запознал, можеби ќе биде рамнодушен, но барем тоа прашање нема да те мачи во животот. Ќе знаеш на што си. Не заборавај една работа - крвта не е вода!
Да му пишиш знаеш зошто? Бидејќи не се знае што носи животот понатаму ,тој ти е татко ,можеби ке се зближите ке ти раскажи што и како било не слушај никогаш роднини, јас цел живот слушав за таткоми од мајками неубави работи ,не не пушташе кај него ,дури кога се омажив се тргнав од дома и го побарав ,со солзи и среќа дознав дека мн не сакал но мајками е таа што заминала, несреќа ме снајде се разведов но тој е тука како помош и не само тоа и полномошно до неговите картички и пишана на нотар штом ќе почини куќата во кочани каде што живее ке остани на мене, и иако се исмеваат многу со мене мене не ми е гајле си добив стан во прилеп како самохрана мајка бидејќи тука и живеам и ем од таткоми куќа што значи мојата ќерка здравје е обезбедена за цел живот. Ако не биле татковци додека сме растеле нека бидат сега кога сме возрасни за татко керки односи да се помират и зближат никогаш не е доцна. Така и твојот разговарај <3 Известиме да знам како реагирал те молам и не обрнувај внимание и на тие тука што ти се исмеваат и си прават мајтап,речиси пола од форум се гарант со нарушени односи дома со родители воспитанието му е мајтап да се исмеваат на туѓата несреќа и мислење и надежи.Поздрав и секое добро
До некаде се пронаоѓам во твојава ситуација.Сега си во тоа време од животот кога се те интересира каде е,зошто не те бара,како изгледа,и се тоа е сосема нормално.Ама па од друга страна незнаеш како тој ке реагира и не би сакала да се разочариш како мене.На мене мојата биолошка мајка ме оставила на само 4 месеци и еве од тогаш до сега,30 години не ме побарала.А верувајми кога бев твои години,најдов телефонски број од неа и и се јавив,тоа ке го сметам за најголемата грешка во мојот живот,се почуствував понижена,несакана...Жената ми вели,те знам,ама јас немам пари да ти дадам...Помисли за пари и се јавувам,ајде пријатно само и реков и и спуштив.Од тогаш до ден денес не сум покажала знак дека сакам да ја видам.Незнам твојот случај како ке биде,не се сите исти ама битно ми е да не се разочариш ко мене. Живеј си за тебе и не мисли зошто те оставил и како била приказната на роднините.Само ти ке се мачиш ако размислуваш на тоа.Јас велам човек што не е присутен во мојот живот не вреди да се спомнува иако е жива,она за мене не постои,она е само име,таму некаде.... Тие што ме израснаа ми се прави родители
Обавезно ке те известам. Му пишав на фб, чекам одговор. Иначе ке доваѓам во Скопје во мај, па може и тогаш ке го видам ...
Јас би го контактирала, не би издржала да се прашувам, би морала лично да слушнам и да знам на што сум. Сепак, би те советувала, ако се оддлучиш да го контактираш, да се психички припремиш на повторно "отфрлање" од неговата страна. Седни, расчисти самата со себеси, дека ќе бидеш спремна и дека е врло можно и така нешто да се случи и ако се случи дека нема да дозволиш да те повреди и да те разочара. Едноставно помисли дека тоа што беше до тебе си го направила, немој да чувствуваш одговорност за туѓи постапки, во случајов постапки на татко ти.
Секоја приказна има две страни. Многу често се случува при развод, едниот родител да го „присвои“ детето и да сака да го истисне другиот родител. Војна водат на сметка на децата. Оној кој ќе ја има среќата да остане со детето многу често му ја „полни“ главата на детето со секакви глупости, забранува средби, се врши психички притисок.. Можеби таткото на девојчето се јавувал, ама никогаш не и било кажано дека е барана.
@rose60 А дали твојот татко се преженил и имал други деца? тоа многу кажува за твојата ситуација, а уште повеќе за ситуацијата на @мкд98 Што бара темава во општи дискусии, ајде реин нека ја премести во семејство.
Не душо не е преженет ,живеел порано со некоја неколку години и се разделиле не сакал да се жени повеќе ,можеби и затоа и го имам ова се од него,кај дотичната од темава ,можеби има настрана нешто за неа а можеби и не бидејќи тој има и други деца,и веројатноста да не ја барал можеби е вистинита чим имал други деца и им се посветил нив,јас и пишав со надеж за нејзина среќа после подразмислив и ке редактирав но времето беше поминато и нов пост не и пишав, сепак мислам да го побара,едната страна веќе ја слушнала би требало да ја слушни и другата ако не се поклопува да си држи добри односи и со мајка и со татко ,ако кажаното од кај мајкаи испадни точно тогаш ке се помири, и сепак ке знае дека се обидела, отколку да мисли секој ден зошто не се обидела воопшто сепак јас така размислувам на ова а таа како сака нејзино е, но ако се разочара сигурно болката е голема.
Veruvam vo toa deka bolkata moze ke bide golema, spremna sum za toa. No barem za sigurno ke znam ... I toa ke bide kraj.
@мкд98 јас и на децата посвоени што се, ги прашувам истото. Што ти очекуваш од татко ти? Љубов? Внимание? Имот? Или сакаш само да ја слушнеш приказната од другата страна-негова? Што ако тој те прелаже? Што ако тој никогаш не ти ја каже вистината? Што ако навистина не си му битна? Зошто не се потрудил повеќе за да те најде и види за сите овие 16 год? Што ако навистина не те сакал дека си била женско? Што ако мајка ти е во право? Кажа дека тој има фб профил, , а и дека има други деца ( твои полубрака и полусестри), па зошто тој не те побарал или пак тие на фб до сега? Денес е барем лесно да пронајдеш некој. Јас искрено не би го барала. Толку години изминале, тој не ме побарал. Не мислел на мене, не се потрудил околу мене, па си створил ново семејство а јас не сум му битна. Прав родител ке го сврти целиот свет за своето дете. Луѓе витални органи даваат на своите деца, питачат ако треба за да децата им преживеат, овој твојов 16 год не нашол начин на стапи во контакт со тебе или пак бил ептен зафатен радувајки се на синот во новиот брак.