Дали да се омажам со човек од друга вера?

Дискусија во 'Канта' започната од TheMoon, 23 април 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheMoon

    TheMoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Сакам да споделите свое мислење оти незнам за што да се одлучам....Јас сум Македонка а тој е Турчин...ПОМОГНЕТЕ МИ ВЕ МОЛАМ !!!!!!!!!!! :( :( :( :(
     
  2. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    Јас искрено да ти кажам,имам другари албанци,цигани,босанци,турци,значи немам ништо против нив,но не би влегол во врска со друга вера,а за брак ич не би размислувал,нема шанси.
     
  3. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    16
    Јас искрено не ги делам лугето по нација, вера или што и да е.
    Не ми се случило ништо слично до сега за да можам конкретно да пишувам за тоа, меѓутоа и самата знаеш какво е нашето опкружување и на какви се осуди би била доколку се случи такво нешто.
    Има и многу такви парови кои се дали во врска дали во брак меѓутоа незнам како функционираат.
    Од друга страна ако се земе в предвид дека и самите вери не дозволуваат мешање меѓусебно...
    Да речеме и да бидете заедно, како ке функционирате, како ке се усогласите, ти со едни обичаи и верувања он со други, па тука се и семејствата, стварно незнам.
    Точно е и тоа дека љубовта не познава граници ама во овој случај незнам како би изгледало тоа.
    Има тука и друга страна на гледиште, доколку немате проблем и двајцата и се оди како што треба меѓу вас и вашите семејства тогаш зошто да не ама секогаш постои ризикот од осудување од средината во која што живеете.
    Како и да е, што и да одлучиш нека ти е со среќа ;)
     
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Duso kakvi se tie zborovi .
    Ljubovta e slepa i ne moze da pogledne sto nosi idninata.. Zar pokraj tolku nasi ubavi deca ti se zagleda vo nekoj od sprotivna vera .Ne te osuduvam no dobro razmisli sto pravis .
    Mislam deka imase vakva tema pa da ne se povtoruvame -pogledni sto mislat tvoite vrsnici.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    За дружење не одбивам некого ако е од различна вера или нација. Но веќе за врска, или пак брак... не би се осудила. Пред се, различна вера значи различен поглед кон животот воопшто. Ралзични верувања, обичаи, празници, адети. Каде би се венчале? Во црква или во џамија? Кој празник ќе го славите? Велигден или Бајрам? Како ќе ги воспитувате децата, ако здравје понатаму ги имате? Да веруваат во Господ или во Алах? Ова е многу комплицирана ситуација, и мислам дека би настанале конфликти меѓу вас двајцата засновани токму на различната вера. Понекогаш само љубовта не е доволна. Јас не би го направила тој чекор, но тоа е твој избор. Убаво размисли и погледни малку подалеку во иднината.
     
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Брееј по колку пати ќе отворате те слични теми :^) .И пишете таму у љубовни проблеми и не замарајте за секој проблем се отвора нова тема.
     
  7. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    И во Босна во времето на Југославија имаше пун куп мешани верски бракови па видовме што се случи во Босна ;) .Тие истите Бошњаци што имаа Српкињи за жени први почнаа да пукаат во браќата на нивните жени.Девојките очигледно не се свесни дека еден ден самите ќе се гризат за газот али тогаш доцна ќе е.Многу доцна ;) .Пола наши села и градови се полни со стари ергени зашто неможат да најдат девојка да се оженат зашто девојките ептен се преолупирани да најдат дечко или маж кој се вика Онур ;) .Додека во спротивниот табор таков проблем немаат.Кај нив уште од мали нозе им се знае кој ќе им биде маж во спротивно ќе биде погубно за неа.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    4.210
    jas sakam da kazam deka se priklucuvam kon site pogorni objasnuvaja i sum od istite pricini protiv. abe ne za dzabe rekle ZEMI MOMCE MAKEDONCE PA DA VIDIS STO E RAJ :inlove: :D :rofl:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.084
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога срцето ти кажува едно, а разумот друго. Можам да ти кажам дека те разбирам, сум била во твоја кожа. Само, немој да мислиш дека љубовта е доволна за да успеете, во средина како нашава други работи играат поголема улога. Колку и да се сакате, ќе мора да го преболиш... многу пречки стојат на патот на вашата љубов. Нема потреба да се повторувам, се е кажано погоре. На крајот, од тебе зависи како ќе постапиш.
     
  10. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619

    лелееее....немој да ме сватиш погрешно ама молим те немој!!!
    сетра му на дечко ми оде со турчин,ја знаев и пред да се фане со него и од кога се фана,нејзиното однесување се смени на лошо,стана себична,лоша,користољубива.....не викам дека нејзиниот дечко влијае на неа.....ама незнам не ми е јасно како не размислува како ќе каже на нејзините дома сите ќе легнат болни,а дечко ми(брат и)ќе дигне војна!!!!незнам просто едноиставно ја гледам и се чудам
    -божееее се е сјајно кога си во врска но кога ќе се земиш работтите стануваат по очајни нели???па аман бре девојки нели има машки кои се наша вера па мора со тој???јас немам ништо против него си живеам со дечкои и и за пријател е супер но за маж??????незнам никогаш неби се осудила на такво нешто јас ќе те советувам да размислиш добро немој да згрешиш па цел живот да се каеш.Незнам што да кажам едноставно сум разочарана од она што го гледам секоја ден што се се случува во нејзиниот живот.
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Прво, тука ке сретнеш најразлични одговори. Некои ке кажат не, некои да. на крајот на краиштата само ти си знаеш како ти е со него, верата не игра улога туку паметот. знам многу мешани фамилии, се почитуваат двете вери(секој својата) а децата се оставени сами да решат. Со таков договор бракот не личи дека е со две вери. Така да најубаво е сама да си одлучиш за тоа. Јас ке ти кажам пример да, друг ке ти каже не, но нели секој има свои сваќања. Дури и да е од иста вера, некој може да ти каже не за таа особа. Значи се е до човекот, карактерот, паметот.љубовта. ;)
     
  12. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    12
    potpolno se slozuvam so sunshine88.Edinstveno samo ti go znaes odgovorot za toa prasanje i nikoj drug,site ke ti dadat razlicni mislenja i uste tolku ke te pobrkaat,a baska toa i ke pocneme pak da se raspravame na ovaa tema kako i na ostanatite.Samo ti mozes da znaes dali toj covek te zasluzuva i dali vredi da se zrtvuvas,zaso vakviot brak si ima posledici i dali si dovolno hrabra da se soocis so niv.Na kraj na kraistata sve se pobeduva so kompromis ako go sakas i mislis deka nema da bides srekna so drug slusaj si go srceto...Nie ne znaeme podobro od tebe nie gi gledame rabotite od drug aspekt.Mislam deka verata ne predstavuva precka za sreka.Zar gospod ne rekol da ne pravime razliki i da se sakame site,ajde da se sakame...samo pazi ima nekoi koj ne sakaat da se sakame.pozdrav od mene
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Се имам искажано и во друга тема за ова но еве ајде пак.Значи јас најдалеку би одела до мување со некој од друга вера и тука е крај.Ни врска,а уште помалку брак.Еве конкретно за брак-кој празник ќе го славите,ќе им дадете православни или муслимански имиња на децата,се прашуваш ли како ќе реагираат твоите,знаеш ли колку ќе се разочараат,знаеш ли дека ќе бидеш отфрлена од општеството???Па малку ли се македонци?Сум видела и мешани бракови кои успеале не велам не,но тие се отфрлени од сите.Ајде некоја муслиманка најди која се прашува дали да земе христијанин.Го нема тоа кај нив...Муслиманките можеби ќе одат со македонец,ама скришно и нема ни да помислат на брак со некој наш.Затоа јас мислам дека ова треба в корен да се пресече.Ќе боли на почетокот,ама знај дека тоа е за твое добро.Тој баш и не губи многу.Уште една македонка земена од турчин.Тоа му е гордост нему.Бегај од оваа мешаница колку што те држат нозе и најди си некој македонец. ;)
     
  14. Srcencence

    Srcencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ti si znaes ...no spored mene sepak ne bi go odobrila toa....aj svakam onaka da se smuvas samo ali vrska ili brak nema sansi...sepak toa e pogolema odgovornos najmnogu za tebe...od tolku mnogu makedonci ti so turcin si fatila rabota da imas...jas bi te sovetuvala sepak da si najdes makedonec sekoj so svoja vera ....site si imame razlicni veruvanja i tradicii a na turcite albancite bosancite mislam deka se postrogi i pozaebani....taka da samo ti odlucuvas so ke prais...pozz
     
  15. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Се согласувам со ова,имам коментирано и на уште една тема ваква слична,и кажав јас сум од мешан брак и супер функционираме,празниците не играат голема улога во ваков брак за тоа најлесно се наоѓа решение,само проблем може да биде од каква фамилија потекнува како ќе гледаат тие на оваа работа а и твоите,има што ќе прават проблем ти да ја смениш верата,а има и што ќе те прифатат таква каква што си,значи се е до воспитувањето и како ги гледаат работите и од двете страни дали се поконзервативни или не,затоа ти сама треба да решиш,ти знаеш каков е и што е,и знаеш каква ти е ситуацијата дома ако е се во ред и има почитување нема потреба да се мислиш според мене,ти си живееш за себе и прави како што ти сакаш,а не што ќе кажат другите... :)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Значи гледам дека не си мала. На профилот ти пишува 28 години и ако тоа е точно претпоставувам дека си зрела особа која знае трезвено да размислува. Мое мислење е дека во ред е да прашаш за мислење, но твојава ситуација не можеш да ја решиш со тоа што ќе поставиш тема на форум на кој секој може да те сфати различно и може да даде несериозен одговор со оглед на тоа што никој со никој тука не се познава.
    Во одос на твојава дилема, не сум воопшто искусна со вакви ситуации па да ти делам тука вакви или такви совети. Јас лично (како што кажа и Трапалче) имам другари и другарки од друга вера, но во врска (а камоли брак) никогаш не би стапила. Но тоа е само мое мислење. Никој тебе не може да ти каже како да постапиш. Одговорот мораш сама да го најдеш. Само да ти кажам, што и да одлучиш, да бидеш спремна на секакви реакции од околината (ова доколку се одлучиш да се омажиш за него). И размисли дали тој човек е навистина вреден да преземеш таков ризик, пошо во нашево општество Е ризик.
    Поздрав и се надевам дека ќе донесеш правилна одлука ;)

    А ти па ако не се исконтраш, жив не си!

    Се извинувам за оф-топик.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.635
    bidejki site ovde mozeme da bideme cvekinja za mirisanje mozam da kazam deka ako devojkata e sigurna vo sebe i ako misli deka znae sto prai nema zasto verata da bide precka.drugi bitno e da ima PODRSKA OD SEMEJSTVATA,kako od tvoite doma(kolku se tie da go prifatat toa a potoa i negovite kako tie bi te prifatile tie tebe)...iskreno jas sum so decko cija majka e bosanka i sto sega ke me osudite???
    Sve ni e ok i vrskata i se,razgovarav so moite i go prifatija,a i negovite mene...i nema sto da se diskutira druga vera i slicno,21 vek e a i ziveeme vo librealna drzava:))
     
  18. Popova

    Popova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    6
    Се сложувам со Boyfromtown има доволно вакви теми на форум и секој пат е истата дискусија нема потреба од нова девојчето што ја предложила може слободно да пиши на некои од претходните теми. Чоекот си е у право не дека се контри :)
    Инаку се сложуем и со членот пред мене значи 21-ви век сме незнам зошто толкуу врева околу тоа кој од која вера е, нормално е дека нашите родители нема да го прифатат тоа, одгледани се со други сваќања и вредности тие поинаку гледат на светот.
    На девојката што ја стаила темава можам само д аи кажам да се бори за тоа што го сака никој од нас не знае како тоа ќе заврши- ако не пробаш ќе се каеш цел живот тоа е мое мислење без разлика дали е албанец, турчин, македонец, ако мислиш дека врската е доволно јака вреди да се обидеш. Мислам дека родителите (претпоставувам дека тоа е најголемиот проблем) имале право на свои избори и ги направиле некои лоши некои добри, нивна работа е да се плашат ама ако доволно те почитуваат и тие на крај че мораат да се помират со врската под УСЛОВ да го познаваш доволно човекот во кој си вљубена и да си сигурна дека притисокот нема да ви прави проблеми понатаму во заедничкиот живот.
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Самата си знаеш што осекаш во твоето срце и колку е јака твојата љубов. Коментарите од другите луѓе ( па и од нас на форумот ) не треба да ти бидат важни, затоа што ти си таа што сама си ја градиш твојата иднина и само ти имаш право да одлучиш со кој сакаш да го поминеш животот. Ти си знаеш како ти е со него, ако те прави да се осекаш најсреќна на свет, ако те почитува, ако се однесува убаво со тебе, ако се сакате вистински ( ама стварно вистински ), ако и двајцата сте сигурни дека сакате цел живот да го поминете заедно, тогаш нема што да се плашиш од околината, затоа што на почеток ќе им биде тешко на твоите блиски ама после ќе се навикнат кога ќе видат колку си ти среќна покрај него. За вистинска љубов вреди се да се направи само треба да бидеш сигурна дека и он е исто толку заљубен во тебе како ти во него, и дека е подготвен и он да направи се за тебе. Затоа што за да ви успее врската или бракот потребно е и двајцата да имате многу разбирање, да си дадете подршка еден на друг и заедно да ги пребродите осудувањата од околината. А верувај ако љубовта ви е силна, се може да се издржи. После тешките моменти, љубовта станува уште појака. Треба да се преиспиташ самата дали тој е вистинскиот што го сакаш и дали он е спремен да направи се за тебе, па после да мислиш на брак.
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.403
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.