Периодов сме сведоци на поголем број заболени..и смртни случаи за жал... Лошо е што порано најмалите поминуваа најлесно но во последно и не било така .... Пред неколку месеци , мајките што требаше да се вратат на работа се организираа и успеаа да "извлечат" неколку месеци продолжено породилно за да можат да си ги заштитат своите бебиња. Породилното ионака е многу кратко ,на бебе од 7-9 сеуште и главна храна му е мајчино/АД млеко, но во услови на пандемија каде е во опасност да се зарази уште толку треба да ги заштитиме колку може. Дали мислите дека треба повторно да се активираме ? Доколку да ,давајте предлози. Тогаш и јас иако само што ми почна породилно бев активна ,се споделуваа однапред пишани статуси на сите објави од мз. Венко Филипче , МЗ ,МТСП... Мејлови до истите. Се приклучија новинари кои проследија на вести и на социјални мрежи.Па имаше и протест... Да, тогаш не работеа и градинките а сега работат но мора да се земе предвид дека е редуциран бројот на деца/бебиња. Да,тогаш немаше воопшто вакцини ,сега "имало" но ние сме многу далеку од масовна вакцинација секако... Некои од нас работат со многу луѓе,со странки ,по маркети,во фабрики ,што значи веројатноста е се поголема со секој контакт... Верувам дека има и други мајки како мене кои се плашат да почнат на работа,па да видиме дали сме во доволен број да издејствуваме нешто.
Јас сум ЗА породилното ми завршува во Јули а детево во која градинка да го пратам кога сегде викаат редуциран е бројот и не примаат? Поднеспв документи за од октомври да почне да оди а дп тогаш да се снаоѓаме??? Ако немаат капацитети тогаш треба да се продолжи бар дури не направат по 1г децава па да тргаат во градинка со колку толку позајакнат имунитет.
Големо Да! Формално работат градинките, но реално нема места. Јаслите кај нас се по 6 деца, групите се формирани веќе. Неможам да си дозволам неплатено, кредитот не ми дава.
ДА. Една од главните проблеми со кои се соочувам е немање место во градинка. Пишував за ова. Добро е и за ова да ги напнеме - Конечно донесување на Предлог-закон за измени на Законот за работните односи и продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
Јас пишував до МТСП, ако имате контакти кажете ги, до МЗ а најдобро и до комисијата што е сега за заразни болести ли е, оваа со Караџовски, мислам тие сега го имаат главниот збор, тие треба да предложат на влада, кога вртевме на бројот во МТСП да прашаме дали ќе зголемат бројот на децата во групите рекоа дека чекаат одобрение од комисијата, сега расте бројот на заразени и во градинките, бројот не верувам ќе го зголемат, значи ќе треба да ни дадат уште некој месец дома.
Се тоа во ред, ама што правиме со тие мајки на кои што породилното и заврши лани Јануари, Февруари, Март, кога уште немаше никаква одлука за продолжување на породилното. Значи тие мајки мораа да се снаогаат на било кој начин некој деца да и гледа, или да останат без работа. Тие немаа право да земат од државата две години цела плата седејки дома. Тие мајки не се мајки, тие деца не се деца? Значи за некој мајки породилното е 9 месеци, за некој беше 18 па сега Ви е малку па ајде да бараме уште. Каква е оваа себичност? Каква е оваа дискриминација м? А што да кажат тие во приватниот сектор, што душа им извадија, ни одмор ни ништо, како тие се снаогаа со чување на децата? Ако не сакаш на работа, повели отказно решение, ослободи место, има на некој што му се работи а не цело време седи дома земај плата. Кога се рагаат, децата си добиваат што ги следува и детето и мајката, треба ли државата да мисле кој ке ги чува, има негувателки, жени што чуваат деца, баби,градинки. Па секоја година имало вируси, се претера со оваа Корона. Па еден ден мора да се почне со работа, не може цело време на товар на државата. Што ако пандемијата трае уште 2 - 3 години, цело време ке барате продолжување,цело време ке се злоупотребува? Моето дете од Х (не поради коронава) причини не оде на градинка, па јас сум принудена да седам дома и да ја чувам. Не одеме по кафичи, ресторани,гужви, се пазевме максимално колку што можевме. Корона фативме од сопругот кој што се заразил на работа. Моја братучетка(а верувам и многу други) вработена во приватна фирма мораше да тргне на работа, без да го користи продолженото породилно бидејки и се закнуваше отказ, па си најде негователка која што и го чува детето тие 8-9 саати дома,и нормално си ја плака за тоа. Еве ви предлог. Крајна себичност и дрскост спрема сите невработени, сите отпуштени од работа, сите кои вистински јадат леб и сол, сите кои имаат заостанати неплатени сметки, сите кои имаат заостанати рати за кредити. ДРЖАВАТА Е ЗА СИТЕ... сите сме еднакви, сите сме исти... не претерувајте и не им грешете на другите кои немаат ни интернет дома да пишуваат и коментираат.
За што пишуваше и кога !? Не те сфатив добро дали за сега да се продолжи ,само за претходно или за место во градинка ? Не познавам никого ,затоа и сакав дискусија ,и да видиме секој да проба да искористи некој контакт.
На страната на МТСП има контакти, пишував баш испровоцирана од нивната министерка беше скоро на Сител ТВ, кажа дека има места по градинките и моментално само 3 деца чекале место, пишав дека ситуацијата е многу поинаква, не добив одговор, на овој телефон ни се јавија, прашувавме дали се планира да се зголеми бројот на деца во групите, кажаа чекаат одобрение од Комисијата. Кај Е. Димитровска.
Веројатно си продолжиле на работа, и после кога воведоа мерки за деца до 10год останале дома со децата. Мислам дека не се спомнува во првото мислење 18м. Туку едноставно да изнајдат решение. Ем да не се продолжува, ем неможеш да го запишеш детето во градинка. Немаат сите луѓе финансии да си дозволат приватна градинка, или пак негувателка дома. А тоа со приватните фирми и жените што неможеле да искористат продолжено породилно, тоа не е никој од нас виновен. Жално е тоа, али државата е тас што треба да застане на страната на жените во случајот.
Ти благодарам ,сепак јас сама(или ние 10 души) не можаме многу, тогаш се активираа доста жени... Гледам сега се ќути некако.
Па проблемот полека се решава, барем кај нас фирмите полека се гаснат, жените остануваат без работа, како тргнало ќе си ги чуваме децата сами. И на овие во градинките им одговара да работат со помалку деца, во големите групи се 15 маx, имаат запишано но не ги носат сите цело време има и такви кои држат места, сестра ми се утепа звонејќи кај директорот тврди дека сите одат во групата, а мајките на запишаните деца кажуваат дека дневно нема по еќе од 10 деца. Значи не е фер во оваа ситуација да се дозволи некој само да држи место кога реално на некој друг вистинските му треба.
Јас би ви дала поддршка и покрај тоа што ми заврши породилното пред 2 месеци и не ми менува ништо. Не ми е проблем да ми кажете каде и какви мејлови да пратам. Само мислам дека нема да има позитивен исход искрено. Се враќа животот во нормала, фирмите си работат, вработените се вратија во канцеларии, вакцините стигнаа. Не знам како е ситуацијата со градинките, се немам распрашано сеуште ама тој проблем со чекање за упис е одамна, уште пред короната.
Финансии ке имаш кога ке одеш на работа и ке одделуваш дел од платата за негователка. Ама па кој сака пола плата да си ја дава за негователка, наместо тоа ке правеме иницијативи за продолжување на постоечко породилно до недоглед, ем дома седење ем цела плата. Кога има шанса зошто да не се искористи(во вашиот случај злоупотреби). Ајде сега нека ви го продолжат, после девет месеци пак кукање, пак корона, пак нема деца кој да ни гледа, пак иницијативи. Оваа се вика кога на човек ке му дадеш еден прст а тој сака цела рака да ти земе.