Ти спомна катаљарда пати јас, работата, колегите ау. Инаку каков работник си мене не ми значи нишо. Сите мислиме на колегите да се разбереме. Јас ќе се вратам првиот ден уште и едвај чекам да некако придонесам. И да не се лажеме и во здрваство сите користеа одмори( може не цели ама ок). Колеги на одредени клиники беа со рацете во џеб со месеци бидејќи нишо освен ковид не се третираше(а тогаш не бевме ковид центри). Така да нека звучи како сака ама реалноста е дека во здравство сега е казанот и тешкото за колегите, а нема да помогнеме ако сите се вратат на работа сигурно!!! Затоа реков нека постои опција за тие што не можат. И не вечно нормално...нека биде до кај јуни(да спласне бранов). Почнува вакцинација, ќе затопли времето па и тие што не пазат на мерки ќе се повеќе на отворено. Не знам што е страшно ако се даде поддршка за 2 месеци да се продолжи на тие што треба да тргнат сега. Па да има време да се направи и организација по дома, да се најде место во градинка. Сега е бумот и јас многу ги разбирам.
Продолженото како што памтам беше донесено во мај, а беа опфатени сите на кои им завршило по прогласување на вонредна состојба 15ти или 18ти март не памтам кој ден беше. Значи тие што почнале на работа и завршиле со породилно на 1.3 да секако не беа опфатени туку само оние од 18.03 кога и беше прогласена вонредна состојба. Не може да ги продолжат и тие од јануари.
Барајте проширување на групите, не само за сега, туку потребно е . Било и ќе биде. Подобри услови, храна, хигиена. Растеретени дечиња, со повеќе учителки. За повеќе активности и внимание. Секое дете да добие се што е потреба во однос на нега, занимација, за денот да му е исполнет. А за другото, нема смисла. Вирусот ќе биде уште долго меѓу нас. Сега сте вие на породилно, утре ќе бидат други. А реалноста во градинките е дека списоците се полни. А одат по многу помалку дечиња.
Точно затоа што немаше вонредна ама можеа и да не дадат на тие од 18.03 што веќе скоро 2 мес оделе на работа и децата им биле згрижени. Сега е друга ситуација секако, само сњ надоврзав дека викаш после 1 ден трудничко што им завршело не важело. Важеше секако од денот од најава на вонредна значи засегнати пред вонредна не влегоа тоа не можеше наназад до бескрај да даваат
Во оваа состојба во која сме во моментов, барем овој месец е клучно децата да се што повеќе заштитени и дома! Ова од здравствен аспект го зборувам. Затоа што кај децата веќе симптоматологијата е изразена и сериозна. Капацитетите се полнат исто така. Ако зборуваме за градинки и групи, да не занемариме дека голем број родители ги имаат запишано децата и држат место, а не ги праќаат во градинка. Да не кажам дека и од дозволеното капацитетите се половични, а многу се во изолација.
Е сега друго кажуваш. Едно е конкретен (разумен) период 2 месеци, друго е до кога трае пандемија. За работа спомнав дека не се жртвувам јас и нема да се жртвувам ниту во нормални услови, ниту ми менува бескрајно некоја да е на породилно затоа што можам да одбијам да ја работам нејзината работа. Во приватен сектор не е така. Врска нема со тоа каков работник сум јас или кој било. И да, некои доктори навистина немаа работа цела година, но сепак никој, без оглед дали има или нема работа, не беше ослободен. За одмори не знам, ние не смеевме да користиме, јас прв дел од 2020 користев во февруари 2021. Сега повторно не смееме. Ама пак викам, ирелевантно е за муабетов, колку е пожртвуван на работа некој.
Како и да е не реков јас никогаш за вечно да трае. Ако лрочиташ и вчера (18:35)пишав сега има потреба, за сега да се реагира. За подоцна-подоцна. Тоа се подразбира дека сега имаме проблем и тоа голем. Понатаму што ќе биде кој би знаел...Ако има по 500 случаи на ден се трпи. Ама со 1500 и фул болници или шо би рекол министерот кревети нејќам ни да размислувам за дете мое во градинка под никој услов
Е така де, не можеа наназад до бескрај, ама од аспект на чување дете, на многумина не им се реши проблемот, напротив. А бебињата 5 дена разлика пример.
Им се реши беа ослободени родителите и во здравство што коментирате. Ако мајката е доктор татково беше ослободен. Во моја околина сите си беа уредно ослободени. Да, имаше и такви што си работе од дома тоа е. Разликата беше што во еден случај плаќаше фондот во другиот на товар на фирмата беа
Ама сега размисли дека сите имаат дете мое, бебе или тодлер, татко со хронични болести, лично се плашат за свој живот... таман работа сите да не ни помислуваат. Сите ќе седиме дома и ќе чекаме да пројде, ајде.
Беа ослободени само ако детето е запишано во градинка, ако не е не беа. И да, можеше татко да биде ослободен, освен во многу случаеви кај што таткото работеше во друг есенцијален сектор, и не беше. Еден куп имав околу мене такви, еден во здравство, еден во полиција/војска, не беа. Само ако работат двајцата во иста служба се ротираа преку една недела.
Ако не да си ги оставиме децата сами да си се чуваат а ние на работа да идеме, па нели кој ни е крив што сме правеле деца.Од аспект на одредени професии уште во школо кога учиш се знае какво ти е работното место, нормално ако работиш по професија.Да бидеш графички дизајнер и лекар не е исто, сакам само да ја доловам разликата.Секако поддршка нема да имаме од тие што не се на породилно(можеби некој мал процент би поддржале) али завидно Македонче стално ќе биде зошто таа да седи,а јас не и никогаш нема да се искорени тоа барем не тука, сите што одат во стрнаство од нашите ќутат и таму не викаат е зошто таа да седи, а јас не. Пак ќе кажам треба солуција да се најде за никој да не биде оштетен, бидејќи стварно некои немаат никој кој би помогнал во ваква ситуација.Сите од тука би ги пратиле во градинка децата НО НЕ ГИ ПРИМААТ.Да направат нови градинки или да зголемат групи за деца нема шанси да се случи тоа зошто за градинки нови нема време за изградба.И најбрзата одлука е да се продолжи породилното, јас не би седела дома искрено здосадено ми е веќе, али кога морам значи морам. Јас не би го оставила детето дома само на 8 месеци а јас и мм да сме на работа,а ако некоја е способна за тоа алал нека и е.
Секако која е логика да ти дадат мерки ако детето не ти е во градинка значи или си имал баба за чување или жена. Убаво го слушав филипче ако таткото е пример во полиција а мајката во здравство се ослободува еден од нив а дали со ротирање тоа не знам.
Па кога сите немаше да помислуваат и повеќе ќе пазеа, одамна немаше да сме во оваа ситуација А за моето семејство и дете јас знам како. За твоето гледај си ти и така...таман работа или не, секој за себе излегува ако така себично гледаме. Ама не осудувај што некој си бара начин за своето. Јас уште вчера исто ти реков, слободно и после 2 месец од породување можеш да се вратиш на работа, никој нема да ти забрани .
Па не можеле/не успеале да ги запишат, не им ги запишувале, плаќале можеби дадилка, или како што кажав, најчесто ги праќаа децата во други градови!! и си ги гледаа за викенд. Решение да, ама овде заедничко ви е на темава тоа што разбирање само за својот проблем имате, за туѓите проблеми, што има да мислите вие? Само што, за да добиеш разбирање и поддршка, мораш да го видиш проблемот и низ туѓа перспектива и да покажеш разбирање. Тоа што сега ви се случува со непримање во градинка, се случи и лани, ама сега ќе речеме - ама они имале кој да чува. Епа имате и вие свекрви, мајки, стрини, дадилки.