Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се продолжи постоечкото породилно отсуство поради пандемијата?

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 28 март 2021.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.752
    Пол:
    Женски
    Секако ти можеш да го дадеш во јули и август,ама (се користат одмори,ротираат вработени, порано се спојуваа групи,) не е поволен период за адаптација,тоа сакам да кажам.
    Нема што да се дава продолжено.
    Единствено има смисла сега во овој бран да се продолжи на месец,но нема никаква логика да се бара продолжување од 6 месеци,година, две колку ли барате.
    Повеќе јаслени групи треба да планираат,и тоа е единствениот проблем кој треба да го решат.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Отворено писмо до :

    Министерство за здравство
    Министерство за труд и социјална политика
    Комисија за зразни болести
    Влада на Република северна Македонија
    Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес...во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови,а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски.
    Имено голем е стравот за најмалите,најмилите , нај незаштитените.
    Поради тоа ние мајките ,кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација.
    Малкуте места во градинките ,но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство ,додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот.
    Дополнително,да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките ,како едно трајно решение.
    Со почит




    Вие што сте за ,ако мислите дека е добар текстов споделувајте ,јас пратив веќе негде :)
     
    На naturallmess, Маја Т, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Вас мајките, кои сте на породилно отсуство, и не сигурноста во градинките ве носат кон тоа да ви се продолжи породилното отсуство... Вау бре. Кое понижување на сите останати мајки и деца што одат на работа и градинка, или напушиле за да си ги чуваат децата дома,понижување на нивоу.

    Вие останатите мајки што ги носите децата на градинка, какви мајки сте бре?
     
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Извини....што постоиме
     
    Последна измена: 31 март 2021
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Никој нема ништо против вашето постоење.
    Во прашање е вашата себичност и дрскост,и тоа колку далку можете да одете, колку други ке понижите за исполнување на вашите амбиции.
    Човек со малку совест би се засрамил за ваквото размислување и горе напишаното од тебе.

    Каков се свет ке сретнеш (facepalm)
     
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Цело време ти одговарав од првиот пост еднаш не најде на било што да ми вратиш ,па очигледно ти засметавме. Затоа и ти се извинив ,другото не го коментирам. Свесна сум дека најверојатно ништо нема да направиме ,но сепак ќе знам сум се потрудила ,а таквите што мислат дека е непотребно и вирусот е измислен може да си го зачуваат мислењето. Јас слепа да се прам на бројките не можам.!!



    Министер со малце совест би се сокрил а не да вели мерки не се потребни вирусот е многу распространет ,а не ние !
     
    На Leksikon и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.209
    Здравствените работнички со бебиња наместо по 8 часа, ќе работат и дежурства поради големиот број пациент

    “Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите” - Орвел

    Не е постов за да се контрам, него онака само да се потсетиме дека за некој мајка, за друг маќеа.
    И тие бебиња се бебиња, и тие треба да бидат заштитени, и на нив им треба мајка навечер да ги успива и храни, ама океј, пандемија е, должност е, бирале сами, тоа е...

    На темава не сум за продолжување на породилното до недоглед, оти не знаеме ни до кога ќе е ваква ситуацијата, може да држи вака уште години.

    Сум за да се зголеми бројот на деца што се примаат во градинки и да се намалат листи за чекање, односно да се даде предност на родители кои стварно немаат друго чаре освен градинка, да се формираат нови групи и сметам дека треба да се бориме за тоа и за подобрување на условите во градинките, зошто само тоа е најрационално решение.

    Ама за жал, од денес за утре, тоа е тешко изводливо, а и знам дека не секој може да си дозволи да плати жена или приватна градинка по 12000 месечно и не секој има можност и помош од блиските за чување, така да свесна сум дека не остануваат други опциии.

    Но во секој случај сметам дека иницијативата треба да оди во правец на решавање на проблемот со градинките.
     
    На candy.cane, mssuniquee, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    Извини, ама текстоб треба да се среди. Еве прочитај ја првата реченица. Што сакаш да кажеш?
     
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски

    Ова од сега е ???
    Ако е од сега укажува неколку работи:
    Ситуацијата е сериозно алармантна.
    Навистина нашето барање е нефер спрема нив.
    Но во овој случај стварно треба ептен ригорозни мерки,надвор од секоја мера сме !!!


    Пак ќе речам држава два на два ,колку еден европски град сме ова што го доживуваме прво е голем срам а потоа трагедија. Нека седнат малку прстот во глата да си го потчукнат.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ама јас велам да се среди... Не се навредувам не ми се извинувај ич.
    Слободно кого го бива нека склопи текст убав претставителен и да го вртиме сите. Вака само во круг се вртиме и тука и на ФБ со за и да

     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Каде кажав дека вирусот е измислен кога моментално сме позитивни и јас и моето дете и сопругот,бројките важат само за тебе и твоето дете така? Ние другите сме слепи, ние другите сме заштитени од вирусот? Голем е стравот само за вашите најмили, вирусот е опасен само за децата на мајките кои се на породилно така?
    Во претходните постови не ви беше проблем пуштањето на дете во градинка, а во текстот кој си го пишала алудираш само на тоа да ви се продолжи породилното.
    Нормално е да си свесна дека ништо нема да направите, тоа што вие го барате е неприфатливо.

    А какви мерки да се воведат веке на овој не цивилизиран, не воспитан, и уште незнам како да го наречам народ. Ако не затворат во целодневен карантин не чини, ако не не затворат пак не чини.

    Министерот мозок да и всади?
     
  12. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.209
    Од денеска е, немам официјалнно инфо освен ова од мкд.мк што го шеруваа на фб, ама со оглед на тоа дека стои одговор од МЗ, претпоставувам дека не се лажни вести...
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Почитувани,

    ситуацијата со корона вирусот не стивнува. Напротив, ситуацијата се влошува и секојдневни сме сведоци на зголемен број на заразени и починати.

    Од овие причини, градинките се уште работат по протоколите кои беа донесени минатата есен. Тие протоколи предвидуваат 6 деца во јаслените групи. Ова претставува сериозен проблем за нас мајките кои во овој момент сме на породилно отсуство. Групите се веќе формирани и нови деца (најчесто) не се примаат. Заради ова сме ставени во неповолна позиција, во ситуација кога немаме кој да ни ги чува децата.

    во таа насока, ве молиме да донесете решение со кое ќе се овозможи зголемување на бројот на деца во јаслените групи. Доколку епидемиолошката ситуација не го дозволува тоа, ве молиме да го продолжите породилното отсуство до оној момент кога ќе се создадат услови за зголемување на групите.
     
    На fana, Martka, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Добар работник ќе работи било каква работа ако можеш да видиш пред скоро време имаше да не се работи во недела, кои дејности беа издвоени дека не можат да бидат ослободени? Полиција,војска,армија,пожарна,брза помош,лекарите,сестрите итн беа издвоени 33 дејности.Извини ама да бидеш доктор,сестра,специјалист,хирург тоа значи животот да си го посветиш на тие луѓе и да животот ќе си го организираш според работата кога веќе си одлучила дека медицина/фармација би работела,а при тоа ако не би нашла друга работа не би работела нели бидејќи испод част ти е.Кога ќе имаш дете здравје боже ќе видиш како ќе се бунтуваш и ти ако нема кој да ти чува дете.Имаме државни градинки ама исто како да ги немаме се нема место,а со ситуацијава па бетер направија.Ако веќе државата не ни дозволува уписи во градинка нека ни најде соодветна солуција.Ете нека не е ни продолжено породилно да се вратиме на работа ама нека биде еден родител ослободен од работа за да чува дете.Никој не вика за доживотно да седиме дома али државата нека најде солуција.
     
    На azelea и Осе им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас се погодив да работам во таква фирма(не моментално, предходно кај што работев) ако сакаа да работат, а воедно имаат дете помало од три години да си потпишат согласност дека ќе одат трета смена и да ова е приватен сектор каде со сила ги тераат работниците да оставаст мали деца, а при тоа и пари им требаат.Ова е сега моментално во здравството, а кај некого е нон стоп вака. И да треба да се зголемат местата во градинките али наместо тоа се направија паметни и ги намалија местата.Предхпдно биле по 20 деца во јасли, ас ега се по 6 плус додатно доаѓаат и нови дечиња што никако нема да бидат згрижени.Ете и приватно да е да се плаќа градинка пак и таму нема да има многу деца плус 100 дечиња би се згрижиле и тие што имаат да платат нормално, а тие што се другите треба дома само да си го остават детето.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.770
    Допаѓања:
    266.775
    Јас мислам дека е ред докторките, сестрите, болничарките, лаборантките, биохемичарките, фармацевтките итн. да си седнат дома и да си ги видат децата, една година асално си ги немаат видено.

    Вие седете на породилно, ама кога ќе ви требаат горе наведениве, не ги барајте.
    И тие се мајки, и нивните деца се деца.
     
    На SexiLy, buba4e89, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.752
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова барање е навредливо кон останатите мајки и треба да го повлечете бидејки никој нема да го подржи.
     
    На buba4e89 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И каде е навредата?
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Когга ни требаа горе наведените, а сум била присутна во многу ситуации пред пандемијата си седеа во "канцеларија" и си пиеа алкохол, а ние ако немаме друга работа ќе си чекаме за они да си се изнасмеат.Друга ситуација човек приморан да седи во чекална со инфузија зошто на докторите така им текнало,трета ситуација стига брза помош на ургентно од болницата не ги известиле ТЕЛЕФОНСКИ дека немало слободни кревети а жената имаше потрес на мозок и при тоа проблеми со дишење.Да ова е нашето здравство да не зборам за водење бременост сите приватно водат бидејќи докторите се неспособни,луѓе со автоимуни заболувања не можат да допрат до имунолог/трансфузиолог, а дел од нив има и бремени, па приморани се да бараат приватно. Народот плаќа за државно здравство за да се лечи приватно, мизерија.Да дел и од нашите "добри" доктори ќе ја умреа свекрва ми бидејќи абдоминален хирург и кажал топ си ништо не ти е иа само три саата после тоа жената да биде бела ѕид и хитно на операција жената само сепса што не фатила цела жолчка скапана и разлеана и да ја спаси некој друг со врски барање и тоа нелој што предходно бил хигиеничар па станал доктор.Е од вакво здравство што подалеку бидејќи ако имаш спас секако ќе се спасиш и без нив.Да напоменам дека јас сум крводарител и крводарител на тромбоцити еден ден немам искористено за да бидам ослободена од работа и од трета смена не спиена одев да дарувам тромбпцити за мало дете 5 години што имаше и лежеше на хематологија никогаш не сум одбила! Додека дотичните сестри и доктори се тепаат да одат да даруваат за да бидат ослободени од работа, за тромбоцити исто следат два дена и предходно можеше да се дарува на две недели, а сега на месец и они си ги користат, а ние од приватен сектор иако е морално он да те ослободи ти вика не ти важат.Да не збориме колку се тоа плус денови на вашиот одмор. И ги ценам само тие здравствени работници кои се посветени на работата и нон стоп се едуцираат за нови работи,а не од тие што од 8 саати работни два им се ефективни,а другите ги трошат во кафе пиење и цигари.Една година работите децата не сте ги виделе некој цел живот работи и пак децата не си ги гледа ни кога пораснале а во гроб ќе отидат.Вие сте себични не ние
     
    На azelea, nadenadia и Осе им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.770
    Допаѓања:
    266.775
    Не ти го ни дочитав постот, пошто ти е една реченица 3 километри. Среди го малце.

    Ама и не мораш. Пошто се' што не ти оди во прилог ќе избегаш од тема и ќе издрндаш.

    Уствари ти рече дека некои деца нормално ќе бидат жртвувани, кој им е крив што имаат родители во есенцијален сектор.
    Ок ок. Извини што ти реплицирав, нема веќе ветувам.
     
    На candy.cane, fana, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.