Само вие работете и грешете дијагнози секако и без вас или ќе преживеат луѓето или нема исто им се фаќа.
Целосен три недели и ич да не го боли ако не чини. И то не најавен така од денес за утре ,море од полноќ за од 2 по полноќ. Исто ко во Дебар ,се знај убо дека таму се снајдоа на почетокот и го ставија сосем под контрола . На овој народ само така и му треба. Ти на почетокот ако не се лажам рече дека се претерало со корона. Почина стрина ми, остави 11 годишно дете. Ете оттаму ми е стравот. Се надевам сте добро и брзо и лесно ќе минете.
И ајде кажете еве сите ве прашувам. Не само за породилно ,за се. Дали ова е нешто на кое треба да се замижи и да се речи не се потребни мерки...!?!?;??????
Колку што можам да забележам најголемиот дел што не се согласуваат или прележале или сега се болни. Со лесно на сите! Жално е само што не постои емпатија ќе кажам. Ако толку се грижите за фармацевти, доктори, лаборанти итн. почитувајте мерки ве молам! А дали ќе се продолжи породилното на месец или два нема да е крај на светот. Лани се продолжи и не гледам дека пропаднаа фирмите. Мој предлог само заради состојбава е да пишете не проширување на групите, туку отварање нови групи во градинките.
Не можам ништо веќе ни да мислам ни да пишам... Ја отворив темата состојба со корона вирусот и добив паничен напад.... Немам сила веќе за оваа состојба...ни за да се оправам тука или било каде дали или не треба мерки...страшно е ова што се случува.
Страшно....лани на 30 заразени бевме сите под клуч. Сега умираат повеќе од тоа, проблем било да се продолжи породилно. Немам коментар
Се претера во смисла што по цел ден каде и да се свртеш само за Корона се зборува, човек психички да попушти. Но не може да се затвореме дома, ние како луге за да опстанеме мора да продолжиме со секојдневните обврски, а тоа што тоа некои го злоупотребуваат е друга приказна, и затоа бројките денес се вакви какви што се, пекна сонцето и рестораните, кафичите полни, децата на школо не, ама затоа си прават журки по дома. А јас што цело време седам дома и година и повеке немам појдено ни во кафич ни во ресторант, се заразивме од сопругот кој што се заразил од колеги на работа. Добри сме, симптоми исти како обичен вирус, жал ми е што толку многу животи завршија трагично. Значи некогаш колку и да внимаваш џабе е, не знаеш од каде ке дојде. Ние како народ познати сме си по немањето култура, кој од кој по голем фраер да се направи.
Слаби сме со одговорност, минатата пролет посебно мислам се нервирав, сега веќе сфатив дека е џабе. @Осе не е проблем сега во моментов, месец дена, ако на некој му завршува трудничко да остане плус тој месец, две недели. Ама не е ок до недоглед. И не само трудничко, ако веќе вас ве остават дома, фер е да се затворат градинките целосно и само децата на оние од есенцијални сектори да одат, сите други дома. Ама, не како лани, ем ослободени, ем по лулашки и кафичи. Тоа да се казнува. Како према тие да имам емпатија жити се'? Возејќи до работа и назад гледам луѓе со бебиња насекаде, луѓе ослободени нели. Извини ама тоа е безобразно. Така што, ако е идејата бранов да се преживее ок, ама за сите да важи, ако е идејата до недоглед - не, пошто до недоглед е друг проблемот, а тоа е немање место и е проблем што мора да се реши што поскоро.
Ај ако не само дома да седиме! Децава немаат право на воздух. Дај бе малку олабави. јас одам надвор со дете од 3 години и бебе. Сами. Поголемото со маска. Извини што сме безобразни!
Мерките важеа за сите, без разлика приватно или државно. Ама кога некој не си ги знае своите права и да не кажам е малце прост и подлегнува на тоа дека работи кај приватњак и повеќето такви се плашат да се побунат за било што камо ли за ова како што беше лани. Не смее да те отпушти додека си на породилно или доколку користиш мерки за бременост или било што што е поврзано со дете. Казните се големи, само кој знае. Тужбите спрема приватњаците за такви работи исто. И кога помалку би имала хејт спрема оваа иницијатива би било многу подобро. Да не си ја мачиш душата да се објаснуваш безврска.
Жени, мајки олабавете малку зборите лани лани лани , кога не затворија имаше тројца заболени , додека седеа на продолжено породилно максимум до 30 се движеше бројката , почна да скока бројката па затворија со карантин ... тогаш поголемиот број незнаеа какво влијание има вирусот ,верувам повеќето имале близок кој прележал или лично прележале ама сега новите мутации на вирусот ги напаѓаат најмалите и сите тука што сте имате малечки дома за нив се бориме така ? Сега со по 2000 заболени на ден и по 30 и кусур починати кога логиката веке работи и инстиктот ја влечете темата со муабетите за "лани" а не се основами во ниден момент зашто лани не се споредува со ситуацијата сега , па на крај ако некој се бори за нешто поддржете го и да тераме понатака а не да се влечеме 5 дена со муабети празни додека членкава ве моли да го потврдите или измените текстот на никој не му чуе.... тука ја нема емпатијата иако знаеме дека се е со политичка позадина ако доволно се издигне муабетот може да се извлече нешто ..... не дека ќе ме фати било која од овие мерки и онака дурри септември почнувам на работа ама се сочувствувам со мајките и знам каква е ситуацијата сега значи бремените треба со закон да ги заштитат и ослободат , родителите до 10 год и породилното да се продолжи исто како лани да се опфатат сите ризични групи .... ама треба поддршка голема за ваков чекор и треба да сме соединети, а не да се контаме колку да изгубиме време .... направете писмо посебно , направете едно заедничко , ставете се што барате како група и да делуваме а не да се препираме цела недела како снаи на чешма , а резултат никаков нема .....
Министерката вика дека има место во градинките, зошто викате дека нема? Ако не во најблиската, во другата градинка побарајте. Не може дома да седите, некој друг да работи за вас, а исто плата да земете. Тие што најдоа места у градинки, глупи ли се и да пуштаат дете у корона и да работат и исто плата да земате?
Ти си слушнала за продолжување на договор на секои 3 месеци? Што мислеш сите што работат во приватна фирма ги имаат истите права како на државно? И пак ке се повторам приватнак не смее да ти даде отказ додека ти важе договорот, но по истекување на истиот има право да не ти продолжи договор. Пред да го наречеш некој прост што не си ги знаел своите права, ТИ информирај се подобро. Воопшто не си ја мачам душата, на таквите како тебе имам стрпление да ви објаснувам, иако знам залудно е.
Јас многу добро знам што искоментирав, НЕ СМЕЕ без разлика на договорот, доколку се работи за бременост, породилно или сегашните мерки за корона. Доколку се случи такво нешто, постои тужба што ја добиваш 100%.
Доколку се работи за породилно што ти следува по закон од 9м. Тие што имаа право да користат продолжено породилно, а вработени во приватни фирми беа принудени да се вратат на работа или да останат без работа. Значи газдата ти поставува услов ако планираш да користееш продолжено породилно, по завршувањето на истото барај си друга работа. Што не смее? Газдата во приватната фирма не смее да не ти продолжи договор, дај не треси од ракав жити се. Смее и те како, а како изговори може да наведе еден куп, на пример дека фирмата поради пандемијата му е во загуба.
Да баш тоа е тоа што иритира, вика дека има места. Слушнав и јас што вика! Само 3 деца во цела држава чекале места! Не е точно. Сестра ми чека 2 места, јас чекам 1, имам 2 другарки што чекаат по 1. Тоа се само 5 места од мене најблиски. И да не мора во најблиската градинка, било која во општината кај нас се 5 клона со еден директор, разговарано е НЕМА МЕСТА! Ако некој се отпише во меѓувреме ќе ни јават. Ама знаеш ли што не се отпишуваат, си ги чуваат местата, знам девојче во јасли, плаќа не оди, а нели законски мора да се појави еднаш во 3 месеци или како, и се јавуваат на мајката да и кажат да си го однесе детето еден ден, оти автоматски ќе ја отпишат, таа вика запишете дека сме биле неколку дена не е проблем ќе си платам за тие денови. Е така. Нашето е себичност а ова што е. Ајде да ги соочат јавно директорите со министерката да видиме кој лаже. Таа дека има места или на нив им одговара да работат без деца! Барам јавна дебата! Јас сум во помал град од Скопје, не е проблем, но сакаш да кажеш ако некој живее во Ѓорче може слободно да си го носи детето во Илинден во градинка?