И јас сум во помал глад од Скопје и знам дека моментално кај нас нема никаков проблем за прием на детето во градинка, само ти бараат потврда дека и двајцата родители се вработени. Изгледа тој проблем го имаат само во Скопје.
Може ли вака, нека остане темава за дебатирање, издвојте го текстот за споделување, оној кој треба да се уреди и споделува, во нова тема, па таму ќе се постира само за тоа, каде да се споделува текстот, измените за текстот и која верзија е најдобра, овде ќе остане темата за дебатата.
Реин предлагам да се смени насловот во "Дали треба да се продолжи породилното отсуство" и да се префрли во темата за корона да личи на дебата, а со стариов наслов ќе се отвори уште еднаш темата со текстот за споделување во Бебе подгрупа.
Места слободни има да , ама деца не примаат бар кај нас е така. Примаат поголемки и со врски нажалост. а мали околу годинка се на чекање речиси сите. Другите градови се подруго од Ск не споредувајте.
Нек излезат со список каде ин место во јасли. Ако се бара реалност од мајките и власта нека е реална! Каде има место?
А така ! А колку тешко беше ова вака да го претставиш ? Јас не велам ние бели мечки сме. Три пати кажав погоре мерки за сите треба ,ама не можам јас да барам за сите ,така ? Вклучете се слободно никој на никого не му брани да се вклучи. Не е фер ,како што не е фер министерот за здравство да рече ,како што кажа да не се повторувам 100 пати. И кажав за тие што не почитуваат казни. Ете ти полиција нека си брка малку работа ,виде групирани мајки со бебиња или во ресторани кафичи нека казнува. На отворено е друга приказна. И никаде ама никаде не пишува до недоглед. Идејата е бранот да се преживее ,оти ако не прочитавте бебе на родилките се бори за живот. За немањето место како што знам оддамна е проблемот и не можи да се реши од денес за утре. Тука градинка прават од 2018. Предвидено да се отвори октомври 2019.... УШТЕ СЕ ГРАДИ !! И како да отворат места ај кажи !? Уствари се знае дали предложи комисијата за заразни болести било што !?
Абе многу ме нервира дека не прават малоумни,еј како мали деца не возат.Ти викат во Аеродром две години да чекаш,а ваму има место.Каде ? Во Велес?,Лудаци,а ние уште полуди што ги трпиме.
Коментарот ти е апсолутно на место, нема потреба да се дообјаснуваш. И точно таква беше состојбата лани, а не е ни сега поинаква. Во време кога за прв пат се соочивме со вирусот и кога никој немаше претстава какви последиците ќе има пандемијата врз сите нас, призорите на стотици мајки со деца и бебиња што ги имаа преплавено игралиштата и парковите низ градовите, додека државата непрестајно апелираше и надлежните молеа да се седи дома и да се избегнуваат контакти со цел да се спречи ширењето на вирусот, беа во најмала рака поразителни. Истите тие родители не чувствуваа ни најмала трошка одговорност за себе и за општеството и покрај тоа што беа ослободени од работа, а отсуството им беше платено од даноците на мајките и татковците што тој избор и комодитет едноставно го немаа.
Сее во ред ова ама ти имаш проблем што немате градинка во околината не ради Коронава. Јас така те разбрав. Вие треба што сте од местото да се соберете и кај надлежните да барате градинка да се отвори. Еве ќе го продолжат породилното на 5 месеци после тоа детето кај ќе го носиш? Проблем се градинките што местата се ограничени. Не шири паника и страв како починале бебиња никој не знаеме од што починал. Срамота е во уста да го ставаш бебето во својата мака. Барајте решение да ви се отвори градинката тој ти е ендиствениот проблем.
Кај прочита бе починало!? Ај читај пак те молам никаква паника не сакам да створам. Јас ќе ја запишувам во градинка подалеку додека да се отвори оваа ,уште сум на чекање. Само сакам да кажам дека не е едноставно да се зголеми капацитетот. Погоре имаше исто пишано за градинка аеродром проектот не знам од кога бил ама никако да се направи. Читајте пред да нападнете. Да се продолжи додека трае бранот не 5 години,ни 5 месеци не а не пак 5 години. Бебето не го ставив во уста за мојата мака ,го ставив за да кажам дека добив паничен напад кога го прочитав тоа!
Мајката е почината а детето родено пред време 30 недела нормално за таа недела да се бори за живот. Проблемот е местата во градинките а Короната ќе си трае и ќе си трае. Ти можеш да се заразиш од дома, тоа што седиш дома не си 100% заштитена. Мажот ти од работа може да ти донесе корона.
Ние живееме во село каде што има градинка. Од кога се отворија градинките до сега два пати бевме во изолација заради позитивна учителка на поголемата ќерка, а таа се на се за оваа половина година само два месеци дали има одено во градинка. Моментално сум на породилно и ја чувам и неа дома. Ова што се случува е страшно. Мислам дека би било фер да ни продолжат породилно па макар и да не ни вршат исплата само да ни плаќат здравство.
Па извини, но мажот ти ако знае дека дома има бебе, би требало дупло да внимава и почитува мерки ако не грешам. Па која работа и да ја работи може дупло маска, честа дезинфекција и отварање прозори врати.... Сите што ги знам дека се заразија и на работа беше зошто само со 2 ца колеги сме на раб, не носиме стално маски...абе пазат и они шо. Маж ми у лифт не влага ако има друг човек внатре....пазариме кога нема мн гужва по маркети и на раб е со н95+хируршка цело време, дезинфекзија. Па со многу позитивни колеги бил во контакт и не се зарази. Зборете како сакате, маските штитат.
Wtf? Што кажав невообичаено жити се'? Нормално дека не треба да се збирате (збираат) по лулашки, кафичи, игротеки итн. А тоа се случуваше и се случува.
Точно е дека многу родители ги злоупотребија правата што им ги дадоа заради вирусов, ама од друга страна имаше многу што седеа и се уште седат дома! А и ако глрдаме така, и трудниците што се ослободени пак си шетаат по паркови и молови, и што? Кое е решението де? Заради некои, сите се ставаат во исти кош, и не добиваат ништо, нема слободни места во градинка, нема кој да го чува, а нема ни пари за да се седи дома, и сега кое е решението?! Или тоа не е важно, снајдете се..