Тие мајки што седеа по паркови,љуљашки имаат кој да им ги чуваат децата или со флексибилно работно време се па си го дозволуваат тоа.И не е само за таму и за по дома не родендени,крштевки,слави ако не треба собирање не треба сами родителите и тоа е пред се себеси да се заштитиме.Од оваа причина и крштевка кога правевме лани никој не викнавме , ниту сега прибирам некој по дома. Ама ретки се тие како мене, сите си викаат епа како мајка татко да викнам,па брат,снаа,братучеди и така се редат до 10то колено. Чист пример беше за нова година кога викаа да не се собираат,а кај мене во зграда рокаше музика и собрано по 20 души и им викнав полиција дали ги казнија или не не знам али кога веќе јас си ги почитувам мерките очекувам и од другите утре ден во лифт истиот тој ќе влезе и ете ти ја заразата. Кратко кажано се додека има дибек народ нема да се среди ова.
Ако се продолжи породилно или слични мерки за родителите. Се согласувам дека треба да се со послњдици за непочитување на насоките за заштита од вирусот. Ама во нашава држава никој не сноси одговорност за непочитување на мерките така да џаве е се. Да се казнуваше и да се водеше ред немаше да стигнеме до оваа состојвба
И јас сметам дека решението на проблемот не е во продолжување на породилното, туку во отворање на нови места/проширување на групи во градинките. И да се продолжи породилното отсуство, тоа ќе биде месец, два, пет, до стивнување на бранот. Не може до недоглед да се продолжува породилното, ниту пак по стивнување на бранот, родителите ќе имаат решение кој да им ги чува децата ако нема доволно места во градинките. И секако, предност за запишување во градинка да имаат деца чии двајца родители се во редовен работен однос и стварно нема кој да им ги чува децата. А не да фаќаат место, а деца не носат во градинка оти додека има корона ќе се снајдуваат, ама местото не го отстапуваат.
ашто. Да прават родителите ако мајката останала без работа, т.е. по породилното не и продолжуваат договор и неможе да достави потвра за работен однос а сака да почне да работи? Како таа мајка ќе го згрижи детето?
Kako toa ostanala bez rabota a saka/treba da pocne da raboti posle porodilnoto? Ako pocne na novo rabotno mesto ke bara potvrda od noviot rabotodavec.
Ова баш не е во ред, мои блиски напуштија кога беа затворени градинките за да чуваат деца, кога ги отворија бараа потврда од 2 вработени, потврди имаа тие што се снашле неколку месеци екој да им чува деца, овие баш што немаа друг излез освен да напуштат не им ги примија децата, немаа 2 потврди.
Да, ама колку луѓе напуштија работно место или плаќаат приватна градинка/дадилка, а во државните градинки место чуваат деца што не одат во градинка оти има кои да ги чува? Види, не е утопија, знам. Ама колкав е процентот на мајки што баш после породилното ќе останат без работа? И што ќе им смени на тие мајки +2-3 месеци продолжено породилно отсуство?
Како што ќе им смени. Исто е да живееш со една и со две плати? Може секоја да се снајде да има кој да го чува додека таа да почне на ново работно емсто па да вади потврди документи за градинка дали ќе го примаат,па кој да го носи на адаптација ќее ја пуштат од новто работно емсто ? Не е подобр аопција да може и таа да го однесе во гградинка да се адаптира па да почне со работа? Значи како што кажав и претходно. Немаа на сите да им биде погодено, ќе има оштетени секогаш. Што и да се направи нема да биде добро за сите. Така да до утре може да се објаснува дали и зошто треба или не да се продолжи породилното и да има можност и мајките кои не се во момент вработени д а ги запишат децата во градинка. За да можат да почнат на раат со работа и да заработуваат за опстанок.
Ајде и јас да се пријавам Беба ми е кенкава и во раце, не можам да стигнам сите да ве прочитам, но големо ДА од мене!
https://forum.femina.mk/threads/Ини...-породилно-отсуство-поради-пандемијата.32517/ овде за да ке најдеш што да направиш
Не, не е исто со една и две плати. Ама и не е фер некој да откажи од работа, само затоа што друг држи место за дете што не го носи во градинка. Идеално е ако направат групи за да се адаптираат сите деца, без исклучок. Ете, услов нека е редовно носење во градинка, со исклучок на болни деца со потврда од матичен педијатар. А продолжување на породилно кој колку ќе фати (јас 8 месеци+, ти месец и пол) нема да ја смени ситуацијата ни со короната, ни со потребата за градинка. Тоа е само одложување, а не и решавање на проблемот.
Еве јас лани во септември останав без работа (ми заврши породилното и не ми продолжија договор). Во октомври ми се отвори шанса за ново вработување во образование,и иако е слична бранша со градинка и знаат како стојат работите со согласности и пријавување,во градинка не сакаа да слушнат да примат дете без потврда од двајцата родители. А не можеа да ми издадат потврда од работа бидејќи почнав да работам не пријавена додека се среди административниот дел. И така си почнаа со боледување мајка ми,па маж ми,па татко ми и среќа што за 3 недели беше адаптиран малиот. Да не зборам дека околу 6000ден не чинеше ова "задоволство" (кога им скратија на сите тројца за боледувањето)
Да не заборавиме дека има куп родители кои работат на црно и воопшто не можат ни да поднесат документи за градинка.
И такви родители што седат дома и носат потврди од фирми ,во кои се пријавуваат еден месец за да земат потврда
Па не земаат, оставаат работа. Сакав да кажам колку е лош системот кај нас, неправедно е за тие што немаат. Еве јас имам пријатели кај кои мажот работи на црно, жената не може затоа што нема кој да го чува малото. Мене не ми е јасно како им се исплати да даваат 5500 ичи 6000, колку беше придонес на државата, само за детето да оди во градинка. Подобро во приватна нека оди. Или само еден месец се пријавуваат а потоа даваат наводно отказ? Зарем и тоа не е регулирано? Се согласувам дека ги има ама се помалку од оние кои немаат избор.