Еве признавам дека ми е убаво што не работам. Искрено пишивам, не работам и уживам во секој момент со син ми веќе 20 месеци. Не можам да обвинам некоја мајка ако не сака да оди на работа во маркет, во фабрика, или било каде за 15 000, каде голем ризик од зараза, па и платата за никаде. Тие 15 ни се доволни за живот а без нив не бива. Кога можат да земаат административна плата а да не одат на работа, направија споменици, тренираа магариња, јадеа индиски орев рачно превртувани во релна додека се печат, зошто да не го отворат кесето и сега?
Платено е 9 месеци а за понатаму не е. Јас бев ослободена само кратко додека бев бремена а сум здравствен работник.Контакт со болни - секојдневно.Ризик да се заразев и јас и бебето - ненормално голем. Значи спаѓав во ранлива категорија, но рачунај кај приватник да си ослободен треба да си среќник. И покрај тоа фала им што макар на тој краток период ме ослободија.Треба да се вратам на работа кога бебето ќе е 7 месеци(порано зедов породилно) Не дека така сакав, морав. И сами знаете колку родилки изумреа од вирусов јас не планирав херој да изигрвам ни тогаш а ни сега. Во приватниот сектор боледување е мисловна именка, ја немаме сите среќата да сме во јавна администрација.
Па погоре и баш за вас напишав - здравствените работници. Иди наназад прочитај. И боледување, ако си болен нели, можеш да земеш, и државно и приватно. Од каде тоа дека е мисловна именка? Околу мене сите до еден се приватњаци, само јас сум во здравство. Кога се болни - земаат боледување. И нормално дека е платено 9 месеци. Толку е породилно. Колку родилки/деца изумреа? Не знам, кажи ми еве точна бројка. На сите ни' е мил животот патем.
Епа ако сите седиме дома, кој ќе не' лекува, кој ќе ни' произведе храна, кој ќе ни' ја продаде храната? Каде ќе наточиш гориво? Што треба за сите? Дома да седиме? Кој ќе наполни буџет ако никој не работи?
Па и вака не е нешто подобра ситуацијата, посебно за тие што се обесправени и немаат излез. Може да се функционира и на потешкиот начин, како во село без струја и вода. Заради тие удобности од кои не сакаме да се откажеме е вака т.е. дојдено е до тука. Како и да вртиш, ако немаш пари целосно си 'отепан', за никаде не си. А со пандемијата тоа е уште поизразено. Се покажува агресија кон жени кои бараат место во градинка кое го нема. Имам впечаток дека на прсти се бројат тие што не сакаат воопшто да работат а сакаат државата да им плаќа. Голем дел од семејствата се со мала плата а на ризично место, па капак нема кој да им го згрижи детето.
Жити удобностите, струја, вода и храна. Основни потреби за живот се тоа човече. Срам да им е на овие што замисли, пијат вода у пандемијава и јадат ко луѓе.
Колку се раширил муабетот, до производство на леб, е па нема ни тоалет да има не само леб, за тоа луѓето лани си купуваа квасеци и тоалет, тоа ти се основни услови за живот. Не знам ни јас што кажав ама не знаете и вие кај терате со темава само добро е додека е контра.
Не бе, таман си е. Ако не се согласуваме со вас не значи дека не знаеме што зборуваме. Пошто мајките имаат секакви професии, од хигиеничарка до директорка, за сите си збориме. Се' е ланец. И секако дека тие што се вработени треба да си работат. Должност на државата е да обезбеди згрижување за децата, а не вечно породилно. И пак, немојте само - ама јас си знам за моето дете. Кул. Пошто секој само за своето си знае, време е една петиција па да престанеме да бидеме социјална држава. Секој за себе само.
Абе може и метеор ќе удри ако се продолжи за 2-3 месеци породилното, стварно се шири непотребно, ќе застане светот, реално колку жени моментално има на породилно во секоја фирма? Слушнале газдите за договор на определено или договор на дело, во секое време може да се најде привремена замена, и така они не ги плаќаат родилките на породилно. Ама да ќе се оштети буџетот може ќе ги потрошиме парите со кои министрите јадат по кафеаните или не дај боже да не остане за патни трошоци за пратениците, ај стварно греота се, како ќе дојдат до собрание да ни ја поебат државата. Така е овде и така ќе остане, ако некој се дави бутни го побрзо нека се удави да не се мачи барем.
Измислуваш работи што буквално никој не ги кажа. Не, нема да удри метеор, ама не е решавање на проблем. И газдите (оние истите, мхм) што не ослободуваа бремени иако мораа, се истите што ќе накалемат на некој друг.
Нели пишавме понапред? Барање да се зголемат групите. Затоа што нема место. Или што знам, да ги прашаме од лани, пред тоа што правеа?
и ако нњ ги зголемат? Лани не знам што правеа затоа што до септември беа ослободени од работа и беа на продолжено. Групите се формирани сега. И? Најлесно е да се соли памет кога не си на некој во кожа. Јас ќе си најдам чаре, приватна секако ми е опција, ама имам емпатија кон оние кои немаат опција. Еве да немав, не знам што ќе правев.
Оти бе се вртиме во круг? Коментарот беше дека од одма се бараше продолжено породилно, а не зголемени групи. Па после сто и една причина за второто. Емпатија секако, само према сопствениот проблем. Према туѓиот, он нека си мисли. Што да направат - не знам, еве ти кажи ми како поупатена, што правеа сите изминати години, не само лани? Проблемот со градинките не е од лани. Јас тие што ги познавам знам што правеа, еве ти кажи ми што правеа пред 2г. кога немаше место во градинка.