Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се продолжи постоечкото породилно отсуство поради пандемијата?

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 28 март 2021.

  1. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе се вратам на работа, бебето ќе го оставам само да си се гледа дома со свекор од 70 години кој за него не може да се грижи, не па за бебето.

    Дадилка неможам да си дозволам, мојата плата ќе треба да и ја давам нејзе и да живееме само со на маж ми платата. Тоа ќе биде преживување не живеење. Не платено не ми одговара ради кредитот. Колку уште како мене има вака? Ако не сте во слична ситуација ве молам барем воздржете се од коментари, не можете да знаете кој каква мака си носи, не дотурајте само сол на рана.
     
    На azelea, Маја Т, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.576
    Пол:
    Женски
    Епа тоа го вергламе, затоа најидеално решение е да има доволно места/градинки.
    Во твојата ситуација и со продолжено и без продолжено породилно, пак ќе нема кој да ти го чува детето. Продолжувањето ќе го одложи проблемот на одредено време, нема магично да го реши.
     
    На Milkiway, duffi, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Точно, нема да го реши но нема да се реши ниту проблемот со градинките. Во нашава вукојебина ние сме на последно место и не се ни замарат за тој проблем. Лично познавам многу мајки што не ги пуштаат децата во градинка а држат место, мора и тоа да се реши.. еден куп работи се поврзани, ама кој да ти каже Ивана
     
    На azelea, IRBBB и Осе им се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Ако прочитавте наназад и во текстовите што се договоривме да ги праќаме до институциите бараме места во градинките! Ова продолжување како последна опција додека ги обезбедат местата.
     
    На Milkiway, Brpbrp, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    Во последните текстови можеби, другата тема не ја следам.
    Првобитно не беше така, затоа и се разви дискусија.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ја отеравте темата у ...
    Значи проблемот ,е што има пандемија и ни е страв да живееме !
    Ама ај како сакате ,нека има 400 души во група јебеш ли га!
    Јасно ми е се уште ко се дрзнавте да ми го направите мој личен проблем !
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    После овој коментар, излишна е секоја дискусија. Тоа не е емпатија. Тоа се вика себичност.
     
    На firequeenn, azelea, SuperGirl24 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.576
    Пол:
    Женски
    И јас сум исто како тебе изреволтирана и за тоа што на државата ја заболе пајпата дали на Петкана и Трајанка има кој да им го чува детето и тоа што Станка држи едно од 5те места во градинка, ама не оди на работа, сама си го чува детето.

    Затоа сметам дека решението треба да се насочи кон решавање на проблемот со градинките, тоа е приоритет. Како, не знам, тоа е државен проблем. Дека постои начин, убедена сум дека постои, само треба луѓе што се расположени да се занимаваат со долгогодишен проблем.

    Е ако веќе се реши тој проблем и после некоја мајка не сака да го носи детето в градинка оти има пандемија, не е адаптирано, не ѝ се допаѓа воспитувачката и шо знам шо друго, тогаш нека си даде отказ од работа и фино лепо нека си го чува сама детето, ако не е во можност да плати приватна градинка/дадилка.
    Не е фер поради личен проблем, таа да е на платено отсуство, едно на државен грб, друго на грб на колегите што ги покриваат и нејзините обврски на работа.
    Ако не дај Боже се работи за болест, постои боледување.

    @SkarletOHara во оваа тема дискусијата водеше во насока за продолжување на породилното отсуство. За градинките беше спомнато само дека нема доволно место, што е уште една причина за продолжување на отсуството, а не главен проблем.

    @Осе на сите им е страв, не само тебе. Ама не можи да запре светот.
     
    Последна измена: 3 април 2021
    На SuperGirl24, AngIv, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    111.865
    Пол:
    Женски
    И мене ми е страв ќерка ми да оди во градинка. Ок, не е бебе 3 години има. Ама ете мора да оди и оди.
    @IRBBB погоре кажала сѐ што мислам.
     
    На SuperGirl24, AngIv, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    @IRBBB е јас сум револтирана дека министер за здравство постои за да ги заштити луѓето не да вели ме боли мене стапот каква е ситуација со вирусот ,ајде да летаме.
    Комисијата ќе одлучи за Велигден дали треба мерки...
    ЗА ВЕЛИГДЕН ,еден месец после пикот со по 50 починати!
    Едно од двете решенија е светот да застане.
    А пошто за другото се неспособни ,барем нека го запрат.
    Вакцини донесени во недела ,чекај од среда ќе почнеме ,нели се беше спремно ?
    Амаа да заборавив од среда за среќно да е ,така !
    Си играат со нас ,тие што ги знам во здравството велат хаос е ,не дај боже да треба да одиш за било што не пак за корона. Тој вели кревети имало ,што рече лексикон ,ко за хотел да прави муабет .

    Ама добро и јас упорна ќе се објаснувам. Ете имаше заклучок не ми се оди на работа.
     
    На Snowflake92, Inana123, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Што според тебе треба да прават мајките?
    Воопшто никој да не работи од нив?

    Ситуацијата е ваква цела година. Не е од вчера. А ќе биде, уште долго.
     
    На SuperGirl24, AngIv, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.576
    Пол:
    Женски
    Во право си за сѐ. Све је отишо у Хондурас.
    Ама се плашат и бремените што одат на работа, се плашат и мајките што имаат дечиња поголеми од 1 година, се плашат и мајките што имаат и повозрасни деца со здравствени проблеми, се плашат и возрасни со хронични болести, се плашат и здравите, на сите ни е страв. Ама, нема можност светот да запре, нема можност никој да не оди на работа. Секој се бори и се снаоѓа како умее, за жал.
    Ова не е само твој проблем. И мој е, и на сите. И сите треба да бараме државата да ни го реши.
     
    На SuperGirl24, AngIv, haruki и 2 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    111.865
    Пол:
    Женски
    Друго е? Како е друго? Ич не е друго.
    Ќе видиш коа ќе има твоето 2-3.
     
    На SuperGirl24, candy.cane, haruki и 6 други им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.131
    Се извинувам ама моето дете и моето здравје, не се повредни од твоето! И од ничие друго.
    Сосем исто е.
     
    На SuperGirl24, candy.cane, andromedae и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.092
    Пол:
    Женски
    Болдираново, јас се согласувам со ова. Па зошто ако нема како да го чува некој, не е во можност.....зошто да раѓа деца?:wasntme:
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ааа вака не чини


    Кај реков јас да не се бунат и другите ??
    Бунете се сите ,приклучете се. Ќе напишеме за деца до 10 години ,за хронично болни ,за се.
    Бремените како што знам се ослободени ( знам дека не е сегде така и јас одев на работа ,тогаш по свој избор)
    И јас да знаев дека пандемија ќе се развие не раѓав сега ете.
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Факт е дека треба да се изградат градинки уште од поодамна не од сега.Али што мислите за колку време би можело да се изгради една градинка? Они една улица асфалтират 3 години, а не пак градинка.За колку би ги зголемиле групите за уште по 5 деца? Во ред ете нека ги зголемат ПАК Е МАЛЦЕ.Никој не вика ние да седиме дома цело време и да земаме пари али колку што државата не оштетува нас толку имаме право и ние да ја "оштетиме " државата.Ние ќе си ги носиѓе децата во градинка никој не вика НЕ али нема место, тоа немаше место кога не беше пандемијата, а сега па бетер.
    А децата во градинка би се заразиле од ненормални учителки и негователки и од родители што патат за кафани,кафичи и гужви па си го бутаат носот сегде.Сите да си се воздржат од одредени работи еден период немаше да дојде до ова.

    Да се сетиме зимово кога падна снег на Шапка колку луѓе имаа отидено таму? Паркови,љуљшки,зоолошка, итн.Се додека има себични луѓе и си мислат само за себеси се вака ќе биде
     
    На Inana123, naturallmess и Осе им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    На сите ни' е страв, не само на тебе.
    Тоа се ваши зборови и ставови, не мои.
     
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Па ако им викаш на мајките што праќаат деца во градинка моето и вашето не се исти, да, твој личен проблем е темава.
     
    На candy.cane, andromedae и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Нигде не реков дека вие сте мајќи или не мајќи ,или само мене мк е страв , напротив ,барам поддршка и приклучување од сите на кои што им е страв . Ќе се побара и за нив во писмата. Ама ете мој личен проблем е ,јас од уста сакам да ви го земам лебот и не ми се работи !

    Кажете поддржувам/ не поддржувам заради ова и ова и ја чао ,што има потреба да се караме и вреѓаме !?
    Секако министрите и премиерот не слушаат од хилихоптерот и од кавгите со претседателот дали ке или не е срам што пола Македонија замина Србија на вакцинирање.

    Гледај реков нема да се објаснувам...(facepalm)(facepalm)(facepalm)