Барем полека излегува на виделина она што го реков претходно. Греота е на сметка на своето дете да лачиш финансиска корист.
Напишана е таа реченица да од мене ,видов како сфатија и ја избришав имав време ми се можеше бидејќи тоа не ми беше целта. А поназад некој пиша и што баравте да раѓате сега па не ни пробала ја оправи грешката.
Не сум сигурна, ама мислам дека е сарказам напишаното, не буквално да се сфати. Понапред напишаа и дека не се исти децата на луѓето од есенцијални сектори и другите деца, овие првиве.. јебига таква им била среќата. Што треба тоа да значи? Ако планираш да работиш во есенцијален сектор - не раѓај? Оти твоето дете е помалку дете од некое друго? Еве не знам како да те сфатиме, страв ти е, ама на сите ни е. Без оглед дали сме мајки со бебиња или 3 годишни деца, или имаме болни родители, или планираме бременост, или ни е страв за сами себе, реално на сите ни е страв. Не може да застане светот затоа што се плашиме. Секој ден се плашам една година, и пред да се заразам, и кога се заразив, и после тоа, и кога примив прва вакцина, и кога примив ревакцина, се плашев. Уште се плашам. Ама не престанав да работам иако умирам од страв (најмалку за себе) а најмногу за сите што ги сакам и ми е страв дека ќе ги изгубам.
@CameliaMiller Не ,не е Еве и ти кажав како сфатив ,не ми одговори. И јас кога не сум рекла такво нешто ,ниту сум го поддржала. Нема потреба да ми се става во уста. Сите се деца и сите се плашиме ,затоа место осудување треба да се поддржуваме ,ама што знам пак јас.... И еве го моето мислење во однос на тоа. Сега стварно толку од мене на темава. Наздравје вакцината ,се надевам ќе помине без потешкотии ,и да ве штити сите од чудово. Добро здравје!
Првиот цитат беше одговор на: да бидеме на породилно до кога има потреба. Може пандемијава ќе трае уште 5 години, до тогаш да сте на породилно? Ако е така, дете денес да родам, до прваче дома ќе го чувам. Барем читај на кого сум реплицирала и зошто тоа сум го пишала. За вториот цитат, не е фер према никого, моментално животот и светот и државите не се фер. И према тие што немаат деца не е фер. И према тие што имаат 70 години и живеат во 4 ѕида без блиски до нив. Не е фер. Ама не можеме да седиме дома. Затоа, да повторам 150ти пат, децата треба да се во градинка, родителите на работа. Посебно зошто сега пред зграда да излезам можам да ти пратам слика за меѓукомшиско дружење на деца и возрасни. Ако бебево може да седи со сите нив, може и во градинка. И верувам дека има такви што не се мешале со други луѓе, што кога излегуваат држат дистанца и не дремат со други родители, и нивните деца не се мешаат со други деца, ама сликата на терен не е таква. Ако не е опасно да одат по игротеки, не е опасно да одат ни во градинка. И за во градинка упис треба и мора да се ангажира државата. Не за "до кога треба" породилно. И впрочем, места во градинки со години наназад нема, што мислиш дека правеа мајкиве? Породилно не беше продолжено, освен лани. А пред тоа?
Како ќе трае пандемијата уште 5 години? Вакцини нешто, макар и донирани, се оди на тоа да се среди ситуацијата. Дотогаш ти се расправаш со мајки на бебиња за неколку месеци плус породилно и колку биле себични. Во држава во која од памет за две минути можам да ти набројам еден куп привилегирани без заслуга и трошење пари на глупости. Кој може дома со партнер и помош да чува -не треба да носи дете во градинка, за свое здравје, за детето и за тие околу него. Кој може да си дозволи жена -треба да земе жена периодов. Кој може во приватна -приватна. За оние на породилно нека се продолжи породилно и во градинка да останат тие што ептен нема каде и кој, па така ќе се изретчени сите и со помал ризик. Солидарност. Дури да се вакцинира поголем процент. Ама не, зошто на Трајанка -да, на Петкана пред 3 години -не. Оти немало факинг пандемија од која умираат луѓе.
Знаеш уште колку ќе трае? Ако знаеш, сподели те молам. Од лани ова време наредни 2 недели се клучни. А јас до кога и со кого ќе дискутирам, навистина не знам зошто тебе би те интересирало.
Не, немаше. Патем, ниту сега деца на се вакцинираат, ниту во скоро ќе се вакцинираат. Така што имунизација на деца уште долго нема да има. Второ, се појавија мутации на кои вакцините не делуваат.
Одеднаш луѓе кои лани ќе даваа отказ од работа поради своето куче бараат од другите самосвесност и риалити чек (патем, дел се од медицинската фела). Извинете на упадот, мораше.
Кој муабет го вртам? Нели децата да ги заштитиме? Како се заштитуваат без имунизација? За мутациите на кои не делуваат има на долго и широко во соодветната тема, слободно прочитај. И не, никој не знае дали пандемијата ќе трае уште 5 месеци или 5 години. Можеш и да ме цитираш, не касам, а вакво сељачко понашање немам ни намера да игнорирам. И да, видиш, и на темава кажав дека ми е убаво дома. Ама не очекувам државата и вработените вечно да ме плаќаат за јас дома да си седам од какви било причини. Отказ е вистинскиот збор
Месец дена боледување без значителни симптоми. Некоја после 10 дена со болки на работа. Зошто Петкана само 10 дена а ти 30?
Камо да бев 10! Си стојат постовите, и нема да измислуваш. Едит: ако имаш нешто на темава да кажеш, секако ќе дискутираме. Ама немам намера повеќе да одам оф топик со тебе и очајниве обиди за дискредитација, за нешто што нема врска со темата во која се наоѓаме. Во таа смисла, секој нареден коментар за мене како личност, ќе го пријавувам, бидејќи ако не знаеш да дискутираш, не е моја должност да трпам напади без никаква основа.