Едит: ако имаш нешто на темава да кажеш, секако ќе дискутираме. Ама немам намера повеќе да одам оф топик со тебе и очајниве обиди за дискредитација, за нешто што нема врска со темата во која се наоѓаме. Во таа смисла, секој нареден коментар за мене како личност, ќе го пријавувам, бидејќи ако не знаеш да дискутираш, не е моја должност да трпам напади без никаква основа.
Нападите кон тебе не се ништо поразлични од твоите кон мајките на породилно. Барале породилно за да се шетаат со децата по игралишта додека некој р'мбал за нивната плата. За твојата кој р'мбаше?
За неа знаеа дека по 20-30 дена ќе се врати. Ова со породилното е додека трае пандемијата. Тоа не знаеме колку ќе трае. И да, може да трае 5 години.
Кога со нечие мислење не се согласуваш, тогаш авторот на мислењето е сељак. Пеки. Можам да цитирам, а и не морам. Многу боде очи изјава од лекар дека ако треба ќе го изигра системот за свои лични потреби, за подоцна да изјави: 'ако не па сите да не работиме!' Ама што знам па јас, може во урбаните кругови така се декларира професионалност и емпатија.
1. Не сум лекар 2. Давање отказ не е изигрување на систем, напротив 3. Кога со нечие мислење не се согласуваш, аргументираш зошто не се согласуваш. Барем на форум е така. Не измислуваш лаги за него. @Bridget на ниту една на темава не тргнав да и' дисецирам кога била на боледување, колку седела, дали детето и' е запишано во градинка ама не го носи, дали има свекрва или баба, ништо од она што ти го правиш. Бидејќи не се сеќаваш, сама најмалку 10 дена пробував да го прекинам карантинот. Ме менуваа истите кои јас ги менувам кога се болни. И тоа нема допирна точка со породилно отсуство кое ќе трае "до кога и да треба", а не боледување, различни работи се. Моето (и сечие) боледување трае додека не оздравеш или не умреш, ако е повеќе од 2 недели секогаш има замена. Кога мои колешки се на породилно, не им ја работам работата, ниту тие мене, кога мене би ме немало толку долго.
И?? Ај молим те претера веќе. Ко од уста да ти земаат тебе. Пишала фино @Leksikon, сега е критично, сега има потреба. Типичен пример на жена на жена душман. Ваквите ко тебе на пешачки ме прошишуваат со две деца. Нели, чим сум излегла со две, можам и да чекам. Или размислуваат, види ја оваа по паркови ака со децата, а корона има! Што себичност лежи во размисчувањава чудо едно!
Како не? Како знаеш колку деца има надвор, на лулашки, дали тие деца се на родители кои бараат иницијатива за продолжено породилно па ги напаѓаш дека барањата им се лажни и за лична корист? Ако не знаеш, зошто пишуваш? За боледувањето, трае додека си болен и неспособен за работа. Од тие 30 дена 20 секако си била способна за работа ама ко што тебе не те интересира зошто на некој би му продолжиле породилно, јас исто можам да кажам дека не ме занима зошто ти продолжиле боледување толку долго. Искористуваш систем, крај. Ако тебе те менувале колешки, тие што се на породилно ќе ги менува таа што досега работела за нив на породилно. Како знаеш дека не земаат човек за замена туку им се предава работата на колешките? Нели не водиш евиденција а излегува дека знаеш во секоја фирма како се работи. Или само си збориш тоа што ти одговара?
Да, таквите како мене. Се познаваме? Немате поим од дискусија. Ваквите како мене, таквите како Трпана, додека пишувам седејќи на тераса, фул дружба пред зграда битно јас не сум сочувствителна, абе ајде.
Во 2020 се декларираше како медицинско лице. 'Лагите' се твои изјави од темата 'Корона....', кога ќе имам волја некогаш да сум Шерлок, ќе ти направам копи-пејст.
Епидемиолошката состојба е ваква каква што е и на оваа епидемиолошка состојба дозволени се 6 деца во јасли. Истава, може да трае 5 години. И сеа на породилно да се 5 години? Х години? И башка, акцентот е дека им е страв да ги пратат во градинка, оти пандемија има.
Супер, уште да го болдирала и тоа БАРЕМ ДО ЈУНИ ... ама тоа е. Слатко ме изнасмеа да ти кажам. Има луѓе кои што го забележуваат само тоа што ним им одговара...
1. Никој конкретно не посочив, напротив, повели цитат од истава тема. Досадно е исто да пишуваш цело време. 2. За карантинот, нема да дискутирам затоа што имам повеќе од доволно напишано, кој го интересира ќе види. Ако сакаш да дискутираме за карантините тогаш и сега, дека беа ослободени сите кои имаа запишано деца во градинка/школо до 10г., хронично болни, бремени итн. секако, во соодветна тема. Јас ничиј живот не дисецирам, нема ни ти мојот. 3. Како што ти не знаеш се', не знам ни јас се'. Зборувам за примери од личен живот. За ненаоѓање замена, за неослободување, итн. На ниту една овде не и' дисецирам живот ниту барам објаснување за лични ситуации, за разлика од тебе. 4. Нема мене што да ми одговара или не. Дискутираме на тема што лично не не' засега ниту тебе, ниту мене.
Слободно. Никогаш и никаде не сум се декларирала како медицинско лице, напротив, многу пати имам потенцирано дека не сум мед.лице и немам ниту мед.образование.
Па гарант ќе си ме згазела на пешачки некогаш, така да се знаеме. И кај мене пред зграда, се бебиња излезени да играат. Да стане малово и ќе ја носам да си игра А на кој не му е страв?? Мене ми е страв. Не велам не. Ама мора да се работи. Јас имам опција и работа од дома. Ама работа и бебе чување не иде заедно. Така да ќе се снаоѓам. Ако не можев да се снајдам? Кажав уште во првиот пост дека мора да се зголемат капацитети на градинки. Тоа е реално барање. Ама ако не се зголемат, мора да се најде решение за тие кои немаат друга опција освен градинка. Неблагодарно е да правиме есап за други.