Следно мафни, не биди stranger Како бе вака си измислувате? Да почнам и јас? Едит: не си играат бебиња, туку мали деца. И така беше и кога градинките беа затворени. Родители седат заедно на куп. Не е страшно детето од 3 години што си игра, или мајкава што седи со уште 4-5 да се зарази? Ми почина роднина од внуче заразено патем. Никој не можеше да и' докаже дека не треба да дреме со другите баби додека шета внуче. И не е дека само одредени родители се во прашање, него во таква тема сме. И баби, и тинејџери има на куп. И да не се правиме наудрени, дека буквално игротека затворија поради непочитување на мерки за дистанца. Епа не знам, кој оди во игротека, ако не родители и деца? И како знаеш кој може, кој не може да се снајде? Имаш начин да знаеш?
Ти кажа. И со тоа и јас се согласувам без оглед на короната. Ама мој впечаток е дека нивното барање не е во тој контекст во кој ти алудираш. Твоето е ок, нивното не е Пошто, членката си го избриша коментарот, ама пиша друго е дете од 7 месеци друго е од 3 години. Значи и да има место таа дома сака да седи пошто и е страв за 7 месечното бебе и треба јас да ја поддржам да речам да, седи дома ти, јас моево ќе го носам мене не ми е страв, моето јако дете е дууууури 3 години има
Јас се согласувам и со тоа, и со 18 месеци стандардно породилно, потпишував петиција уште кога деца на ум не ми беа. Само што темава почна (не знам како е во другата сега, не ја следам) со како што рече @lovestoneddd чист опортунизам, затоа и се разви дискусија. Да беше реално барање - создавање на побројни групи, макар и приспособување на други објекти кои сега не се во употреба за помали групи, како училишта на пример, сама ќе ја поддржев иницијативата и ќе агитирав за истата. Ама ако тргнеме со ставот "страв ми е, сакам дома", епа... сите сакаме, на сите ни' е страв.
Не ти било проблем да потпишеш петиција за 18 месеци породилно што е многу дискутабилно, но сега во време на пандемија кога попаметно би било што повеќе луѓе да се дома дури не се среди, тебе проблем ти е пошто треба сите исто да се во срањево? Зошто ти да работиш а друга не? Ако не и докторите нека си седат дома, и полиција и фармацевти пошто штом мајки на бебиња седат...другите црнци ли се? Свашта.
Уствари темата тргна со тоа страв ни е да ги пратиме и јас тоа сосема го разбирам, и мене би ми било страв. Ама кога веќе нешто се бара, не може да се бара само за мајките што сега случајно се погодиле на породилно. Нека се бара затворање на градинки и школи подобро, па да седи еден родител дома дури се смири бранот, што мене ми е многу пологично отколку продолжено породилно, кое патем веќе беше укинато за некои мајки. А во темана за корона, штом се спомнат рестрикции плачки одма. И да, тотално игнорантно беше тоа со возраста на детето. Да не зборам дека 7 месечно бебе има 100 пати помали шанси за зараза од 3 годишно, ама тоа е.
Сериозно, ќе престанам да те цитирам затоа што се' ова што го пишуваш, веќе во истава тема (а и во други, ако си баш до толку заинтересирана за моето мислење) го имам напишано и образложено. Тебе не ти е целта да дискутираш, туку да провоцираш, и преочигледно е.
Па не дискутираш Провоцираш, се обидуваш да дискредитираш без доказ и измислуваш, за општа тема напаѓаш лично, башка што се уфрлаш без да прочиташ, а баш за се' ова имам пишувано во истава тема.
12 деца се дозволени,а одат 6 и помалку од 6 ,целиот проблем лежи тука,во организацијата и чувањето места.
Кај ќерче во група има деца на список кој никогаш не се појавиле, ни пред корона, а уште помалку сега. Деца кои оделе пред корона, сега не одат, а исто се на список. Нив ако ги средат, одма поинаку ќе е
Што измислувам? Темата е опседната од тебе, да пребројам на секоја страна веројатно имаш најмалку по две мислења, не ми е цела исчитана и не треба да ја читам цела за да може да пишувам. Одговарам на твои сегашни постови, што си пишала наназад не знам. Ако сметаш дека си кажала се' што имаш да кажеш и не сакаш да се повторуваш, зошто упорно те има на темава?
Ги поддржувам, не знам што толку расправање за уште некој месец да им се продолжи.Демек државата ќе се распадне заради мајките на породилно.
Измислуваш многу, ама ајде, во дадена прилика ќе се потсетиме. Иначе, тоа што ТИ ме прашуваш го имам кажано, а каде и колку ќе коментирам, не знам зошто те засега. "Памтиш" муабети од пред една година, а од пред 2 дена не Ок, ок
Ги немам прочитано сите мислења што ги имаш на темава, инаку, веројатно би ги запамтила. Не можеш да дискутираш со „тоа веќе го имам кажано еднаш". Ако сакаш да дискутираш ќе го кажеш толку колку што треба, ако не, повлечи се од дискусија.
Сериозно? Во која дискусија репетитивноста се смета за очекувана, позитивна, посебно во тема со 20 страни? И пак, дури и да треба да повторам, тоа што ме прашуваш не е во склоп на темата, туку изнесуваш тврдење (за нешто што не сум го кажала) и донесуваш заклучок врз основа на сопствената претпоставка што сум кажала. Тоа Бриџ, не е дискусија. Обиди за сарказам, превртување очи, измислици, шпекулации, не се дискусија. Може ич да не ти се допаѓа моето мислење, со тоа немам никаков проблем, ама настапите твои, и на @HelenaMuller која очигледно ми е фан бидејќи прв пат ја среќавам, а знае дека би дала отказ за кучето (тоа си го измисли таа, ама нејсе), немаат допирна точка со аргументи, туку со обиди суптилно да ме навредиш и демек сум контрадикторна. Ад хоминем не е аргумент, никогаш нема да биде. Со истиот ниту еднаш не се послужив во темава, а од неколку вас баш тоа се случи. И пак, ништо од тоа не зборува за мене како личност, туку за вашите способности за дискусија. Ако имаш намера да дискутираш, на тема за/против продолжено породилно, секако. Ако имаш намера да се занимаваш со мене, навистина, ќе останеш без соговорник од моја страна. Да не знаев дека ти е стилот тој, можеби и ќе ме испровоцираше. Ама се знаеме форумски Бриџо доволно долго, нема потреба. Биди ми со здравје.
Баш заради тоа што се знаеме и затоа што долго и редовно пишуваме, многу лесно е да превртиш очи и да посочиш на булшит што го читаш, пошто знаеш кој го пишува. Моето лично посочување на твој пример е многу пофер, поотворено и подиректно од твоето - сите мајки со бебињата на лулашки. Јас барам од тебе објаснување, ти зборуваш во ветер. Од кај да знаеме за која мајка зборуваш? Или сите се исти за тебе?
Не си ласкај до толку де, не следам урбани ликови. Ама кога некој ќе се жали на полициски час затоа што нема да може да биде со домашното милениче, останува врежано во меморија. А како што велиш, ако не си медицинско лице, а си се вакцинирала со Фајзер, тогаш остави ги помалку привилегираните да си ги водат битките како што знаат.
Ама не кажа сите, кажа дека додека траела мерката надвор било полно со мајки со деца кои се групираат. Што е факт. Исто ко да речеш тинејџерите се несовесни и се собираат по дома на журки, па тоа не значи дека сите го прават тоа. На темава, ако се продолжува породилно да се "продолжи" за сите чии деца треба да одат во градинка. Затоа што реално гледано, бебињата во јасли имаат помалку шанси да се заразат од 3-4 годишни дечиња. Ама сепак, единствено разумно решение е да се зголемат капацитетите во градинките. Инаку, не знам зошто упорно пишувате 6 деца во јасли кога се 12.
Е па нек си воведе ред државата. Мене ми викаат нема место. Чудно. Дтугарка ми и документи однесе и деца не пушти, па не и ги водеа во групата. Кога посака да ги пушти немаше место во нивната група. Си појдоа во друга. Не знам каде така чуваат место, а деца си одат