1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се продолжи постоечкото породилно отсуство поради пандемијата?

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 28 март 2021.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Буквално ти цитирав мислење за ова. Еве не сите, прочитај ги цитатите кон тебе. За ова со дружбите имам напишано, сега парафразирам: знам дека многумина пазат и почитуваат препораки, не се мешаат и не ги мешаат децата со други, но на терен секојдневно сликата е друга.

    Не посочив ниту една овде дека баш таа така се однесува, ниту еднаш. Но сите имаме социјален круг, социјални мрежи, се движиме и не сме слепи.
    Додека беа ослободени се однесуваа како на продолжен годишен одмор многу луѓе (и уште се однесуваат) и нема причина зошто да тоа однесување да се игнорира.
    И да повторам, пред да ме прашаш, истото важи и за неродители, но не сме во тема за нив.

    Исто така, беше затворена игротека, еве ако јас погрешно сум сфатила, кој оди во игротека ако не мали деца?

    На тема 18 месеци породилно, во конкретната тема не тврдам, но прилично сум сигурна дека имаме дискутирано, кои се моите ставови и како би требало, според мене, да изгледа.

    На тема булшит, глупо е мене да ми кажеш, кога барем би требало да знаеш колку генерално ме иритира опортунизам, го имаме дискутирано тоа во милион теми, посебно во оние каде што се опфатени безрбетниците од државен апарат.

    И пак, државата е должна да обезбеди место за децата да одат во градинка, а не некој чека 2 години, некој не носи дете ама запишано му е, посебно во овие услови сега.

    Продолжено породилно додека трае пандемија не е решение, затоа што нормално, ќе се раѓаат деца и понатаму, нема логика толкав дел од население да зема плата и да седи дома. А ако веќе некој добие такво нешто, треба да се опфатат сите што имаат деца до 10 години, не само тие што сега се затекнале на породилно.

    И темава почна не со иницијатива за решавање на вистинскиот проблем, а тоа се градинките, туку со желба да се седи дома до неодреден датум. Со таква желба се верувам многумина, затоа не е реална.

    Ако уште нешто те интересира околу моето мислење на темава, нема проблем да дискутираме. Воздржи се од обиди за ниски удари, не мора секоја дискусија да биде кавга, макар имале сосема спротивставени мислења. :)
     
    На VDT2906, JuLleE, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.706
    Пол:
    Женски
    Треба да воведе ред.Целиот проблем тука лежи.
    Имам во семејство што чуваат место 2 години,а не оди девојчето,сега велат може ќе тргне на есен.Во групава 3 деца редовно одат.
    Затоа нема место за тие што мора да одат.
    МТСП и општините треба да го решат ова.
     
    На haruki, eli25, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Хипотетички да речеме дека владата ќе го прифати предлогот за продолжување на породилното од 15ти април. Што е со мајките на кои на пример вчера им завршило породилното и од понеделник почнуваат на работа?
    Поради "сплет на околности" за нив нема да важи продолжувањето. И нивните деца се 7-8-9 месеци и и за нивните деца нема места во градинките.
     
    На deskarada, DAngel, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Можеше само да ми одговориш зошто едни здрави седат дома и земаат плата еден месец со ставка - боледување и зошто на сите не им следува толку без разлика како се чувствуваат?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Јас немам објаснување за тоа и бев против истото кога јас бев таа во карантин (не е боледување). Баш во постовите од тој период ако сакаш потсети се, пишував колку нема поента. И дури и да има поента, јас не смеев на клупа пред зграда да седнам, а не да излезам на воздух. Во 30м2 бев затворена 35 дена, и никому тоа не го посакувам, најискрено.

    За боледување од прва рака ти тврдам дека на луѓе што се болни им следува боледување, сега кога бев на преглед на пулмо, на човекот пред мене му напишаа боледување без проблем (конзилијарно) иако според деновите веќе му беше завршена изолацијата.

    Знам за случаеви каде што во приватен сектор бремени ги тераа да одат на работа, ама не знам за случај каде што не добиваш боледување ако си болен.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не добиваш еден месец сигурно ако не се чувствуваш лошо.
    Јас те прашувам тебе но всушност не ме интересира твојата лична приказна, пошто приказни имаме сите. Логично објаснување барам од тебе што си борец тука за еднаквост и правда, зошто здрави личности, не болни, добиваат месец дена боледување? Ако е грешка во системот, нека е грешка во системот и за неколку месеци продолжено породилно за некои. Нека е грешка во системот за сите со Ковид, без разлика дали имаат или немаат симптоми. Зошто да не? Зошто само ти?
    Не мора да си ти, нека е Трајанка таа што добила 30 дена боледување. Што ќе кажеш за Трајанка?
     
  7. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    дискусијава е правец за во категорија коронавирус, поготово што 90% од мислењата се од ликови што не ни ги засега ништо поврзано со бебе. (facepalm)
     
    На Leksikon, elimkd, merina.93 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Тој период сите добивавме толку, не само јас. Не знам сите што мислеле, ама со тие што бев во контакт во тој период, сите беа против седењето такво дома, без поента.
    Потоа, ваљда се увиде дека нема потреба, и не е така.
    Не знам што да ти објаснам, кога и според мене беше погрешно и не го гледам како придобивка, баш напротив.

    Сега без симптоми не се 30 дена (и тогаш не требаше, но мене лично ме заборавија и се мољакав да ме ослободат 2 недели некаде), туку 10. Со симптоми пак се 20+ денови, не ме фаќај за збор. Ако и после тие 20 денови човекот има проблеми, секако дека му продолжуваат боледување.

    Не знам дали се разбираме, не беше "грешка во системот" туку свесна одлука со која јас лично не се согласував, ни за себе, ни за други во мојата ситуација.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако мислиш дека седењето дома не е придобивка туку напротив, измачување, зошто мислиш дека мајките сакаат да седат дома за да уживаат? Тие едноставно се борат за својата неповолна ситуација во која се наоѓаат.
     
    На Inana123 и Осе им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Затоа што споредуваш неспоредливи работи.
    Седење во карантин (тогаш) како што и сама знаеш пошто пред некој ден зборувавме, значеше 2 пати дневно полиција на врата, и не смееш ни до влез да одиш.

    Ослободените не беа во карантин, и никој не им бранеше да шетаат (сами) деца во парк, да одат во продавница, да патуваат во викендица пример, итн.

    Поголемиот дел од нив тоа го злоупотребија (заедно со ослободената администрација, средношколци и други млади) и сме сведок дека се однесуваа како да нема пандемија. Не седеа дома, не им доаѓаше полиција на врата и никој не ги контролираше.

    Се организираа родендени на деца, мекици (за мајката ослободена и новороденчето кое треба нели, да се заштити од контакти), крштевки и што не.

    Не може да е пандемија само кога треба да си на работа/во градинка/во школо, а да не е за се' останато.

    Да не се разбереме погрешно, никаде не реков (и стојам зад тоа бидејќи и летоска истото го пишував) дека децата не треба од дома да излезат, @kukla21 баш твои мислења лајкував и поддржував на темата летоска, но злоупотребата беше преголема за да се игнорира.

    И мајките (и никој ослободен) никој не ги тера да седат меѓу 4 ѕидови, затоа не споредувај.

    Сепак, независно на ова, веќе образложив во претходниот пост зошто е нереално толкаво ослободување сега.

    Едит: никаде не реков дека сакаат да уживаат. Само стравот не е причина, зошто на сите им е страв. И на тие со 3, 5, 15 годишни деца, и на тие без деца, и на хронично болни, итн.
     
    Последна измена: 3 април 2021
    На lovestoneddd, ane.bella и fana им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Може да се воведе контрола на ослободените како што ве контролирале вас. Наместо сите во ист кош да ги ставаш, неодговорни и искористувачи, можеше едноставно ова да го предложиш.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Апсолутно никаде не ги ставив сите во ист кош.

    Државата не може да ги контролира зошто не може цело население да го контролира, освен со дополнителни мерки како целодневни карантини, кои види, во другата тема никој не ги сака.

    И за да биде таква мерка во ред, треба повторно сите да се ослободат, и тие што имаат поголеми деца кои се поподложни на зараза него бебиња.

    И тоа да трае со месеци, можеби и години, додека не се вакцинира минимум 70% од население, не се изнајде вакцина погодна и за деца, под услов да не се појават и нови мутации на кои вакцината нема да делува.

    Дали навистина мислиш дека е изводливо?
     
    На ane.bella и fana им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ништо не е изводливо, не знам зошто трошиме зборови. Поточно знам, јас од инает и досада а ти мислиш дека многу добра дискусија водиш и не сакаш да се предадеш. А во суштина тупиме и двете и ги досадуваме тие што не читаат.
    Чао
     
    На wendy2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво. Да прашам дали знаете дали трудниците се ослободени од работа поради ситуацијава?
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Сигурно сум те "поздравила" (highfive)
    Нема веќе чување место. Се јавуваат, прашуваат кога ќе почне. Ако не почне одма, чао џаци.
    Вакцини под рака. :)
    Од личен мој пример не е така. Другарка ми однесе потврди, документи и не ги пушти. Местп не и чуваа. Сега сакаше да ги пушти и рекоа пеки, нова група се прави, таму. А таа група од сите возрасти. Не знам каде чуваат место.
    Јас стојам на тоа дека треба на работа да се оди. Нема лежи лебу да те јадам. Јас сум за иницијативава само зато што не гледам дека државава има намера да го решава проблемот со групите во градинка. Кога не сакаш да го решиш, ондак породилно продолжи. Или нек им текне нешто сосема трето. Толку лешинари има во администрација, нек смислат чаре. Нек чуваат дец по дома.
     
    На Leksikon, azelea, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Што треба да значи "вакцини под рака", не разбирам?

    @HelenaMuller од двете работи што ги памтиш за мене, истреска цели две невистини. Не знам дали имаш проблем со памтење или карактерна особина ти е, сеедно.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Ослободени се.
     
  18. HelenaMuller

    HelenaMuller Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    843
    Пол:
    Женски
    Доволно офтопик отидов на темава веќе, не знам кои се двете невистини, ама провери си ги мислењата по форумов.
    Да се едитирам: ако сум во заблуда за твојата професија, се извинувам.
     
    Последна измена: 3 април 2021
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па како доби вакцина а викаш не си медицинско лице???
    Скандал беше со некој секретар од Струга/Охрид, а ти пропосно демек.
    Еве да има вакцини за сите јас ќе бев вакцинирана и помирна ќе бев да пратам дете во градинка.
    Ама тоа е . Ова е Македонија.
     
    На Martka, Leksikon, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Затоа што и немедицински лица работат со пациенти во ковид центри, нема ништо скандалозно, само управата беше изземена.

    Работам администрација во ковид центар и често сум во директен контакт со позитивни и суспектни, на работа и се заразив во јуни.

    Секретари, правници, финасиска служба итн немаа право на вакцина сега, ние останатите имавме, ништо не е "под рака".
     
    На Biljarkata, IRBBB, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.