Затоа што и немедицински лица работат со пациенти во ковид центри, нема ништо скандалозно, само управата беше изземена. Работам администрација во ковид центар и често сум во директен контакт со позитивни и суспектни, на работа и се заразив во јуни. Секретари, правници, финасиска служба итн немаа право на вакцина сега, ние останатите имавме, ништо не е "под рака". Во заблуда си, бидејќи мојата професија не е тајна на форумов. Прочитај го погорното мислење. И не, никогаш не сум тврдела дека сум мед.лице, ниту дека сакам да дадам отказ за да седам со кучето. Тоа е само твое погрешно сеќавање на нешто што си прочитала.
не би рекла. Точно знам кој беше во прв група за вакцина. Додека ти си привилегирана, мајкиве глава ќе чукаат како да се заштитат од коронава. Самите себе и децата. Убаво кажа, емпатија за себе тако звана себичност на дело. Затоа немаш разбирање за ситуацијата. Поздрав. Јас на напуштан дискусијава.
Дали ти би рекла или не би рекла не знам, ама ете прашај си посигурни извори, дали во ковид центрите сите што беа во контакт со пациенти имаа право на вакцина или не. Не јас, него сите немедицински лица кои работиме со тие пациенти (администрација, хигиеничари, ракувачи, IT сектор што работат на мрежите и поправка на компјутери, итн. останат персонал) имавме право на вакцина и пред медицински персонал од болниците кои не работат со ковид пациенти. Исклучок е само управата, затоа што е физички изолирана од пациентите. Не знам за каква привилегија зборуваш, али ок. И тоа "себичност" се однесуваше на моментот "јас си знам само за моето дете", и "не е мој проблем газдата и колегата", да, тоа е исто така - себичност.
Па затоа што тој по правило не требаше да добие вакцина. Реков дека само управата е изземена, секретарот спаѓа во управа. Ние останатите во директен контакт со пациентите имавме, и МЗ ги правеше анкетите и списоците.
Ако не си административец а не си ни медицинско лице,што си? Најсериозно не знам,можеби си кажала некогаш. И секретарот имал контакт со болни,помагал во носење боци со кислород ама го распнаа.
Немам апсолутно ништо против што било кој е вакциниран, напротив. Од лекари па до хигиеничари, сите треба да се заштитени. Мојот став на темава е дека треба да им се пружи поддршка на мајките во оваа ситуација, затоа што не се тие 'паразитите' во општеството.
Па сега одговорив дека сум административец во ковид центар, работам и со истории, и на шалтер, и мерам температура кога треба, и анкети земам, и на одделение по потреба сум, и на прием на крв за антитела, итн. Сите што сме во контакт со пациентите бевме на првата листа, затоа што со ковид пациенти работиме. Управата е физички одделена, затоа тие не добија право да се вакцинираат. МЗ ги направи листите, не е под рака.
Немал што да бара да носи боци, а ако носел и влегувал во ковид, требало уредно да го пријават за вакцина, а не на црно да го вакцинираат. Хелен, секако дека треба да им се излезе на мајките во пресрет, ама не е фер да ги делиме мајките по која основа си посакаме. Прво зошто фактички бебињата се со помал ризик од 3 годишните, второ затоа што не може за еден мајка, за еден маќеа. Да бараа мајкиве реално изводливо нешто, нормално дека ќе ги поддржиме. Или треба сите мајки на сите деца до 10 години што се сега, и ќе се родат за време (неизвесно колку) пандемија да бидат ослободени, а тоа во ниту едно општество толку долгорочно не е возможно. Државата си е крива за состојбата со градинките и тоа треба да го реши, не само за сега, туку засекогаш.
Секој што има контакт со пациенти има право на вакцина. Имам многу блиски во државна, таа што е во администрација/ канцеларија уште не е вакцинирана, немала ни опција сигурно зошто знам дека ќе се потепа за вакцина. На темата, моето породилно беше прекинато лани во септември, искористив 10тина дена продолжено. Се снаоѓав, уште се снаоѓам, како знам и умеам. Од септември се надевам ќе почне бебе во градинка, тоа повеќе ме мачи, дали ќе има место. Инаку и лани знаев дека џабе е иницијативата, апла очигледно беше дека сѐ си наместија за да го прекинат породилното. За жал, јас кренав раце од оваа држава, сами на себе сме оставени да се снајдеме. И не знам како можете да ги обвинувате мајките (загрижени за доброто на децата) дека сакаат да профитираат во состојбава, на ниедна мајка тоа не и паѓа прво на памет. И тоа во оваа држава, кај што луѓе плата зимаат за седење дома со години и патни трошоци има за пратениците до небо и да не набројувам натаму. Ама мајките ако седеле дома некој месец плус трн во очи ви се. Затоа никаде не одиме.
Да не заборавиме кои работеа две недели во месецот а две дома, исто Ковид мерки кои беа под знак прашалник. Да им собереш боледувања и изолации и дома седење дали ќе им се фати 4 месеци работа во цела година, ама мајките...
Работевме преку една недела, одреден период, некаде до јули мислам. За таа една недела, моравме да бидеме спремни за 30 мин. да се појавиме на работа 24/7. Веќе одамна не е така, затоа што тогаш се штедеше персоналот да не се зарази, зошто не беа преплавени болниците. Од денешна гледна точка, знаејќи што не знаев тогаш, не ми делува како да беше делотворно, не сум убедена дека беше исправно. Имавме апели да помагаме како волонтери кај лежечките, но не не' прифатија за жал. Од друга страна, уште многу приватни фирми се ротираат и мислам дека така треба да остане. Секој што може да работи од дома, треба да му се дозволи да работи од дома.
Да, тоа и го реков. Седевме дома и не смеевме никаде да одиме и моравме да сме достапни 24/7. И не почнувај пак со подбуцкиве, ако сакаш да приложам лог од картичка колку саати имам? Немав право на одмор, и на боледување само за корона и рак и слично можев да бидам. За ништо останато.
Па не отидов никаде, затоа што не смеев. Ни до Охрид, ни до Дојран, ни до нигде од каде би ми требало повеќе од 30 минути за до работа. А не па Турција, Хрватска, Албанија... Иначе годинава во однос на работа, најмалку имам него било кога претходно. Затоа и баравме да волонтираме кај лежечките.
Треба сега да те жалам што тие две недели во месецот додека си била дома наместо на работа не си смеела до Дојран или во Турција да одиш?
Секако дека не. Јас не се жалам, објаснувам. Не бевме на одмор, кога си на одмор не си ограничен, слободен си нели. И работев од дома иначе, ама тоа јас и уште неколку, не сите што ротиравме. Добар дел од мојата работа може и од дома, па затоа.
Не ни реков дека сте биле на одмор туку дека седевте дома. Тоа што ти автоматски седењето дома (заради мерки) го поврзуваш со одмори на езеро или море е друг проблем.