Не е друг проблем Бриџ, истиот е. Охрид и Дојран волку туристи немале ниту во најдобри времиња Да, седевме дома затоа што како што ти објаснив лани, а и сега пак, тогаш ако еден на смена се разболеше, цела смена одеше во карантин затоа што се' уште работевме и со не-ковид пациенти. Идејата беше тие што таа недела не дежурале, да преземат додека се во карантин цела смена и ги тестираат после 7 дена. Тоа беше логиката тогаш, од денешен аспект немаше потреба. Сега општо се сменети сите протоколи. И да не заборавиме дека тогаш, исто така, беше и породилно продолжено, и родители на деца до 10г ослободени. Сосема беше поинаку се'.
По 9 месеци бебињата освен со мајчино млеко, се хранат и со каши. Има алтернатива молзење. Пред работа додека ставаш шминка сигурно имаш време да се измолзиш. Еден оброк на бебе е осигуран, за другиот оброк маж ти ќе му направи на бебето каша, за беба да не му виси на цицки. За трет оброк ти ќе си веќе дома. Кога сте по свадби, излегување со пријатели и сл. знаете и по пола литар млеко да измолзите.
Аа така, значи мм да си даде отказ. Ок, ќе разгледаме опција. Бтв, цицка е многу повеќе од храна, ама ај да не идам оф топик и онака цела дискусија на темава отиде у к**ац од старт.
Има уште медицински персонал во ковид невакцинирани. Ставаат канилиз, катетри, кислород, крв земање... Невакцинирани. Уште си идат дома и седат у една соба за да не ги заразат домашните. А мајките се први по молови, трудниците дома не седнаа битно 100% плата земаат. Некои изгинаа оти работат за двајца, оти плаќаат приватни градинки или жени, ама не се доволно мајки како рашетаниве. Треба бркање од работа, па да видиме.
Сериозно?! Кај мене сите (што сакаа) се вакцинираа, ама многу не ни сакаа со Фајзер, сакаа да чекаат. Можеби затоа, иначе сите што се пријавивме дека сакаме со која било, не' боцнаа со Фајзер. Сега со Спутник боцкаа последно тие што чекаа, па АЗ...
Не алудирав на тоа. Ама коментарот у стилу намерно го учиме бебе да ни виси на цицка и ни е тутун ќесе беше дрзок IMO
Две недели по вакцина има ротација, невакцинирани те се у ковид, вакцинираните на очно!!! Плачеле кога оделе, сестри по 30 години стаж, над 50 гид возраст. Барале вакцини, им рекле нема сега. Тврдам дека се е со цел да изумреме.
Директорот, кој друг. Миленик на Филипче. Платата 4000 помалку е на ковид заради немање работа на повик. Првите им дадоа надомест, 6 месеци на никој. Докторите и сестрите немаат права, сакале мајките да имаат.
Чка, кај нас и ПЗУ се вакцинирани. И сите од Итна и Ковид амбуланта, лабораторија. И доктори и сестри. Со Фајзер претежно.
Немав инфо дека маж ти оди на работа. Ти самата си кажа дека бебето ќе го чува тато сервис цитирам: "од утре ќе му ја дадам на мм да ја дои на 2ипол саати." И да цицка е многу повеќе од храна, демек детето твое ќе се храни само со мајчино млеко до 2ра година.. Ќе те чекам за 7 месеци во темата фемина инстаграм за бебиња.
А од очно, од хирургија, од нервно? Оти после вакцина у ковид, ротација направија и невакцинирани се сега у ковид.
Ова не ми е баш јасно. Значи не знам како е секаде, кај нас беше вака: требаше еднаш онлајн да се регистрираме (посебна страна, не оваа вакцинација мк), имаше баш опширна анкета, и тука да изразиме дали сакаме со одредена вакцина или која било, што работиме итн. Потоа секое одделение мораше да состави список со луѓе кои сакаат да се вакцинираат, и тој список се предаде во МЗ. Веднаш чим пристигна Фајзер, немаше два дена ми стигна смс дека сум закажана на 18ти, а на 17ти почна вакцинацијата. Кај нас сите што тогаш се пријавивме, баш сите, бевме вакцинирани. Тие што изјавија дека сакаат да почекаат, а сакаат со било која, беа сега скоро контактирани, ама не знам детали.
Кај нас истите се што работат во Ковид амбуланта и Итната. Нема ротации мислам. Пишав дека одлично се организирани. И ПЗУ, матични и сестри се вакцинираа.
И пак.. нема да ми биде закачено на цицка затоа што ја така сакам, таман да имам изговор да не работам туку да си го тртам гзот од дома седење како што беше првично пишано.
И сега директорот да рече Камелија на нервно да оди, таа од нервно невакцинираната да дојде у ковидот. Е така прават.
Болница немате? Ова ти кажувам во иста болница, се вакцинираат сите од Ковид центар, останатите НЕ. Е тие од очно се сега у ковид