Ти пишав пп за подетално, веројатно за секоја болница различна програма имаат. Секако не е во ред невакциниран персонал да праќаат во ковид, кога веќе имаат вакциниран на располагање.
Има нормален директор. Тука директорот ги ротира со образложение дека се уморни. Ти викаш ковид амбуланта и итна. Јас ти викам нервно очно и гинекологија
Здравствен дом е. Има очно, интерно итн. И си работат таму оние кои што си работат, со Ковид работат докторите од Итната и специјализантите, и сите кои сакаа, се вакцинирани. Нема мешање.
Тука сите ротираат, ама сите имаа право на вакцина. Така што ако има невакциниран, на него си е, можност сите имаа освен управата.
Некни бев на гинеколог, докторката вакцинирана, сестрата не. Снемало вакцини. И тоа, докторката се вакцинирала откако кренала џева, иначе првично и се јавиле и на неа да не оди. Жалосно. @Bicka77 што е цицката? А да беше нормално време и да требаше регуларно да си се вратиш на работа после 9 месеци? Оние деца што пораснале од х причини без цицка, како да ги рачунаме? 9 месеци дете на ексклузивно доење и те како е ок, после можни се и други варијанти. Ај па нека висат на цицки до 3 години, оти цицката е близина и љубов со мајката. На друг начин овие работи нема како да се почувствуваат...
Зошто да не ми е ок детето да оди во градинка каде што работам? наместо да го растрчувам наваму - натаму? Сериозно прашувам.
Да ама таму 2 месечни бебиња се во такви установи,дури снаа ми ми кажуваше колешка со транспортерот во канцеларија си го носела. Инаку свесна си дека овие установи се скапи,затоа овде се потепа дискусијава за државните градинки,скроз од контекст излеговте.
Ај да не го барам цел линк, баш за тоа пишуваше дека најчесто поефтино ги фаќало него во класичен daycare. Небитно, мислев на нормална градинка во склоп на поголемите институции/фирми, или заедничка за неколку. Не е толку лоша идеја.
Па ете нека земат идеја и нека лоцираат така државни градинки или и да се приватни да имаат осет со цените.
Јас прв пат слушам за ексклузивно доење после породилно на темава, свое немам ама 100 деца видов како растат околу мене. Како ви издржуваат само на млеко децата не знам, овие што ги знам после 6ти месец живи гладни беа за дохраната, млекото беше дополнително. Едното и порано почна дохрана зошто губеше на тежина. Нас мајки што работат што не пораснале и си се вратиле на работа после породилно не знаеме ништо за блискост, еве се чудам како испаднавме здрави прави и како функционираме во општеството. Кои небулози човече, после 9 месеци од цицка како ќе се одвоело.
Во ниеден момент не кажав дека деца пораснати без цицка се помалку деца. Не пикајте присилно зборови во туѓа уста. И уште еднаш, и да "виси" до 3 години на цицка, тоа не е затоа што таа мајка сака да го трти газот што подолго дома.
Абе си има бенефити, не дека сериозно некое е на ексклузивно доење повеќе од 6 месеци. Ама не само за доење, него која мајка сака, си има бенефити и 18 месеци да е со него. Ама тоа во другата тема, пошто ептен ќе ја затераме овде, а си има соодветна.
Па еве и мм работи во ковид центар со пациенти и тоа секојдневно по 12 часа. И тоа крв земање и се што треба. Па уште не е вакциниран,3 пати му ѕвонељ го прашуваа дали сака да се вакцинира и пак не го вакцинираа. И јас кога ќе ми заврши породилното одам у ковид центар и мене ми ѕвонељ да прашаат дали сакам да се вакцинирам и сеуште не сум за месец почнувам на работа. Како ние да работиме? М?
Плус за моето дете место во градинка сеуште нема, да сум одела на крај на април дс ми кажат дали има. И да мајките на бебиња и деца до 3 години во здравството ќе мораат и дежурства и ноќни смени и се дали тоа е фер. Или едните семјаки другите не? Што да правам јас со моето дете кога нема кој да го чува а нема ни место во градинка? Како што знаат да бараат од државава нека дадат малку. Ни неплатено отсуство немам прааво да барам ни одмор ништо немам никаква опција. Што предлагате вие да си дадам отказ или? Каков народ сме само пакост да се направи , зошто тој а не јас..... Кога седеа дома по две недели во месецот добро им беше сега зошто да се продолжело породилното не било тоа решение.... Па кога државава друго не нашла тоа е единствената опција за сега за некои луѓе.
така млеко се молзело. Ова кравата Милка е, па вимето полно. Молзи само ајде бујрум најади го моево чим толку е лесно. Вака теоретски многу сте јаки