Па не е теоретски, многу мајки во моја околина се вратиле на работа после 9 месеци со дете во јасли. Ни заостанаа децата, ни се болни, ни се глупи. Најади го моево бе само тоа знаете на сите теми. Еве ти го моево, на ти го моево. Спешл сноуфлекјс насекаде. Си има бенефити мајчиното млеко секако. Инаку секако дека некој оброк ќе е и мајчино млеко, дали со молзење, дали после работа. Ни една од мајкиве што ги спомнав не прекина доење до година и некој месец. Доење беше спомнато погоре, дека ако не мажот да ја надоел. Од сите аргументи, доење е најслаб аргумент за продолжување стварно.
Доењето не ми беше аргумент за продолжување на породилното. Коментарот беше даден како одговор на тврдењето на нашата трага Теди дека сме ги учеле децата да ни бидат приколка преку доење само за да ние си го тртиме гзот дома што подолго (пошто ако седиш дома и чуваш бебе уствари уживаш). Ама кој сака ќе разбере што сум пишала и зошто, кој не сака секако дека ќе продолжи со извртување на муабетите. Во секој случај, ви посакувам убав врнежлив ден и на едните и на другите, ја одам сега да тртам гз
https://www.peticijaonline.com/3183...q4eCdjsxf1tmNOxmuPl5kRZZ12nWk6L7aROb_DqvxxRPA Мајки еве ви петиција,ако не сте виделе.
Види и јас работам со ковид пациенти. Најголем дел , тие се. Со позитивни извештаи во рака, ти дишат во врат. Ама уште не сум стигнала на ред ни да ми понудат вакцина. Па повеќе се надевам оти ќе се вакцинирам во соседите, неголи тука. Докторка моја е во ковид. Она не сакаше да се вакцинира. Нејзин избор. Јас не го подржувам, ама кој ме прашува. Тоа е, живот иде даљје. Да се функционира некако- треба. Заштита од држава не очекувам одамна. Баш откако ги затворија градинките, а ние останавме на цедило. Оти нит некој ме ослободи,нит ништо. Се снаоѓавме како луди, како знаеме и умееме.
Откако ке се воспостави лактација молзење тешко. Ама кога ке видиш како оди процесот доење, молзење, полнење ке ти биде јасно. Оди кажи им приватни газди доилки да користат 1 час за доење до година. Многу сакам да го знам одговорот.
Колку мајки се трудат/труделе да ги одвикнат од доење или им ги проретчувааг подовите пред да им истече породилното? Многу, оти треба да одат на работа. А сега, оти е ковид, треба да се дои на 2.5 саати. Се' можеше пред пандемијата, сега се' што можеше тогаш, не може и не одговара. Ова ти си го пишала, јас не го измислив. Ако е многу повеќе од храна, се знае дека алудираш на блискост и мајчина топлина. Ама цицката па, не е единствен начин да се постигне тоа.
Приватен газда нема ни да те остави да користиш продолжено породилно. Може нема да те отпушти, ама ќе ти ја деградира позицијата и платата. Без разлика што плаќа фонд, многу жени се приморани и порано од тие 9 месеци да се вратат, зошто им зависи платата од тоа.
А на колку жени и после 9 месеци породилно се деградирани и симнати на пониска позиција бодејќи останале бремени и колку во текот на бременост трпеле тортура од газда зошто останале бремени па како можела таа девојка/жена да остане срамота. Тој ако е решен да те симне од позиција секако ќе те симне дали со продолжено породилно или не.Ако газдата е фер и те цени и му требаш ќе ти излезе во пресрет.Што ќе му сменат плус уште ете пример три месеци без тебе кога веќе 9 се снашол и без тебе?
Па тоа ми е и поентата, џабе се збори во тоа што го цитирав за приватњаци и породилно. Секако нешто нема да важи. Исто би било и со хипотетичното продолжено, ќе важи само за административци, другите "доброволно" ќе се вратат.
Како не си запознаена? Во 2020 постоеше продолжено породилно за сите, ако некој одел против закон е друг муабет. И мислам дека 3 месеци неплатено може да се земе.
Не кажав дека е Тоа вие си го извадивте од негде. И пак, и пак и пак.. Мојот кометар се однесуваше на приколките и тртењето гзови.
Коментарот ти беше буквално ќе му ја дадам на мажот да ја дои. Поинаку освен во овој контекст не знам како очекуваш да си сфатена, кога буквално ова го пиша.
Јас мислам тие што се на породилно да си бараат што сакаат и да не ги интересира кој што мисли. Ако можат и 5 години нека добијат. И така секој си прави што сака, искористувачи колку ти душа сака кои сами не се гледаат ама први се да посочат кон друг... така да, чил и бркајте си работа.
За тоа што се малку и затоа што не се можело ни пред пандемијата имаше иницијатива да биде 18 месеци породилно. Ама и на тоа власта е глува ( и тогашната и сегашната).
И за жал не мислам дека ќе се промени тоа. Пред некое време читав, не баш скоро, имаше избор, пример 6-9-12 итн. до 18 месеци, со тоа што од старт имаш пресметано колку пари вкупно како породилно можеш да земеш, па ако одбереш 18 најмалку добиваш месечно, со 6 најмногу. Навистина не е лоша таа идеја, ама да важи за сите, а не за денес, утре само. И ако не се лажам, во програма им беше на сегашниве пред 5 години некаде?
Да ,пред да дојдат на власт...не се сеќавам точно на концептот ,знам дека до 18 беше. Ако не се лажам Бугарија е така. И убав предлог е 9 месеци 100 % потоа со секој месец намалување. Да се разговара на работа уште во бременост за да знаат нели на колку да си најдат замена... Ама тешка работа дека би се остварило иако ветено Исто и за предвремено породување треба да е повеќе ,за близнаци ,тројка...
За близнаци мислам дека е? Ако грешам поправи ме? 15 или 18, ама секако мислам повеќе е? И да, за предвремено родени секако, би требало да се отвора "породилно отсуство" 40 денови пред терминот за породување и од тогаш да се брои во таков случај.
Не сум запознаена, не работам и не ме интересира. Заради короната имало или редовно? Знам дека може 3 неплатено да земеш.