За близнаци е 15 ,сега читав не знаев. За предвремено јас ако се прашувам од терминот предвиден за раѓање би го рачунала ,иако нели секако би била веќе слободна на мајката од работа. Бидејќи ретко некое да биде пуштено од болница пред тој термин.
Во Ирска во случај на не дај Боже спонтан после 24 г.н. е овозможено комплетно платено породилно како и на родилка која се породила во 9ти месец регуларно. Нека биде така и кај нас. Нека биде породилното и 18 месеци. Јас не сум против, напротив, и јас сум жена. Ама сега е така како што е. Јас тоа сакав да кажам. Во спротивно, кој не сака подобро?
Има посебна тема за продолжување на породилното, задржете се на постоечката, цитирајте се во другата ако сакате да ја продолжите дискусијата, нема потреба тука да продолжувате.
Заради короната имаше продолжено породилно до септември, за сите што се затекнаа на породилно на 1ви март.
Сакав да ти кажам дека не баш "се можеше пред пандемија се може и сега " Зошто и 2016 беше мислам имаше иницијатива за 18 месеци ама - немало кворум. И пред некое време сретнав пак дека некоја мајка се обидува нешто ,ама не знам што направи,пандемијата не дефокусира од сѐ. И за да не е како што е се пробува да се превземаат иницијативи за менување на работите,ама" ако вујче не е владика јас нема да сум поп" е се кај нас така да тешко....
Да тоа ми беше коментарот, бидејќи така не би ми била приколка. Али како шо пишав и денеска, кој како сака ќе си сфати. А за одмолзување и одбивање на 9 месеци, кој сака и кој мора, нормално дека ќе го направи тоа. Јас нема да морам, само здравје да издржиме до тогаш.
Во скоро 'нема ни да има кворум'. Најдобро решение е реорганизација на градинките, кое ќе функционира на долги стази. Иначе, продолжувањето на породилно заради пандемија... Ете, јас во една студија прочитав дека светот ќе се врати на нормално функционирање 100% во 2025та. И цело време така ќе продолжуваат породилно? Кој ќе работи до тогаш? Вие сте веќе на породилно, ќе одат и други кои ќе забременуваат. И?
Инаку сега гледам, не зборам за продолжено породилно. Зборам за законот со кој доилки до 1 година на детето, имаат 1 час дневно за доење. Значи по 9 месеци се враќа на работа, ама до 12 месеци на детето излегува да дои 1 час.
Тоа ли е тоа што го викаат скратено работно време? Тие 3 месеци наместо да работи до 4 ќе работи до 3 или мешам брзини?
Абе Емче тие студиите секој ден различно не е***а*т. Нели летото жештината ќе го убиеше ? Нели маските не штитеа ракавици штитеа. После не ракавици ,маски. Па не маски ,визири....и така лето пројде ,есента ќе го снема. Па и есента помина еве пролет ,сега јас читам '22 ти ' 25. Кое е точно знај некој ??
Така е, и сите мои колешки тоа го користат, и до пред пандемијава до 2г на детето одеа само прва смена, ако работат сменска работа. За приватно верувам дека не се почитува секаде, кај мајка ми во фирма се почитува на пример.
Може во било кое време од денот да го искористи тој 1 саат, пример од 11 до 12. Не е практично затоа што некои далеку работат, затоа и си одат во 3 место во 4 пример.
@kukla21 прочитај си ги сопствените мислења од мај-јуни 2020, и ела пак кажи ми со што конкретно не се согласуваш со мене. Без измислици само те молам Каков шофер сум, дали сум криминалец и каква личност сум, не знаеш
ама и тогаш и сега мислам дека на работа треба да одиме. Знам сите ми се фрлија тогаш дека не ги поддржувам. Нема лежи лебу да те јадам Како за сите, така и за нас. а и право да ти кажам ме мрзи да барам едит. Со тебе не се согласувам за емпатијата бтв Отворија градинки со намален капацитет и не најдоа решение. еве баш вчера ми се јавија за бебе, матичен да дадам да ја ставеле на листа ма чекање. Е ако немав избор??
Па и јас ги поддржувам за наоѓање на решение, не им викам бркај си ти работа, не е мој проблем. Прво и основно имам блиски што ги сакам, нормално и се грижам за нив, и деца и мајки. Мене ме изиритира моментот дека од страв не сакаат да одат децата во градинка, и така почна темата и такви беа мислењата. Иначе пошто ги прочитав тие мислења твои, буквално истото тука го зборам. Затоа не ми е јасно каде не се согласуваме. Не се криви што нема место во градинка и секако дека тоа треба итно, и долгорочно да се реши. Ама дека треба да седат (и седиме, ако раѓаме) дома до неодредено време, не, не е ок. Така што иницијативава "да седиме дома" не ми е ок, иницијатива "направете место во градинка, АКО не направите, најдете ни' решение" е сосема друга приказна.
јас кажав дека за тоа не се согласувам. Делот за градинка. Не може да се правиме дека нема проблем кој посебно доаѓа до израз сега. Исто, глупо е да правиме паралели со друго време. Јас сега жена не би зела дома на пример, а во тоа време би ми била опција. стравот кај сите постои. Башка сега фати третиот бран и истиот е малку поизразен кај мајкиве кои секако мора да си ги заштитат бебенцата.
Па кај сите постои страв, тебе не ти е страв за поголемото? Ама страв ми е не е причина за да не се работи. И да, проблемот доаѓа до израз, не само тој проблем, туку сите проблеми пикани под тепих со децении. Ама од одма да бараме да седиме дома, и само тоа да ни' се чини решение... не би рекла. Јас на пример да сум на позиција да одлучувам, секоја мајка што поднела документи и е на листа на чекање би ја ослободила додека не и' најдат место кај да го носи детето. И без корона. А не може, ни поднесено, ни во план било да оди во градинка, ама ајде да се прошлепаме. Тоа не е фер према никого. Не е емпатијата само еднонасочна, емпатија треба и према колешките што сега имаат година ипол деца на пример и им одат во градинка. Зар да ги отпишат и да седат дома, оти страв им е?