глеј, системот се злоупотребува максимално. Знаеш кое е мое лично објективно мислење кој сака продолжено породилно?? Оние што 6 месеци плаќаат придонеси за да цицаат 9 породилно. Па ај ако може уште некој да се искористи. Тој што работи размислува да се врати на работа и бара решение. Затоа реален е притисок за градинки, а не за дома седење.
Mene ne me fati ni edna merka bev regularano na porodilno,pred da pocnam 1 ned de ukinaa merkite, toa e toa... dete vo gradnka,mama i tato na rabota!
Политичарите ја соголија државата, крадеа, крадат без срам, ти си се фатила за бедни 9 месеци породилно. Да е државата фер спрема народот нема вакви работи да се случуваат. Навистина е лошо да префрлаш некому што краде од државата 9 месеци, што дава мито за пораѓај, кога трети лица крадат милиони. Се каам што и јас не направив така.
Народот ја прави државата. Ние сами си ги бираме да се таму кај што се и да прават тоа што прават. Јас пак се водам по тоа дека ако другите се идиоти, не морам и јас да бидам. Совеста мирна, ништо не може да ја купи. И не, не ја злоупотребувам државата никогаш, ни за под рака вакцина, ни за казна во сообраќај (да, возев после 23 кога не смеев), ниту за боледување, слободни денови, испитувања итн. Не затоа што не можам, затоа што мислам дека не треба.
секој нека зема што може повеќе Не значи дека ај пошто некој краде, па сите со тој став да сме Немам против ако се усвои, нека има народот пари, бар во кризава
A dali imas sobrano podatoci kolku na primer listata na cekanje? Dali pokrena nesto ili pobara nekade toa da se smeni? Dali se potrudi ova sto go kazuvas nekako da stigne do nekoj koj bi mozel da vlijae? Celo vreme te citam kako ne ti se dopagja toa sto se prezema, a nikade ne gledam deka se trudis nesto da pomognes, pa makar vo nasoka koja samo tebe bi ti se svigjala. Daj nekoj pridones, od forumov fajde nema.
Сега, ќе излезат на протести на улица со бебињата, ако надлежните не покажат слух за нивните барања. Чек, усред ковид криза децата ќе ги изнесат на улица затоа што се многу загрижени за децата? Бем ти логиката...
Секојдневно има протести низ СК. Инаку протест може да се организира во согласност со ковид препораки со маски и држење дистанца.
Децата дадоа согласност да бидат вклучени во протестот? Зошто давање додатен стрес на децата? То не ми е јасно. Немам ништо против да протестираат, ама зошто со деца? Има протести, и треба да има протести. Државата поприлично глува за сѐ е, зошто да нема протести? Ама дали влечење на бебе на протест е мислење на најдоброто за детето?
Ќе ги влечеме затоа што немаме баби што може да ги чуваат ни место во градинка. Каде јас таму и бебето. Тоа е затоа мора да се најде решение НЕМАМЕ кој да ги чува, места во градинки нема... нека ги отворат градинките нека ги примат сите деца за да можеме да се вратиме фино лепо на работа ако не планираат да продолжат породилно додека не се извакцинира бар поголем дел од народот ако немаат капацитети за зголемување на групи. Тоа е многу е просто. Државава се сака сами да се снаоѓаме пошто под дифолт сите имаме баби невработени или во пензија или што се по држ админ. Па можат со месеци неплатено да земат. Немам детево со мене ќе си го носам на работа ако не ми го запишат да оди од јули
П и да го носиш. И тие што не им го продолжија породилното, а немаат кој да им ги чува децата исто треба да ги носат. Тие колатерална штета во случајот? Што се криви што не се нашло никој да помисли дека и ним добро би им дошло продолжено породилно...
Што е со татовците во приказнава? Зошто се неми, зошто ќутат? Каде е нивната поддршка? Како мајкиве да се сите до една самохрана, нема каде да се остави бебето и ќе го носам со мене на протест. Боже господе. Каде ви се мажите мајки? Каде се тие да речат немаме каде да го оставиме детето за да одиме и двајцата на работа? Сите колективно не одиме на работа, одиме сите на протест додека не се најде решение што да се прави со децата, може ли така? Мајките сами ја водат оваа битка, како само тие да се родители, каде ви се мажите, што е со нив во приказнава, имаат ли тие глас да гукнат?
Имаат ама форумов е за жени на протестите верувам и мажи ќе излезат... Ќе го носам. Повеќе е заштитен на протест отколку во канцеларија со други луѓе И тие што им завршило ако не им се запишани во градинки треба да излезат и да се изјаснат јавно дека имаат проблем! И дека децата не им се примени во градинка
Јас не би со бебе.... Добро можеби бидејќи за да стигнам морам со автобус да дојдам. Сепак да таа пораката ама едно е саат или два колку и да бил протестот друго е цел ден. За саат може да го оставиш и во комшии ама за цел ден 5-6 дена во неделата богами и не .
Мислам дека прашањето беше "што прават татковците околу грижата за децата", а не "што прават татковците за да успее иницијатива на мајките".
Ама децата не се порака? Живо суштество е, кое го искористуваш за протестни цели (да се докаже поентата на протестот, прати пораката).
Мислиш субјективно !? Не , немаме сите познати со фирми па да не осигуруваат на жими мајка ,а и тие што имаат никој не е будала да си ризикува инспекции на врат заради мене! И градинки точно 4 години ја прават ,таман бебево во школо ќе тргне па нема да ми треба.
Не те разбрав ,или ти мене не ме разбра нешто е. Значи не е моето бебе порака ,порака е дека нема кој да го чува !! И кажав дека не би го носела!
Не разбирам каков одговор очекувате? Што треба да прават? Да земе неплатено за да го чува? Па со една плата не можеме на крај да излеземе? Одмор од 10-20 дена не е решение на проблемот кој го имаме со градинките. Не знам како темава ја поврзавте со грижата на татковците и нивниот удел околу детето додека мајката е на породилно отсуство ова е оф топик...