Bas toa Sakav da pisam, ama gledam temata zamina vo drug pravec. Nasata zemja ne dobi ni denar od taa pomos
Ај еве во наша околина: Хрватска 1 година имаат, србите исто 1 година имаат, бугарите над 1г имаат со 90% надомест. Само ние сме со 9м како што знам од регионот. Ова секако е друга тема ќе преместат модератори
Леле и што викат,колку се чека? И јас сум во Аеродром и уште сега да си поднесам изгледа за од септември октомври за бебе. Најголемиот проблем е во капацитетите,таму треба да се насочи енергијата,ама убаво им дојде вака како кец на десетка по шест во јасли,а во Аеродром еден куп бебиња и деца. Мислам дека најмногу треба да се бориме за градење на нови градинки и проширување ,вечен проблем е ова,се за градинки нема пари. Скапаница држава
Во февруари поднесов барање, ми рекоа нема место ќе чекаш 2 години. Потоа се јавив ми рекоа ако од министерството им одобриле да ги прошират групите ќе имало упис. Изгледа само нашава општина го има овој проблем.
Па бар и врски да имав, или да имаше кој да ми го причува. Ништо. Меѓу ретките сум кои отидоа со бебето во раце да поднесе барање за упис. Немам кој да ми го причува 10 минути, а не па 9 саати. Но не е тоа тема. Дефинитивно треба да ги прошират групите. Нека градат и нови градинки, ама тие проекти знаеме колку време им треба да ги реализираат.
Јас сметам дека треба да се состави нов, со тоа што ќе се спомне масовното вакцинирање али тоа ќе биде за хронично болни и за пензионери и здравствени работници, а не за млади.. Можеми сите да дофрлиме збор или два и да се состави нов.. Кога ќе го составиме ако тоа биде можно до утре ќе се пушти до повеќе веб страни а и тв медиуми тоа е најлесен начин да се дојде во контакт со власта.
Треба да го напише некој што го бива сза тоа за да изгледа убаво. Ако има таков нека пишува па да споделуваме
Ах бе мила жал ми е ,а проектот знаеш од кога го имаат,барем за градинката кај што одеше големата ќерка , воспитувачката уште пред три години ни кажа дека има спремен проект за проширување со дигање уште еден спрат и така стои во фиока,ама немаат пари за нашите деца,имаат за голф терени да градат.
Макар 2 дена пред мерките да ти завршило, не се продолжи. И не можеа сите да користат мерки за деца до 10г, туку само оние чии деца се запишани во градинка. Е сега, многу луѓе се најдоа во зезната ситуација, зошто идејата беше да не се мешаат мали деца и стари луѓе, а некои рачунале баби да чуваат деца, додека тие работат. Па така некоја вработена на х прометно место, со голем ризик од зараза, оди на работа, а детето сепак мора баба да го чува. Ич да не зборам за луѓе вработени во здравство/полиција/војска, секако беа изземени од сите мерки. Ни градинки работат, ни тие ослободени. Само трудни и на породилно беа ослободени, после тоа... јебига. А секако нели, татковците не се на породилно, па еве не сфаќам ни јас која е поентата на вечново породилно, кога едниот родител секако оди и работи.
Ај јас ќе напишам збор два али слободно може да го измените ова е на брзина што ми паѓа на памет.. Почитуван министере за здравство Во име на сите мајќи на кои за скоро му завршува породилното одсуство. Да најдете можнос за преговори со комисијата за заразни болести и да ни излезите во пресрет со можнос да се продолжи породилното одсустбо и да се ослободи еден родител на деца до 8годишна воздрас. Ова барање ви го испраќаме со цел да се заштитиме ние и нашите најмали и најмили ченови. Поради зголемениот број на заболени од ковид 19 и бројот на починати на дневно ниво. Поради намалениот капацитет во градинките и неможноста да ги запишиме. Поради ковид механизмот за вакцинирање (доцнење на истите) и приоритетот на хронично болните и пензионерите, ние сме последни на листата за заштита од ковид 19 со примање на вакцини. Затоа ве замолуваме да ни излезите во пресред додека не се вакцинира барем 30% од населението на Р. Македонија или додека не се намали бројот на заболени од истата. Со почит
И да се продолжи породилното, тешко дека секаде ќе важи тоа продолжување. Лично скоро сите трудници кои ги знам одеа и бремени на работа и покрај ослободувањето, во приватен сектор. Ни инспекции помогнаа, ни пријави. Истото ќе се случи и со ова дури и во случај да успее. Најголем дел од мајките ќе се приморани да се вратат за да задржат работно место во најмала рака. И нив ваквата мерка ќе им е во контра услуга зошто ќе испадне сами сакаат да се вратат. Ја сфаќам позицијата и сфаќам дека е претешко да се снајдеш во ситуацијава, ама за жал иницијативава стига прекасно зошто многу жени веќе се со завршено породилно, ако веќе се воведувало нешто, ќе се воведело порано во пандемијава, а не сега кога гледаме дека нема ни некои посебни мерки, ни па има план да има. Мислам дека поголема смисла има општо зголемување капацитет на градинките и повеќе групи, што е и онака проблем и без пандемијава. А во нормални услови сосема се доволно 9 месеци, 18 месеци породилно е претерано.
Јас повеќето што ги знам и во приватен сектор беа ослободени, и бремени и со мали деца, ама идиотски работи им правеа, на пример ги пријавуваа на пола работно време или на минималец. Иначе околу ова дека некој е љубоморен. Мене како вработена во државна институција, сеедно ми е дали некој и 5 години нема да дојде, јас туѓа работа нема да работам, и впрочем, така и е кај мене, јас 3 години немам колешка, но наоѓаат замени за неа. Не сум будала таа да седи дома, а јас за неа да работам. Но во приватен сектор баш им накалемија еден човек да работи за двајца и да, скроз е неколегијално да не се појавиш 2 години на работа, и да си земаш 100% плата и никој да не те менува. Патем, ја поддржувам иницијативата за 18 месеци породилно, без оглед на корона, ја поддржував и пред 4-5 години и се потпишував на петицијата на пеленска револуција. Поддржувам и пофлексибилно породилно, и до 3 години нека е, но не со 100% надомест, туку да си одлучиш дали сакаш пр. 9 месеци со 100% надомест, ако се повеќе месеци да е помал надоместот итн. Кој сака може после 1 месец да се врати на работа, кој не сака нека има избор. Но во оваа ситуација не гледам зошто би седеле дома, посебно што најчесто не седите дома, како што може детето на лулашки да си игра, може и во градинка да оди. И не знам кој кажа погоре, точно, треба да се бараат поголеми групи, повеќе градинки, тоа е тоа што фали. И секако, не дека некаде ружи цветаат на темата, во еу земја другарка моја отказ мораше да даде затоа што закаснила со запишување во градинка, па речиси 1.5г. требаше да чека. Секаде од раѓање ги пријавуваат од таа причина, секаде има листи.
Не е проблем да оди во градинка. Сега со коронава мали се групите. Јасли прима 6 деца. Тие 6 веќе се фатени. Еве јас да сакам сега во јуни да оди, нема место. Ќе се снајдам и со приватна градинка. Тој што нема?