1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се продолжи постоечкото породилно отсуство поради пандемијата?

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 28 март 2021.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    18.347
    Пол:
    Женски
    Имам другарка бремена оди на работа, а е на ризично место фармацевт е. Исто работеше и тогаш кога демек беа ослободени за родители до 10 год тогаш поголемото имаше 2 години.
     
    На Leksikon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Да, не сите да не бидам разбрана погрешно, но добар дел (и зависно во кој сектор нели) од тие што ги знам усно добија насока дека ќе мораат да се вратат на работа. Знам и такви случаи што им ја деградираа позицијата, како што кажуваш.

    Јас поддржувам исто избор за неплатено породилно, но сметам дека 9 месеци се сосема доволно за целосно платено породилно. Сите студии укажуваат на тоа дека тоа е периодот кога и за самата мајка е добро да почне да се враќа на нормалните активности, детето до тој момент е сигурно со дохрана и посамостојно. Познавам случаи на деца кои тргнаа на 9 месеци во јасли и децата искрено можам да кажам дека многу напредуваа во психо-физички развој, што е нормално зошто и на самото дете му треба стимулација надвор од домашната средина за да напредува. Она што ми сметаше во некоја од дискусиите (не на форумот) кога стануваше збор за породилното беше што скоро секаде на секој контра аргумент се враќаше со "Епа нека има избор, ако сакаш ти порано врати се на работа, јас мислам дека треба да е 3 години". Tоа не е ни приближно фер и разумна одлука, зошто мајките на кои има зависи кариерата и напредокот да работат после 9 месеци, а некој да седи дома до 18 месеци и да зема фул плата од фонд кој патем го полнат луѓето кои работат.

    Инаку немам на што да бидам љубоморна, гледам тоа нешто се провлече стварно низ темава, јас лично не би останувала ни самата над 9 месеци на породилно, дури и да има можност. Само сметам дека се што е над тие месеци не треба да биде исплаќано од социјален фонд кој сите заедно го полниме, па и мајките кои работат, дел од бруто платата одвојуваат за тие кои би одлучиле даа не работат.

    Апсолутно си во право. За жал ова беше проблем и пред пандемијата, сега е уште полошо. Дете со врски да запишуваш по градинки (facepalm)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Тој што нема како јас ќе си седи со бебе во канцеларија 8 саати. Работа и дете да чуваш е нефункционално. Не планирав секако од 9м да оди но да имав можност во јули бар 4 саати ќе одеше сега да сум среќна ако од септември тргне ако не цртаните на мобилен ќе ми бидат едини спас...баби немам слободни, за жени и приватни такоџе јок услови.
     
    На azelea, kukla21 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.626
    Пол:
    Женски
    Некој нема услови ни да работи со бебе т.е. бебе со него во канцеларија . Ни другиве работи што ги наброја. (facepalm) реално треба да се бара да зголемат капацитети или да го продолжатт во вонреднава состојба породилното. А за онака дметам дека треба д абиде како во германија толку пари те следуваат ти кко сакаш распореди си ги ба колку месеци сакаш и тоа е. Исто е и на исланд си одлучуваш колку време сакаш да седиш и во зависност од тоа ти е колкав процент од плат аќе земаш во даденото време.
     
    На Celltica и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Абе така е поентата ми беше според државава кој како си се снајде сите имаат баби така си мислат.не знам кого будала праат јавно што изјавуваат дека има место во јасли
     
    На kukla21, Осе и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Ама не му е крив колегата, нели?
    Ќе даде отказ, како другаркава, и ќе мизерува, јер државата е срање (иако таа во др држава е, реков)

    Е сега наместо притисок за групи, притисок за продолжување. Не.
     
  7. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    И јас мислев вака како тебе, или барем слично. Не размислував за порано враќање на работа ама као после 9 месеци обавезно. Ипак млада сум, можам и сакам уште да напредувам кариерно. Плус колку повеќе работам, толку повеќе ќе ми расте платата. Ама еве ме сега породена тазе, уште пола година имам да отседам и ме фаќа паника како ќе ја одделам од мене. Не е дека немам како/каде туку не сакам. Дури и анксиозност ми ствара помислата. Се надевам ќе избледнат чувствава до октомври. Се надевам дека нема скроз да те удрат хормони и дека ќе успееш да си останеш на моменталните желби ;)
     
    На MilaSs12, thelittle17, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.814
    Пол:
    Женски
    Тебе уште те пукаат хормони на тазе мајка. Нека почне бебе да јаде, да може да го оставиш друг да го причува и ќе биде друга песна. И немој да мислиш дека оставањето на детето друг да го чува на други мајки им е лесно. Едноставно нешто се менува кога знаеш дека имаш дете и дека се грижиш за него и си бескрајно вљубена во него. Ама животот и кариерата мора да продолжи. Баш заради детето мора да продолжи. Првото оставање е тешко, може и ќе киснеш на телефон, ама потоа влегуваш во ритам и тоа е тоа. После некое време некогаш ќе ти треба и да се дистанцираш од бидување мајка. Ќе ти требаат и другите улоги. Ќе видиш.
     
    На Martka, azelea, MilaSs12 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    12.882
    Они во рок од една година имаа фора да направат не една 10 градинки и така родителите да не бидат на товар на фондот.Али никој од нив не се ангажира за тоа во градинка ги примаат тие деца што двајцата родители им се на работа, по дифолт значи дека за тие што едниот работел, другиот не(или можеби непријавен работел) детрто не му го примаат во градинка имало кој да го чува. Значи самата држава те тера да си се снаоѓаш како знаеш и умееш, они немаат статистика годишно колку бебиња се раѓаат и колку места ќе треба за деца за да одат во градинка? Се добро им е познато ама работата е кој повеќе да укарде и да има пари за големците.Јас сум за да се продолжи породилно или да направат нови градинки за да се примат сите деца.Која е црлта јс да одам на работта за 15 000 а да треба некоја да ја плаќам исто толку за да ми чува дете, нема логика.Нема поубаво место од градинка за да се социјализира дете и да другарува.Еве мене лично ме чека отказно решение штом ми завршува породилно и ќе бидам невработена има големи шанси детето да не ми го примат во градинка од таа причина.

    Вие што работите во приватен сектор и имате колешка што е на трудничко и цел терет паѓа на вас, зошто ГАЗДАТА не донесе замена? Не знаел дека ќе се породи вработената? Магично стомак и се појавил? НЕ, он имал 9 месеци да најде соодветна замена али најлесно им е на газдите да проверат дали може да се функционира и со еден човек при тоа да работи како за двајца,а сепак иста плата да земе.Таа што е на трудничко не ја плаќа газдата секој месец туку фондот и да се продолжи породилното пак фондот плаќа.
     
    На GolemaMala, azelea, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Leksikon

    Leksikon Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    491
    И јас сум со поддршка! Има навистина мајки што немаат никој од поблиска фамилија да им чува дете. И емпатијата треба да се покаже тука, а фондот како ќе плаќал негов проблем. Во краен случај цел живот плаќам за осигурување на тој фонд, а цела бременост и породување приватно си ги платив...
     
    На GolemaMala, nadenadia, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 30 март 2021
    На naturallmess, nadenadia, kjofti4 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Секако дека е газдата крив, ама како што ТИ не можеш да си дозволиш да загубиш работа, така не може ни тој што ќе му ја накалемат твојата.

    Не може истовремено да бараш разбирање за твојот проблем, а не покажеш разбирање за туѓиот.

    Него му е крив газдата, тебе државата, ама не можеш само накај себе да влечеш и да очекуваш поддршка.
     
    На SuperGirl24, baby-star и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Е па притисокот треба да е за зголемување на бројот во градинка. Се изјаснив на почеток. Ама ако нема логика за епидемиолозите поголеми група, тогаш логично е мајки да седат на продолжено.
    Јас кажав за себе дека нема да седам, ама не ми пречи друг да седи. :)
     
    На azelea и nadenadia им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    12.882
    Газдите и немаат некој проблем со тоа еден да им ја завршува работата тој ако увиди дека еден човек може да ја заврши работата и таа што е од трудничко кога ќе се врати може да ја избрка, нели? Бидејќи 9 месеци издржала зошто да не и до пензија, со газди како нашиве да си немаш работа. Не градат нови градинки, ниту пак прошируваат, ако веќе е таква работата, а стварно некои немаат кој да им чува деца тогаш треба да се биде на терет на државата.
     
    На GolemaMala, azelea, Leksikon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Како не сфаќаш?

    Понапред некој кажа да си најмите дадилки, да си дадете отказ... ама не, ви требаат пари така?

    И на тој што ќе биде приморан да ви ја работи и вашата работа му требаат пари, не може да даде отказ зашто газдата е гомно.

    Ти према тој немаш емпатија, ама очекуваш поддршка за твојот проблем.

    Проблемот на колегата се решава и со тоа што ќе си даде отказ и нема да му накалемуваат туѓа работа, ама и твојот во тој случај ќе се реши ако си дадеш отказ и си чуваш дете дома до кога сакаш.

    Што не напишавте барање за зголемување групи, туку за седење дома?
     
    На candy.cane, fana, ladystardust и 6 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    18.347
    Пол:
    Женски
    Џабе се карате тука нема шанси да се продолжи трудничкото, тоа се плус пари од фондот кој треба да ги дадат после ќе немаат за патни трошоци, за бадеми, фстаци за одмори... будали се да си скратат од свое задоволство.
     
    На GolemaMala, Martka, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    И мене не ми пречи ЛИЧНО, затоа што што е до мене, и 7 деца можат во континуитет да родат, нема да дозволам тоа да ми влијае затоа што не е мој проблем.

    Ама не е фер да очекуваш разбирање, а да не го нудиш. Паричката има две страни.
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е фер едни мајки да користат продолжено породилно,а други на кои им завршило или имаат деца од 2-3 ,год.не.
     
    На candy.cane, Martka, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    12.882
    Разликата е што јас или било кој друг и да си даде отказ нема да вработи друг на тоа место и тој истиот пак ќе си работи како за двајца и на крај ќе си даде отказ.Проблем со градинките е од пред короната, што они не знаат дека се дефицитарни местата?
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Не можеш да знаеш.

    Проблемот со градинките е огромен точно, затоа наместо да барате породилно до недоглед, барајте поголеми групи.
     
    На AngIv, SuperGirl24, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.