За какви поголеми групи се дискутира. Значи вирусов буквално коси. Не е дека сакам да заплашувам некого ама и бебињата не се отпорни на чудовиштево. Вчера нашиот педијатар водеше борби на тел. за да се хоспитализира бебе кое го шетале и враќале со црп до плафон и тт 40! Покрај сите маки не смее да заборавиме дека сме во вонредна ситуација и поголеми групи не е апсолутно разумен компромис би рекла, а не решение.
А што е решение? Уште колку време да не работите? Ај па сите да не работиме ако не. И таткото не може да донесе корона? Или и тој да не работи? А децава што се сега година ипол-две? Со нив што? Со нивните родители што?
На родителите е одговорноста! Во градинка јас не можам да бидам ссигурна во воспитувачки или родители на 20 деца! Значи ако мм е цело време со 2 маски за да не донесе нешто дома можат и други. Никој не вика да не работиме. Јас сум прва што сакам да се вратам и да помогнам во целиот хаос. Но реков дека давам поддршка на тие што не можат. Јас имам каде да оставам дете( некој кој освен со детето нема да има друг контакт), ама има луѓе што немаат. А искрено ако било за градинка ни јас не би тргнала на работа. Нека има опција за кој како сака, не мора да е задолжително продолжувањето, ама нека има можност за тие што не можат. И велиш до кога. Па до кога што ќе треба. Зарем било што е поважно од здравјето? Па и разлика од 5-10 % плата. Многу луѓе приморани за тие 10% платија многу поскапо, болници, тон лекови. Состојбата е сериозна и барем до јуни би требало да биде продолжено на тие што сега би требало да се вратат на работа. Оваа ситуација не е за гледање дека не било рамноправно. И нема зошто да е, сега е критично, сега има потреба. За подоцна подоцна.
Не може да барате дома да се седи со изговор пандемија и децата незаштитени. Затоа што незаштитени се и тие кои во моментот одат во градинка. Или тие деца не се наши, па гајле ни е? Треба да се овозможи повеќе гручи, зголемени капацитети и строги протоколи. Тоа е реалбо барање. Бидете реални!
Значи збориме и за децата што се поголеми и што се изложени на тоа и еден родител да е ослободен од работа, но нека има и контроли за тие родители што сакаат дома да ги чуваат децата, а не да ги пуштаат на игралишта,собирање,дружење итн итн.Лани ем беше продолжено породилно и имаше ослобпдено родители и парковите и игралиштата беа преполни како да нема корона.Денес на кеј сите без маски шетаат или најинтересното ја симнува маската кива/кашла и си ја враќа на лице.Дибек од народ сме и факт е дека нема да се продолжи.Толку пари се даваат за придонеси на државата,а ништо не се користи вклучувајќи ги и градинките, имаш опција за државно ама треба да поднесеш за дете да ти примат уште кога би планирала бременост (нормално за да кога би дошло ред твоето да иде да има место).Треба да си изнајдат решение, а решението е да се затвори се на еден месец ништо да не функционира,а не да не затвараат само за празници,а после тоа се да е преполно.
E ова е најстрашното во изјавите. Кревети! Како да нуди хотелски кревети....кревети и дома сите си имаат. Страшно значи страшно! Лекарите не можат да постигнат ништо. А немаат ни услови. На толкава смртност, битно кревети
До кога ќе треба да си на породилно? Машала, интересна замисла. Идам да направам дете, како тргнало, прваче ќе го пратам чувајќи го дома.
Не знам ,по се што прочитав денес работава дојде Се е под контрола ,чекаме да умреме... Ко преживи ,причаче.... @CameliaMiller ние ни го баравме ни го сакавме ова...
Никој не го бараше. Ама малце реалити чек. Не може "колку треба" да сте дома. Може да се оспособат градинките. Може тие што можат да работат од дома (да работат, не да забушаваат). Едно е да се избориме сите за 18 месеци породилно (секако со цела сума 9, ако сакаш 18 подели парите), сосема друго е да очекуваш други да работат до незнаемекој датум. Не е реално и не е колегијално.
и ти малку претеруваш сега. На работа одиме и седиме со маски. Добар дел и од дома работат. Во градинка децата се без маски. Се факто зависиш од совест на други 14 семејства.
Во градинка децата се без маски во цел свет. На пример во Шведска, со татко позитивен со симптоми, детето одеше во градинка. Ако дете покаже симптоми само детето оди дома, не цела група. Можда сме попосебни или попаметни од Швеѓаните, кој би знаел. Ах, патем, маска им е препорачана. Не задолжителна.
Јас сосема поинаку те сфатив ,ама не сакам да ти напишам бидејќи ќе навредам други мајки. Најубо ќе си преќутам сега.
Имам јас уште време...не се враќам до лето. Тоа што го пишав беше од емпатија спрема тие кои имаат потреба. Искрено малку претеруваш, па дури си земаш за право да бидеш и цинична. Ок, знаеш дека не е забрането и 2 месеци после породување да се вратиш на работа ако сакаш. Јас ќе се вратам кога ќе дојде време, ама уште од сега ми е се организирано. Има некој што не може кажав. И тоа е истотака реалност и не знам зошто е толку тешко да се прифати
Ама чекајте луѓе,од кај знаете како ќе биде за 2 месеци? Ќе допре бранов нема вечно да трае. Или вие планирате и на есен да не се враќате на работа?
@CameliaMiller Идам да направам дете, како тргнало, прваче ќе го пратам чувајќи го дома. Реченицата ти звучи ко намерно сега деца да сме правеле за да не се враќаме на работа (можеби јас халуцинирам не велам не )
Бараш погоре риалити чек а тука збориш за Шведска и како таму функционираат За мачки да беше прва ќе се јавеше да седиш дома ама штом е за деца, не бива, искористувачи се родителите. Да е моќна или салам државата сите родители на деца до одредена возраст ќе седеа дома, на интервали, наизменично, додека не се реши со вакцини. И нема зошто да се секираат родителите на тие деца дали колегата сам ќе бил на смена и ќе работел за двајца. Ќе мислат работодавецот и државата, да работат сите во што понормални услови, нема што вина да се набива на друг. Ама, риалити чек, не е така и не се сите во иста ситуација. Некаде си ти во поповолна ситуација од други, некаде мајки се бркани од работа заради отсуство, ама тебе сега те занима само тоа немој случајно да твојот газ работи малку повеќе на сметка на друг. Иако кажа дека си ја работиш само својата работа и друго не те интересира, ама зошто да не се бунтуваш за туѓа "привилегија" во моментот.