Проблем е работа од дома со бебе/тодлер/дете. Го увидов тоа од колеги изминатава година. Една колешка мораше сепак да најми жена што ќе се грижи за бебето до 17ч. Друг колега на секој 3 повик им викаше на децата да бидат потивки (фреквенција на мои повици со него беше во просек 2 пати дневно) Трета колешка го носеше бебето кај мајка и на чување. Е сега не знам дали коментарот ти беше во правец кој може да работи од дома и да ги чува децата или општо кој се може да работи од дома да го прави тоа со цел да допринесе кон намалување на ширењето на вирусот. Како и да е, совршено сценарио/решение нема. Проблеми имало од пред памдемијата само сега истите се многу поизразени. Кое е правилното решение не сум паметна.
Пак за желби зборуваш. Тогаш очигледно мислиш на своите желби. Бидејќи реалноста е сосема поразлична, а примерот што го даде со Шведска е најужасниот што можеше. Катастрофално се справува спрема сите свои соседни држави. Има околу 14000 мртви и е далеку од земја од која треба да се земе пример во оваа ситуација. А да и не мислам дека се таму попаметни од нас. Ние не сме глупи! Кога ќе се тргне политика на страна ние имаме квалитетни и луѓе и доктори и професори итн.!
Па желба е. Сите имаме некој што сакаме да го зачуваме. Сите да не работиме, може? И да те прашам, што со моите колешки, кои не искористија НИТУ ЕДНА мерка за деца? Нивните не се деца? Или пошто се во здравство, нивен проблем, сами си одлучиле? Можеш засекогаш да чуваш деца дома, никој не ти брани. Ама твоето е желба, не потреба. Нема никаква потреба да седиш дома и да бидеш платена, без краен датум. Има потреба да се обезбедат градинки и места за децата.
Почитувани, Министер за здравство Министер за труд и социјална политика Комисија за заразни болести Во име на мајките на кои веќе им завршува породилното отсуство, Ве молиме во најбрзо време да ни излезете во пресрет, да се изнајде начин да ги згрижиме децата додека ние сме на работа. Со оглед на ситуацијата со која се наоѓаме сите, пандемијата, бројот на деца во јасли е ограничен на 6 деца. Групите се веќе формирани од септември, и се соочуваме со голем проблем, односно децата не ни ги примаат бидејќи НЕМА слободни места. Доколку е можно да се направи реорганизација на групите, каде е можно минимално да се зголеми бројот на деца во група, да се формираат нови групи, во краен случај да се дозволи продолжено породилното отсуство, додека се реши проблемот со ограничени места во градинките. Со почит
Па кој има можност, кој може, кој има услови. Некој нема, некој има. Некои апсолутно можеа (и можат) од дома да работат, посебно работа што не е врзана со тајминг дека мора пример во 10 тоа, а во 12 тоа. И на форумов имаме мајки кои не само што успеваа да работат од дома, туку и попродуктивен им беше денот. И да, сите што можат да работат од дома, треба да работат од дома, без оглед дали имаат или не деца. Под "можат" се подразбираат сите аспекти, и имање тодлер и тип на работа итн.
Мојата најголема желба е да го снема ова чумиштето ,а не да седам дома и да ми "врне" породилно (скратено секако пак поради чумата). Па макар и да затворат се ко во Дебар !!!
Според тебе сите треба да се вратат на работа и тие што се трудни да не важат никакви мерки зошто нели другите колеги треба да работат за таа.Најубаво не правете деца ако нема кој да ви ги чува,болна работа. Државата е таа што треба да обезбеди и да организира како би се чувале тие деца.И тоа што твоите колешки не искористиле ниедна мерка кој е крив? Зошто не се побуниле на газдата нели им следи? И ако се вратиле на работа децата сигурно имало кој да им ги чува.Тука правиме муабет за тие што НЕМААТ КОЈ ДА ИМ ГИ ЧУВА, а при тоа НЕ ГИ ПРИМААТ НИ ВО ГРАДИНКА. Колку луѓе има што работат за минимална плата и не можат да си дозволат ниту приватна градинка ниту дадилка.Очигледно ти не си тип на човек што не си се нашла во таква ситуација.
Моите колешки работат во здравство, трет пат во темава кажувам. Ако не ме читаш зошто ми реплицираш? Имале или немале кој да им ги чува, никој не ги праша. Па се гледаа со децата само за викенд, пошто ги пратија кај баби во Паланка, Битола, Охрид итн. Бремени, со хронични болести секако дека ќе седат дома, ама за децата може да се создадат услови да одат во градинка. А јас каков тип на човек сум, боље не коментирај, оти ќе фатам да зборам за ослободените и колку од нив реално се пазат, а колку мислат дека се на продолжен годишен одмор. Така што, ич да не одиме натаму.
Леле фатиле во здравство да работат еднаш во 100 години и сега тешко им е. Јасно е тука е маката сега здравствените работници треба да работат,а не да лежат како пред пандемијата. Колку што лекари и сестри биле безобразни пред корона толку и сега народот е затоа вие не треба да кукате.Во приватен сектор и бремените беа приморани да работат,а не како административците да легачат шетаат и шират зараза
Детето кога нема кој да го чува, нема кој да го чува, без оглед кај му работи родителот. И што има да пати дете ради родителот каков му е побогу? Нели за децата беше стравот? Да не е за родителите?
Ок е ти си најдобар работник, еве медал ќе ти дадеме може И јас работам како доктор во здравство па што...и за нас исто важи трудничкото. Уште повеќе ако работиш во здравство ќе знаеш кој хаос е и дека подобро колку помалку заразени. И што има лошо ако и возрасните се грижат за своето здравје , а со тоа и на семејството. Пак уште со Шведска не спореди...браос!
Здравствените работници се во први борбени редови сигурно кога си започна ти и колешките твои сте знаеле дека ако дојде до вакво нешто дека мора да се доста често на работа.Тоа што вие сте сега моментално со такво работно време и во таква ситуација некој е цел живот така. Градинките се направени за деца и треба да се прошират во странство не само што има две смени и повеќе учителки и негователки и во склоп на работното место на одредени фирми имаат и градинка за да им ги чуваат децата.А кај нас се бориме за во НОРМАЛНО ВРЕМЕ без ПАНДЕМИЈА да си го запишеме детето во градинка,а не пак услови за во пандемија.Штом пред пандемијата не се превзема нешто очекуваш сега дека ќе се среди? Никогаш нема да се среди.
Ама пак те прашувам, како е криво детето за професијата на родителот? Криво е или не е? Треба или не треба да пати?
Трудничко да, ама не важеа мерките за еден ден после трудничко. Еден куп се вратија докторки на пример, што не фатија "воз" за продолжено. Некој се посекира за нивните деца? Или тие небитни? Каков работник сум јас е ирелевантно.
Вака сега дада осе да ви каже нешто . Прво состојбата со (не)работење во државни институции не е од коронава туку од многу порано да не речам од секогаш . И јас работев во државна администрација па имав колега што си се куцкаше во 8 на врата до 8:30 го снемало клал стори од пи**е си ма***. И ние сите будали во канцеларија!? После 3 негови работни години а мои неколку месеци јас слободен ден ми се јавува да праша кои документи да ги задржи од странката. И секако тој со решение мене ми истече договорот и ај чаос... И тоа не бев партиски примена туку поради што ми почина родител единствен вработен во домот па мене како замена ме земаа бидејќи сите бевме невработени. Сеедно си се снајдов јас друг ми е муабетот ,не можи да ни се вели се нема пари или товар сме кога се знае колку има "административци " што се само на платен список или само се појавуваат од време на време. И НЕМОЈТЕ НИ СЛУЧАЈНО ДА МИ ГО ОДНЕСЕТЕ МИСЛЕЊЕТО НИТУ ВО ЕТНИЧКА НИТУ ВО ПОЛИТИЧКА НАСОКА . Исто нема потреба од споредба на други земји како се снаоѓаат оти со нашава гоолема земја и по квадратура и по жители сериозно е срамота ова што се дешава. Денешниве изјави па Абе место да застанат да смислат што к** ќе прават со целосната ситуација која е далеку од под контрола тие ко жените на чешма ,Венко рече Стево одговори или обратно беше....
Родителот си ја бира професијата и свесен е какво му е работното време.Што ако се случи магично во 2 саат сабајле хитно д ате викнат,а нема кој да ти го чува детето, ќе отидеш? Секако дека да зошто знаеш дека има кој да ти го чува ако дојде до тоа и затоа си вработена таму, во спротивно ќе си бараш друга работа.