Постои вистинска љубов. Мајка ми ја сакам со цело мое срце и незнам доколку ја немав неа што би се случило. За љубов помеѓу партнер има затоа што една година го свиѓав и тој мене исто ме свиѓал ама се срамевме да признаеме еве послетолку време скоро 2 години сме заедно. Секој нов ден е шанса за наоѓање на вистинска љубов. Сите што викате дека не постои вистинска љубов никогаш и нема да ја доживеете .
Аковерувате во ЉУБОВТА тогаш секако дека постои но ако ја сваќате само како збор и колку ради реда само ја прифаќате секако дека нема да постои
Постои. Ама во врска со ова може да се изјасни некој кој има СТАЖ во врска/ брак..и тоа после многу години поминати заедно А детски - да бе, многу го сакам, на прв поглед се заљубив ..тоа е минливо.
Постои вистинска љубов, само кој е способен да ја пронајде. Да не зборуваме за љубов дете-родител и обратно, тоа е нешто безусловно (или барем треба да биде, бидејќи постојат исклучоци). Но вистинска љубов помеѓу партнери во денешно време е вистинска скапоценост. Во ваков свет во кој живееме, со веќе деформирани морални, семејни, општествени и секакви вредности, некако љубовта се глуми или се занемарува. Се' повеќе наидуваме на неверства, на недоволна комуникација помеѓу партнерите, недоверба, лаги... Некако, времињата и условите брзо се менуваат, а љубовта и односите помеѓу луѓето како да немаат време да се прилагодат, да еволуираат. Од друга страна е материјалното. Порано важеше девизата „Љубовта го врти светот“, а денеска ретко кој ќе поверува во истата. И тие што ќе ја изговорат, ретко кога веруваат во неа. Денес „Парите го вртат светот“. И не можеме баш и да бараме виновници за тоа, но од друга страна и треба. И на тоа поле работите се смениле, луѓето се борат за егзистениција и материјалното е во прв план. Но наместо да се прават обиди тоа да се реши со сопствените две раце, со својот ум и способност, а во нас да се остави место за љубов, било да е маж или жена, се впушта во барање на поимотен партнер, како полесен начин на решавање на тоа прашање. А колку само случаи постојат каде помеѓу партнерите постоела љубов, но борбата за повеќе ја уништила. И постојат и многу случаи каде сиромаштијата во едно семејство ја уништила љубовта, но и ја зајакнала. Пак ќе речам, постои вистинска љубов. Само треба максимално да ги избалансираме и задоволиме на најдобар можен начин променливите од другата страна на равенката. Факт е дека од љубов не се живее, но со љубов може се' да се постигне! (Однапред се извинувам ако некого навредив, или ако сум погрешно разбрана)
Зависи за каков вид на љубов станува збор... На пример, родителска постои, додека пријателската и партнерската се се` помалку присутни. Инаку, според мене вака грубо, начинот за полесно воспримање на љубовта се состои во тоа првенствено вистински да научите да се сакате и вреднувате себе си`. Зошто само така ќе направите разумна селекција, и станете свесни кои луѓе ја заслужуваат вашата доверба. Патем, што се однесува до денешните партнерски врски мене лично повеќето ми се страшно лажни и одглумени. Полни апсурдни перипетија и интриги. Не сфаќаат дека за една здрава и разумна врска за тие поими нема место. И стварнон жално е тоа што ние луѓево денес мислиме дека преку измачување ќе стасаме до потребниот стадиум хармонија. Може и да е така, но прашање е колку време ќе опстои тој мир? За по кратко време секирите оповторно да се кренат на повидок?
А зошто е прашањето дали ДЕНЕС постои вистинска љубов? Демек денес е све ебиветер и мора за секоја тема да биде истото.... дали ДЕНЕС постои другарство, љубов, почит итн. И порано и денес и во иднина.... за оној што осетил постои, за оној што не осетил не постои. А што, демек денес е толку полошо... оти порано прабабите ваши кога се мажеле со оној кој нивните татковци ќе им го одбереле имале вистинска љубов? Мене не ми смета прашањето дали постои вистинска љубов, каде секој ќе си го каже мислењето, ама ова 'денес' ме асоцира како да порано со сигурност имало љубов, ама за денес е спорно!!!
Па еве на пример зошто.. Бидејќи ДЕНЕС за разлика од порано е се` присутен копнежот за подобра егзистенција, или било каков вид материјална корист, за разлика од порано кога на претходно споменативе ,,вредности'' не се обрнувало внимание. Токму поради таа двојна спрега, проникната како резултат на исквареноста како и борбата за престиж, било кој тип на искрена љубов е редок.
А што подразбира фемкава под поимот ,,вистинска љубов " ? Требала да го појасни / дефинира ова. Љубовта, самата по себе, секој различно ја разбира и доживува. Дали мисли на онаа 'вистинска љубов ' од бајките и љубовните романчиња ?
Да точно... секако!!! Порано ги мажеле ќерките кај оној што има најмногу крави и кози... мислите само денес е за егзистенција? Каква љубов бе, на времето и братучеди ги ветувале едни со други, пред 4-5 генерации. Ретко кој/а од љубов се мажеле/женеле, туку што ќе им одберат родителите. Па било срам чорбаџиска невеста да оди во сиромашна куќа, и ајде кај чорбаџијата ќе ја мажат, кој пражувал за љубов. А во генерациите на нашите родители било како и сега. Тој што верува во љубов ќе си се омажи/ожени од љубов и обратно. Моја тетка се омажила заради пари (оти мајка и и го одбрала), па ене ја пати секој ден. Па ете таа не е од ДЕНЕС. Како ги делите работите и луѓето по ери/епохи, како да не сме сите различни, ами сите по еден калап правени во зависност од деценијата. Секогаш постоела љубов, нељубов, желба за егзистенција итн. А од друга страна како што кажа @Abrakadabra , многу дефиниции и облици има зборот љубов, секој како ќе си сфати
Сеедно, стојам зад фактот дека нема споредба, а и те како се делат луѓето на епохи. Бидејќи факт е дека не тангираат различни вредносни системи. Во минатото пример, егзистенцијата била причина плус да се склучи брак, но ретка и не приоритетна, што не е случај и денес. Башка, (бишва СФРЈ) во времето на моите родители, исто така ретко кој имал потреба да бара партнер од корист, од причина што имале доволно пари и живееле солиден живот. Додека денес, иако речиси секој трет брак се склучува со оваа намера, еве гледам колку се разведоа. Повеќе од 10 и кусур години тераат заедно овие што ги познавам, имаат куќи викендици, одат по одмори и се е океј.
Болдот беше мојата појдовна точка за споредба. Не се навраќам векови наназад за да споредувам, зашто тогаш ќе треба да раскажуваме историја. Можеби требаше да го нагласам тоа во мојот пост, но бидна. А кога веќе не го нагласив, се мислев дали воопшто да пишувам, ама ете... Се најде човек кој мислел како мене. Инаку, членката која ја отворила темата, истата ја поставила многу општо. Ако некој чувствува таква потреба, може да се изјасни и што претставува за него љубов помеѓу двајца партнери. Барем јас така ја разбирам темава.
Се сложувам дека има денес некои кои се мажат за пари, ама не се сложувам дека е тоа одраз на денешницата. И ете јас ти дадов пример од СФРЈ каде што се мажеа за пари. И сега ти го игнорираш мојот пример оти не ти одговара!!! Јас велам дека во секој период има луѓе кои се земаат од љубов и од корист, и колку и да сакаш да го игнорираш тоа, не значи дека не е вистина. И глупаво е да речите дека ДЕНЕС нема љубов, и демек сите што сме мажени/женети и во врска денес, од корист сме? Има и спонзоруши, има и такви кои бркаат богати, има и такви кои се земаат од љубов, добро утро!!! Тие што се по душа ороспии (да ми простиш на изразов), било мажи или жени, би биле такви било кога, и во СФРЈ, и во турско и во секакво време!!! И во СФРЈ имало богати и угледни и сиромашни и неугледни. Имало доктори, луѓе со имоти, адвокати, а имало и луѓе што си саделе нивчиња за некое париче, и чистачки што чистеле влезови! Распрашајте си малку подобро по постарите. Мада, секој со свое мислење... јас па гледам луѓе околу мене си заработуваат скромни платички и си крпат семејство со по 15тина илјади месечно, и си викам, ете ти љубов.... вие ако ги гледате само спонзорушите и засновате мислење на нив за цело општество, не знам што да речам!
Прво, гледаш ли ти јас некаде да тврдам дека љубов не постои? Не, така? Ниту пак се дрзнав да правам генерализации. Ако го препрочиташ мојот пост ќе сфатиш дека не ти го игнорирав примерот, само поентата ми беше да кажам дека како што тетка ти не е цело општество, така ниту хигиеничарката, а ниту пак моите родители. Само ги посочив за пример и тоа е тоа. Освен тоа, споредбата пак ти нема смисла. Затоа што да, тогаш постоеле луѓе кои се бореле за материјална корист, ама бар принципот на чесност бил поприсутен, за разлика од денешната ситуација, каде имаш двојни аршини и расипност на секој чекор. Епа, извини ама јас тоа не можам да го игнорирам. Патем, појди од тоа како денес луѓево те газат за да стасаат на шалтер, тинејџери пцујат и исмеваат ретардирани луѓе, факт е дека никогаш не било така. Постоеле и таквите, со нивните занати, ама истите биле ретки и сите ги знаеле. Додека денес, секоја втора девојка се бори за егзистенција на нечесен начин. И не, курварлукот не е единствената алатка со која се служат. Затоа и ни цвета државата и има олкава класна распределба од финансиски аспект. А со 15 илјади знаеш како денес преживува трочлено или четворочлено семејство? Ако гледаш дека во двор се смеат и пијат кафе не значи дека се среќни. Баш напротив, се јадат во себе, на родителите на глава им стои мислата секое сабајле, како да ги нахранат децата дома. Ако таквиот живот некому влева сигурност што е предуслов за среќа, и јакне меѓусебни односи ондак свака част. Мада, јас мислам дека е тоа далеку од реалноста, која е далеку по трула и жестока...
Реалноста е таа, во секое време. Прашањето е дали ДЕНЕС постои вистинкса љубов??? Јас велам постои. И си стојам до своето дека и денес и порано постоела љубов, и денес и порано постоело да се биде со некој до корист. Таа е реалноста!!! И не ми мешај поими дали тие луѓе што земаат 15 000 се среќни или не, туку дали се заедно од љубов или корист. Тие се доказ дека секој не трча по пари, па макар и да имаат скромен/сиромашен живот. И ајт не планирам да се расправам, туку да си уживам во мојот живот исполнет со вистинска љубов Yup, баш во денешно време живеам, нели е чудно тоа?