Кога ќе ми текне во кој сум била заљубена на 16 години, ми иде два три шамари да си опалам. Вистинска љубов е љубовта што ти е возвратена и непрекинато трае. Нема врска дали е на 16 или на 56 години.
Тогаш ти си материјалист,и да имаш љубов ќе ја изгубиш поради тие битни работи. Нема што да се плашишбиче
Да така е, убаво го кажа ова. Туку стравот ми е со текот на годините да не растат се повеќе и повеќе очекувањата, па на крај да не ми станат превисоки стандардите, и ко што рече претходно тоа да ми го отежни "патот до љубовта". Сите викаат ќе ми се намалиле "опциите". Ама од друга страна па шо викаш, ако знаеш по бараш и шо ти е битно, тогаш нека си се намалуваат "опциите" и на крај ќе остане една
Не бе братче материјални работи, можда не ме сфати. Мислам за карактер, особини, цели, желби, како си идат годините се менуваш па така и овие работи ти се менуваат Ама биче.. сигурно хаха.
Абе убаво е да бираш, да знаеш што сакаш, а што ти смета и не може да толерираш кај партнерот. И со текот на годините до некаде може да го разграничиш тоа. Ама од друга страна не треба очекувањата да ти се преголеми и нереални. Големите очекувања носат и големи разочарувања.
Воопшто не е важно што викаат сите. Твој живот, твој избор. Важно е да веруваш во себе и да имаш цел.
Да да се согласувам. Не можеш да очекуваш совршенство, коа и самиот не си совршен. Не постои такво нешто. Немај гајле тоа е. Ќе си се наредат работите коа имаш цел кон која работиш. Инаку ја верувам дека љубовта е ваква, погледнете го кратко е:
Не постои денес искрена љубов, Во тоа се уверив веќе и сум дознала некои работи за личност која мислев дека искрено сака да е со мене, а имал поинаква намера-ме користел. Не е битно од која причина, сепак тоа што го дознав ме разочара. Накратко мислам дека не постои, можеби во ретки случаеви ама јас не ја барам на вистинското место, можда
Има разлика од човек до човек. Секој човек не е ист, а бидејќи постојат и неверни и верни тука е проблемот. Неможе само еден да биди верен, а друг да не биди. Имаше во една приказна една порака: Од 1000 мажи само еден е верен, а од 1000 жени само една е верна.
Оти сте толку негативни бе? Постои љубов... И секогаш ќе постои... Работата е шо не е по нарачка. Ќе ти се случи-ко ќе ти се случи.
Постои во различни форми и големини . Некогаш е возвратена , некогаш не е . Сепак постои . Не ја гледаме , но ја чувствуваме .
Значи да се разбереме, јас не реков дека не постои. Секако дека постои, но таа среќа може да ја има од 1000 парови само еден.