Секогаш постоело и ќе постои. Тоа што некој вистинската љубов ја доживува кон некој предмет или објект незначи дека е помалку вистинска.
Да ако за тебе вистинската љубов е љубов помеѓу две личности за некој вистинската љубов е кон парите, златото , недвижностите... Се додека тој /таа не наштетува на никого, кои сме ние да судиме. Животот е еден.
Се разбира дека може. Пример ти го/ја сакаш вистински, он/таа не те сака. Тоа не е љубов? Тоа што предметот неможе да ти ја возврати љубовта не значи дека ти не го сакаш вистински. Постојат различни облици на љубов. Ако јас и ти сме растени со размислувањето дека вистинската љубов е помеѓу две суштества и тоа го бараме, не значи дека секој така треба да размислува и да ја доживува вистинската љубовта. Различни луѓе, различни размислувања.
Па не знам дали е љубов, дали некоја имагинација и идеализација на самата личност што ја сакаме. Чувството и енергијата се според мене најбитната работа што треба позитивно да ми ја пренеси таа личност, ако нема убава енергија џабе е другото...
Па убаво рече, различни облици на љубов. Чувствата твои кон некого да, можеби се љубов. Ама незнам баш дали тоа е вистинска љубов. Целава тема е за вистинска љубов помеѓу две лица. Имаш доста коментари кои пишале "не, нема вистинска љубов". Од икс причини. Ниеден автор на овие коментари не смета дека лично не е способен вистински да љуби. Туку дека е тешко двајца вистински да се љубат. А искрено твојава идеја за љубов траба да биде во некоја тема психологија/филозофија. Бидејќи реално вака ги навредуваш сите што пишале дека сметаат дека нема вистинска љубов
Не гледам зошто некој би се навредил од моето размислување. Тоа е мое лично размислување. Тоа што ти не се пронаоѓаш во него незначи дека јас те навредувам. Секој си размислува како што сака. Јас не сум робот па ти или кој било друг да ги ограничува моите мисли. Моите мисли и ставови се мои и ги изнесувам на форум. Тоа што ти сакаш луѓето да размислуваат како тебе, тоа е твој проблем не мој. Јас твојот став го разбирам и почитувам ама очигледно ти мојот не. Јас никаде не реков дека луѓето не се способни да сакаат. Измислуваш тврдења колку само некој да реплицира.
Убаво рече, форум е. Затоа ти реплицирам. За да ги сватам твоето размислување и за да го почитувам, first I have to challenge it. Ако не реплицира никој, нема да е форум...
Постои, ама не стои во место, треба да се одржува, да ѝ се даде простор да живее, да ѝ се даде трпение, да се почитува во секој облик и да ѝ се дозволи да се менува.
Кас со години ја барам вистинската љубов и неможам да ја најдам. Бев во повеќе врски, на почеток мислев дека ги сакам ама со тек на времето сватив дека не е тоа тоа. На крај ми здосадуваат и ги оставам. Уморна сум веќе и разочаранА, не сакам цел живот да живеам без љубов...
Исто. Само што јас не мислев дека ги сакам, одма знаев и чувствував дека не е тоа тоа. Одма сум прекинувала контакт, освен една врска во која заглавив неколку години надевајќи се на нешто, што ни сама не знам. Кога конечно се освестив ставив крај. Инаку, за здосадувањето. Не знам јас не гледам така. Јас мислам не сме доволно среќни со некоја личност па затоа прекинуваме а не дека ни станало досадно. Не е дека не можам да сум сама. Чим живеам нормално значи можам. Ама знам дека ми треба некој со кој би делела се. Знам дека тогаш многу посреќен и подобар ќе ми е животов. Не знам дали постои вистинска љубов, се надевам некогаш би нашла.
Немој да бараш, мислам дека најчесто тоа е проблемот, барајќи некој, самите тапкаме во место. Биди си ти твојата вистинска љубов. Исто така, не се прилагодувај, не постојат превисоки критериуми, партнерот треба да те исполнува вистински, ако е 'добар е,ама..', нема поента.
Не барам очајно. Пишав, можам и сама, еве живеам и функционирам. Ама љубовта не доаѓа сама туку се бара. Како и се друго во животот, ништо не доаѓа на тацна. Инаку, да се прилагодував, да спуштав критериуми и да се задоволував со помалку денес ќе бев во врска.
Не ни мислев дека очајно бараш, извини ако се разбравме погрешно. Те читам и имаш многу зрели размислувања, секогаш совети на место, така што ич не се сомневам дека ќе знаеш да одбереш партнер.
Да, постои вистинска љубов денес но, како што вели една изрека "големите љубови се ретки како што се ретки големите дела".