Не е прашање, на време (порано ја имало?), или вид на љубов (кон децата е најсилна, според некои психолози), туку прашање на зрелост. Не е прашање ни на дефиниција, што е „вистинска љубов? “Туку, секогаш е прашање на комуникација, и доследност на зборовите, претставите и делата, комбинација на заемен труд, вложување, компатибилност и задоволство. „Вистинската“ љубов, со „вистинските“ луѓе, во „вистинските“ околности, секогаш ќе постои, но, ретко кои двајца може да ја одржат (луѓето генерално не се познаваат ни самите себе!), многу поретко од што може да замислите, и имаат тенденција да не ја одржат рамнотежата меѓу земање и давање (и двете екстремни насоки не се здрави.) Проблемот со денешната „вистинска“ љубов е што сите имаат „претстава“ што е, ама таа љубов ја живеат во паралелни светови што не сакаат да се допрат, а љубовта е комуникација на мисли и дела, и правење нешто ЗАЕДНО, нешто што ве вклучува и двајцата, низ „лошо“ и „добро“. Вистинската љубов не е „кога ќе го/ја сретнам и ќе одјаваме кон зајдисонцето заедно“; туку што правам јас и тој/таа по зајдисонцето, следниот ден, зашто е процес, низ многу фази и бара постојано преосмислување. Прашајте се прво дали сте способни за ова искрено, па прашајте дали „денес има вистинска љубов?“.
Баш така. Прашање на психолошка зрелост и благосостојба т. е. неспособност да се воочи проблемот самиот во себе и континуирано да се прави интроспекција. Додади на тоа, објетивизација на луѓето што е потпомогната со технологијата преку статистики и "пазарна вредност" на човекот на т. н. дејтинг маркет кои луѓето го земаат како црно на бело без да разбираат дека меѓучовечките односи се многу покомплексни и не се објаснуваат само со неколку работи, па и мајндсетот што произлегува оттаму, па феномените кои произлегуваат од сето тоа итн што повторно спаѓа под "зрелост". Тој што не се познава себеси не може да биде здрава индивидуа, ниту за себе, а ниту за околината. Незрелоста повлекува токсичност и нарцисизам, произлегува од таква средина и постои на спектрум. Не сум видела незрел човек на кому му била пружена максимална и соодветна родителска грижа и љубов и нормални услови за развој, а кој во истовреме се изградил во нездрава и незрела индивидуа.
Благодарам за дополнувањето...Тие дејтинг апликации беа осудени на пропаст уште од почетокот токму поради тие причини, Се умножија статии за неуспехот на онлајн дејтингот... (1) Објективизација (човекот како средство, а не цел за себе. ) (2) Лажен избор (многу опции, но исто порамнување на вредности) (3) Алгоритамско филтрирање (апликацијата те поврзува само со луѓе од твојот „меур“) (3) Сите се „посебни“, сите се неспоредливи, но сите се во ист свет на споредливост и недоволност, констатна фрустрација дека не си го нашол „вистинскиот“/„вистинската“, И кога ќе го најдеш, не знаеш да го препознаеш, зашто мислиш дека има друг/други... ** .. За да бидеш зрел, твоите родители треба да се воспитаат дека си доволен сам по себе (тоа не значи асоцијален, човек како биолошко сусштество секогаш живее во одредена мрежа на односи, и не може да е сам, дури и кога е осамен. Долга приказна на еволутивна психологија), вредностите за сопствената доволност треба ВЕЌЕ да ги имаш во рамките на семејството (односно, треба да си валидиран, сакан, да живееш во определен систем на вредности да ти даде здрава структура (што е добро, што е лошо, итн. )... Апликацијата секогаш те гледа ОДНАДВОР; како нешто на кому му е ДАДЕНА вредност, а ја нема сам по себе... Треба да ја заслужиш за да си „видлив“, за да си вреден. Недоволноста е default за поединецот. Нарцисизмот е екстремен случај, затоа што постојано бара надворешна валидација, што е компатибилно со алгоритамската видливост, ја репродуцира и охрабрува постојано и постојано... И, во системот на алгоритамското, кога си во таков систем на недоволна „видливост“ мора да си нарцоисоиден за да си повидлив,... Не е ни чудо што заглавивме со екстремистички политички движења и луѓето мислат дека мастер нарцосоидот ќе им ги реши насобраните фрустрации (затоа што се поистоветуваат со него)...и цинизмот ќе го решиме со авторитет, или тиранот ќе го „симнеме“ со уште поголема тиранија, а простаклакот со уште поголем простаклак..