Дали денешниве хитови некогаш ќе станат евергрини?

Дискусија во 'Музика' започната од Avril.09, 27 јули 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    По самиот наслов го забележавте моето прашање.
    Што мислите? Денешниве македонски хитови не се толку лоши, но некогаш да ги нарекуваме стари, добри евергрини ?? :^)

    Јас не би рекла. Мислам дека незаменливи се Трајче Манев, Џафер, Маја Оџаклиевска и многу други.
    Денес, во Македонија, сите ги направија пеачи и пеачки! Се' некои нови аматери, без глас, без душа да ги пее песните.
    Тоа не е случај во евергрините.
    Затоа не верувам дека некогаш, после 15-20 години, ќе кажам: Е ова беше песната на моето време, или ова е вистински евергрин!
     
    На daylight и Gicca им се допаѓа ова.
  2. Gicca

    Gicca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Јас мислам дека ќе остане запаметен само единствениот ТОШЕ ...Само за неговите песни ќе речеме дека се евергрини :) Што знам.. мое мислење :)
     
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Па и Тоше си имаше свој посебен стил, вид на музика.
    Времето ќе покаже, но искрено, би ги делила неговите песни од ''тогашните'' евергрини.
    :)
     
    На Gicca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gicca

    Gicca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Да, може да се каже дека е така :) У право си САМО ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ :)
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Тешко дека некогаш ќе кажам така. Денес сите се пејачи, секој има песна, а не секој знае да пее и има убава песна.
    Само за Владо Јаневски и Тоше можеби некогаш ќе кажам дека нивните песни се евергрини.
    Сепак никогаш не се вели никогаш. Времето ќе покаже.
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Нема шанса ни мак, ни странските денешни хитови некогаш да станат евергрини.Сега има премногу неквалитетна музика...Иако не сум ни била родена тогаш, во осумдесетите биле создавани најдобрите песни и изведувачи.Слушнете на ЈуТјуб било која песна од тоа време и споредета ја со денешниве песни.Гооолема разлика... :geek:
    Само за Тоше можам да речам дека беше посебен, како личност.И заради тоа, неговите песни веројатно ќе станат евергрини... :|
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Нема шанса сите се со техно некој ритам мислам и нашите и странските, а порано беа уникат песните затоа станаа евергрини и уште се слушаат :)
     
  8. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Тешко! мене сега песниве не ми се допаѓаат па камо ли кога ќе помнат 15,20 години! нема квалитет моментално за жал,се форсираат неталентирани пејачи(со чест на исклучоците),немаме квалитетни менаџери,композитори..се е даун!
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за песните на Тоше, за другите со сигурност ќе речам НЕ.
     
    На Gicca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    дефинитивно-НЕ! Песни како нашите, а и странските евергрини нема да се направат повеќе.
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    ретко во која денешна песна има квалитет .. мислам дека мал број на песни би останале евргрини..
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу малку песни ќе останат да се слушаат и во наредните генерации,издвојувам само неколку јас мислам барем за тие дека ќе останат да се слушаат многу години:Тоше се разбира и ниедна песна не би издвоила сите ќе останат евергрини,Владо Јаневски,Калиопи,некоја од Каролина...и другите ништо...мое мислење може грешам :)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Денешната комерцијална музика толку ретко исфрла нешто квалитетно на сцена што има потенцијал да стане евергрин и на домашна и на светска сцена!
    Моето скромно мислење е дека после 90-тите музиката толку изгуби на квалитет и оригиналност и креативност што е дури страшно, порано песните беа цели приказни, сега некој ритам што може на почеток и да звучи интересно дури не сфатиш дека ќе се повторува истиот во сите преостанати минути на времетраење, за играње повеќето се некомпатибилни, текстови скоро и да нема повеќето се кратки и површни, дури и поголемиот дел од она подоброто се денс верзии на стари хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите. И спотовите повеќе се демонстрација на што поразголени девојки, што поскапи коли и накит и слични „ефекти„ и петпарачки сценарија со изведувачите во обид да бидат актери кој најчесто е епски фејл, што и да има ок текст или мелодија песната те исфрла од колосек снимениот видео материјал за неа!
     
    На ljubam, Hipica, Avril.09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Времето ќе покаже.
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Нема да станат. Освен музиката на Тоше и уште неколкумина другото е катастрофа. За странска музика мислам дека има неколку хитчиња што се на добар пат да станат евергрини зпостојано што слушаме нивни преработки иако се од пред неколку години ама и таму од илијадници песни тие неколу се.
     
  16. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Освен песните на Тоше и Владо Јаневски..другово све е гола вода кај нас..!
    Според мое мислење мислам дека нема шанси..песниве што излегуваат сите личат една на друга како прво ист ритам..текстовите кој од кој.. :envy: зборам за до сеа песните шо се излезени ...
    Искачаат на телевизија нит знаат да пеат нит ништо..колку да бидат видени и познати..ама тоа ти е македонче ! :lol:
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас мислам дека за жал - ќе станат. Секое време со себе си носи некој вид на музика. Едино песните на Тоше мислам дека ќе продолжат да се слушаат а тука некаде е и Владо, но Владо е веќе влезен во денешниве евергрини затоа што прави песна, па го снемува едно 3 години па пак ќе се појави. Едино тоа кај него не ми се допаѓа, инаку го обожавам. Еве да речеме, Црно тиквешко веќе е евергрин, Чаирска романтика исто и.т.н. :) Каква музика имаме сега, а тек каква глупа музика ќе продолжи да се прави, што на моменти помислувам дека веќе музиката е исцрпена, и странските а и нашите песни сите се во еден ист ритам, странските се во тој некој хаус фазон, сите се со таква музика и некој бош текст. Мислам дека ќе станат евергрини баш поради таа исцрпеност во музиката со текот на годините се полоша и полоша музика се прави, оваа денешнава на нашите деца на пример ќе им биде убава, можеби ќе ја слушаат. :)
     
  18. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    па сигурно дека еден дел од нив ке станат...зарем некој во минатото се надевал дека овие евергрини што се сега дека ке станат тоа што се? не...ете гледате? :D
     
  19. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    Се надевале како не, тие повеќе биле фокусирани да создадат нешто квалитетно што ќе го ценат луѓето , освен тоа тогаш немало многу пејачи , на прсти можеле да се избројат... Денес ретко кој гледа да направи нешто што ќе остане , комерцијала е во прашање , што повеќе пари да соберат , затоа се неспоредливи времињата , и не верувам дека голем дел од денешниве песни ќе станат евергрин , ние денес не можеме да ги запаметиме , по илјадници песни во месецот излегуваат , а не пак во иднина за 20 - 30 или 50 години
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Чисто сумљам.. Можеби, ама само некои! :!:
    Песните на Џус да не останат евергрин? И онака нема веќе пејачи (со исклучок на некои) повеќето само рецитираат.