Јас мислам дека еднинствено евергрини ќе станат песните на Тоше и на Владо Јаневски.Особено песните на Владо,мислам дека ги слушаат од најмали до најстари.Мислам Црно Тиквешко е песна која нема некој што не е знае.И ред други песни
Па на Тоше песните за мене и се евергрини. Мислам дека уште долго ќе се слушаат и паметат. А другите. Па нема толку квалитетни песни во денешно време за да станат евергрини. Повеќето се хитчиња само за месец, два и после исчезнуваат. Тешко дека ќе се повторат песни како Сонце за три светови, Осамен, Скитник и слични на нив. Според мене се назаменливи и не се ни споредуваат со денешната музика.
Тешко дека има денес квалитетна музика, нормално со некој исклучок. Почнувајќи од светската музика, па до македонската естрада. Во денешно време сите имаат добар глас, сите се танчери, рапери и композитори на глупави песни. Секоја чест на оние што навистина имаат талент, а што неможат да испливаат на површина поради некои бедни самобендисани копилиња кои мислат дека ако имаат пари за добар спот, ги поседуваат сите музички топ-листи.
СПОРЕД мене тешка работа.Бидејки како шо почнаа со песниве нема далеко да стигнат да не бидат евергини кеш кеш министерка раке пуке раке шлаке и ред други да не ги набројувам не се вредни да се споменат искрено ја обрукаа македонската јавност и општо македонија
Само песните на Тоше,и евентуално Владо Јаневски,другото е све катастрофа. Која песна ке биде евергрин...ајде спушти се доле од тони зен или некоја од слаткар
Па како да останат евергрини? Живееме во време кога квантитетот е пред квалитетот. Секој сака да стане пејач, секој мисли дека има добар глас, секој наметнува своја музика и настанува еден хаос кога не се знае што е убаво и што треба да се цени. Популарност добиваат тие што повеќе ќе се изглупираат во песните, повеќе ќе се разголат, а не се внимава на текстот, значењето на песната.
Чисто сумњам некој од денешниве текстови да остане запамнетен,помина тоа време кога се пееја песни со длабока содржина,сега се се пее за швалерки,за пари за брзи коли и мотори,не не тие текстови имаат само добар дискотечен ритам,ама да останат како евергрини но веј
Имаат шанси ама само некој за жал јас за пример ја земам најновата песна од Тамара-Тешко без тебе да бидиме искрени песната е добра.
Ќе станат некои ама поретко и потешко. Денес песните брзо здосадуваат и луѓето ги забораваат. И не се мн оригинални, сите потсеќаат на некоја друга песна, стиловите измешани, базирани на тие од минатото.... Шо велеше еден професор мој ко ќе не видеше задумани - не се мислете, се е измислено.