Форумџика на годината

Дали децата растат побрзо од претходно? (KGOY - kids getting older younger)

Дискусија во 'Дете' започната од theowndemon, 10 ноември 2025.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    10.909
    Пол:
    Женски
    0:40 :inlove:

     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.688
    Допаѓања:
    200.464
    Абе не е таа сексуализација за џабе, за што е, ќе видиме.
    Дали сме сите сексуални битија-ваљда да. Дали на девојче од 12 му требаат фарбана коса, штикли и деколте, и за што- појма немам.
     
    На Bille12, Mumoftwo30 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  3. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2025
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Баш така убаво кажано од збор до збор се ти е на место :clap:
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.613
    Допаѓања:
    37.920
    Пол:
    Женски
    @Аргентина * Кои традиционални вредности побогу? Она глупостине со trad wife од Америка? Или на што мислиш? Кај нас не гледам враќање на традиционални вредности. Баш напротив гледам наплив на пластика фантастика изглед на жени.

    @Biljarkata не му треба на 12 годишно девојче ништо од тоа. Ама ете некои родители сметаат дека му треба. Не се ни сите такви. Ама таквите се многу повидливи отколку што беа порано.
     
    На dromka, M&M, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  5. revolut

    revolut Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2025
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Можеби во некои сегменти делува како да растат пребрзо но кога ќе се сетам кога бев дете имаше доста сексуална содржина на тв, посебно на мрт1 се прикажуваа еротски филмови кои беа доста експлицитни и сл. Кога почнав во школо прво одд. имаше машки што многу често за време на одморите прераскажуваа секс сцени и на нас девојчињата ни збореа сексуални ствари.
    Кај мене у маало девојчињата од 8-11 год. пиевме швепс за да ни пораснеле градите како на Памела Андерсон (facepalm)
    Така да ..нз дали е некој вид на илузија ова KGOY и само така ни изгледа а всушност од секогаш било..:?:
     
    Последна измена: 13 ноември 2025
  6. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    16.911
    Пол:
    Женски
    Какво општество - такви деца. Децата често имитираат возрасни ликови кои се во нивните најблиски кругови. И тоа и те како може да се види, дури децата набљудуваат многу повеќе (уште во најраните години), па тоа (не)намерно имитирање може да одреди цел живот. Конкретно, во навики, формирање личност итн.

    Не мислам дека социјалните мрежи се главна причина (тие се корисни ако се користат како што треба). Никогаш не сфатив како девојчињата/жените се одлучуваат за некој конкретен производ за убавина и општо, сета таа филозофија позади маркетиншките натписи/билборди (сеедно).

    Детството се случува само еднаш, тинејџерството исто така еднаш. А возрасни сме цел живот отпосле, буквално.
     
    На Mumoftwo30, Vitkano, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    10.909
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy
    Важи, ако ни е досадно, ќе тераме инает на форум дека нема зголемен антифеминизам и антилибералност последниве години. Пластиките не гледам како се во спротивност со патријархатот, и со нив и без нив се сведува на исто, ама и не дека градовите низ Македонија се преполни со естетски коригирани лица и тела.

    Мене ми е јасно дека потрошувачката е битен дел од равенката, jас барам логично објаснување зошто од толку многу нешта што можеш да ги натераш децата да ги посакаат, ним им се продаваат досадни алишта за 30+годишни? Во мојата фамилија има 11-годишно дете кое се облекува како татко му. Не беше и шареното детство лошо за бизнисот. Туку ова личи на обид да ce вратат работите ко што биле пред еден век.

    13-годишни во работен однос не е и нема да ми биде ОК, не во Данска, кај сака нека е. Се знае кои деца би работeле, тие што имаат потреба од пари. Останатите малолетници за тоа време учат и се дружат, децата на поимашните ако нешто и поработат, ќе биде заради запознавање со семејниот бизнис.
     
    Последна измена: 14 ноември 2025
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.082
    Допаѓања:
    19.012
    Пол:
    Женски
    Во лифт видов девојче, нема повеќе од 12 години. Имаше вештачки нокти, доста долги.
    Не можам да нагласам на само колку нивоа е тоа лошо.

    Децава во маало, тие околу 10-12 години, сите се опремени со тротинет на струја.
    И ова е лошо од повеќе причини.

    Ама не брзаат децата. За се, буквално за се, се виновни родителите.

    Ако детето брза, родителот нека го успори. Денеска, родителите губат контрола на 10-12 години.
    Останува да видиме какви ке се тие деца на 18.
     
    На dromka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  9. revolut

    revolut Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2025
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Повеќе е до средината и другите деца. И достапноста до интернет.
    Секако многу мал процент на родители сериозно се бават со воспитување на децата, повеќе со комшиите се бават отколку со сопствените деца. :?:
     
    На Mumoftwo30, M&M, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.754
    Допаѓања:
    135.199
    Пол:
    Женски
    Дали вие мислите дека децата растат побрзо од претходно?
    Ако да - зошто мислите дека е то така?
    Ако не - која е различната перспектива зошто постои таква перцепција сега?

    Физички да, но ментално не. Оглупавени се поради претераниот пристап до интернет овозможен од родители кои не ја одигруваат оваа улога правилно.
    Дали tween фаза постоела или е маркетиншки трик за преминот од дете во тинејџер?
    Дали tween фаза сега постои или не? Колку е важна?

    Постоела и постои. Важна е затоа што тогаш децата оформуваат поголема слика за себе, за своите вредности и телото. Лошото е во тоа што маркетингот сака да биде прерипана за да заработи пари од продавање на продукти кои ги реметат хормоните.
    Дали има врска зрелоста со интересите?
    Детето не може да биде зрело. Интересите му се под целосно влијание на родителите и околината.
    Како влијае гледањето на возрасни инфлуенсери и нивните секојдневни навики, со то како детето го организира своето секојдневие?
    Лошо влијае. Децата гледаат како некоја 25годишна прави скапа рутина со 30 чекори и автоматски мислат дека тоа е нормално и потребно доколку не им се објасни дека нивната кожа е премлада за такви ствари.
    Дали имате слушнато за Сефора девојчиња?
    Да, доста видеа излегуваат и страшно е колку премлади девојчиња се туркаат за козметика која едвај одговара и за нивните мајки. И да не слушнев за Сефора, од глетките во ДМ ми е јасно.
    Едно девојче на 10-12 години упорно се обидуваше да ја убеди мајка ѝ (која не изгледаше за повеќе од 30+ години) да ѝ купи крема и серум, а мајка ѝ фала Богу одбиваше и велеше дека она ни за себе не би ги купила тие. Вработена која беше во близина ѝ дофрли дека за неа е рано за тие и да си гледа во детскиот дел по што девојчево замолче.
    Дали оправдувате родители кои купуваат skincare козметика за деца (која можеби и не е наменета за нивна кожа)?
    Не оправдувам. Не е здраво за децата да користат козметика за возрасни.
    Дали е можеби градење здрави навики, или едноставно е нешто кое можи да донеси само штета?
    Здрави навики треба да се градат со соодветни продукти.
    Дали имате забележано ваков скок во однесувањето на децата?
    Како да не се забележи кога насекаде има?
    Како да не сакаат да бидат деца. Сакаат да следат трендови, да бидат ин инаку мислат дека ќе бидат отфрлени од врсниците.
    Како се справувате со тоа?
    Родителите ќе можат да се справат со тоа само ако прво прифатат да ја играат родителската улога, а не да го препуштат тоа на недокваканите странци на интернет. И другите членови на семејствата треба да придонесат. Мора да се разговара со децата и да им се постават граници од најмала возраст. Гледам по внуците драстични разлики.
    Оние кои од мали го слушаат зборот не и на кои не им бил даван екран 24/7, не бараат да им се купува сето тоа. Се смеат на глупи трендови, не ги практикуваат. Прашуваат повеќе возрасни лица што е подобро за нивните лица и тела.
    Дали мислите дека можи да се превентира како индивидуи (родители), ако социјалните правила во училиште меѓу пријателите е дека ова е прифатено?
    Може ако родителите вложат голем труд и бараат и од другите да направат промени. Инаку тешко ќе оди.
    Дали мислите дека детските развојни фази остануваат исти?
    Збрлавени се.
    Порано најголем проблем беше да најдеш сликички за албум и да научиш да возиш велосипед без помошни тркалца. :D
    Сега најголем проблем е покажувањето на статусот.
     
  11. Vitkano

    Vitkano Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Она што едно дете ќе почне да го вреднува кај себе во голема мера зависи од тоа што родителите, врсниците и општеството го вреднуваат кај него.
    Ако околината му порачува дека изгледот е најважен детето ќе се фокусира на изгледот.
    Ако се нагласува успехот во училиште тоа ќе стане мерка за вредност.
    Исто важи и за спортот, друштвеноста, талентите и слично.

    Децата од најрана возраст учат што е важно во нивната средина и се трудат да го постигнат токму тоа, без разлика дали тоа навистина го дозволува нивниот развој и зрелост.
    Во денешно време за децата играта е најважната активност преку неа учат, се развиваат и го разбираат светот. Но останува прашањето дали родителите денес навистина му ја овозможуваат на детето таа игра која му е потребна за да се развива како дете?
    Родителите имаат огромна улога, затоа што токму тие ги запознаваат децата со вредностите уште од најрана возраст. Пред да стигнат децата во градинка, тие веќе носат дел од ставовите што ги добиле дома.
    Интересен феномен е и однесувањето на постарите. Наместо да се праша детето како поминало во градинка, што научило или со кого си играло, многу често првото прашање е ,,Дали имаш дечко/девојка?“
    И тоа не доаѓа само од роднини, туку и од страна најчесто поставувано прашање од возрасните. На тој начин, уште многу рано им се наметнува идејата дека романтичните односи се нешто важно, иако детето е далеку од потребната зрелост за такви теми.
    Ова покажува дека не се само социјалните мрежи или општеството „криви“ што децата изгледаат како да „созреваат“ порано. И возрасните, често несвесно, ги туркаат кон вредности и теми што не се соодветни на нивната возраст, наместо да им дозволат да бидат деца, да си играат и природно да се развиваат.

    Во претходните општества, детството не било издвоено како посебен период од развојот како што е денес. Секое дете уште од најрана возраст било очекувано да ги учи истите активности што ги работат возрасните. Тоа значи дека играта речиси и не постоела како засебна детска активност, затоа што децата многу порано влегувале во работните улоги. Потоа се појавила потребата да се разбере дека детето е дете. Значи денес се враќаме на предходните општества?

    И денес, кај тригодишното дете се забележува силна желба да го имитира она што го прават возрасните. Разликата е во тоа што малото дете не може да ги изведува вистинските задачи, па затоа ги пресоздава на имагинативен начин преку игра.
    Токму затоа играта е природен мост: детето сака да биде „како возрасните“, но единствениот начин да го практикува тоа е преку симболичка, измислена активност.
    И порано децата минувале низ фаза на имитација на родителите. На пример, девојчињата ги користеја штиклите на мајката, нејзината шминка или го копираја начинот на кој таа се спрема и сл. Но постои една клучна разлика тоа била игра, користеле предмети за возрасни, но на детски, имагинативен начин.

    Денес ситуацијата е изменета. Наместо да си играат со „вистинските“ предмети како со играчки, децата често добиваат реални производи детски шминки, вистински парфеми, телефони, облека за тинејџери. И најважно никој не ги спречува, а понекогаш дури нивните родители ги охрабруваат.

    Ова го менува карактерот на имитацијата. Наместо да биде игра преку која детето го разбира светот, станува преземање на возрасни модели на однесување, кои детето не ги разбира целосно и за кои не е емоционално подготвено.
    Така доаѓаме до појавата што многумина ја нарекуваат „децата созреваат порано“, иако реално не станува збор за побрза зрелост, туку за повеќе надворешни стимули кои ги прават да изгледаат „повозрасно“. И тука би издвоила дека главен фактор во ова се родителите. На каков начин играат со децата тоест и дали воопшто одвојуваат време за да играат со децата..:)
     
    На Peperutce6, Mumoftwo30 и M&M им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.249
    Допаѓања:
    156.633
    Пол:
    Женски
    Очекував повеќе мислења од родители на деца што поминале низ овие фази, или што се монентално на таа возраст. Во ред се и мислењата погоре, но сепак е гледано од страна, а донека се излезе и надвор од тема.
     
    На Peperutce6, theowndemon и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.906
    Допаѓања:
    183.558
    Пол:
    Женски
    Ова ќе е офтопик - "пластика фантастика" нема врска со традиционални вредности, во смисла, дека традиционални вредности исклучуваат естетски корекции. Напротив, традиционални вредности многу често уважуваат вакви зафати. Најголем % од tradwives и конзервативните инфлуенсери се и религиозни, воедно имаат естетски зафати. Особено Мормон инфлуенсерките (најголем % од религиозни инфлуенсери се мормон) кои "мораат" да имат ист естетик ("мормон лице") и се подложни на многу естетски зафати.



    Не би одела поќе во детал за ова зошто не е то темата. Ама ако има интерес секогаш можиме да ја одделиме во друга.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.659
    Допаѓања:
    92.467
    Пол:
    Женски
    Не брзаат децата да пораснат,ниту се пораснати, исти се кревки на таа взораст.
    Но треба нешто да ни биде кристално јасно.
    Потврдено е со студии дека пубертетот почнува се порано, некогаш на 13 год, па границата се симна на 12, па сега е под 12 год.
    На 8-9 веќе имаат развој на почетен пубертет, а 10-11 год се децата во пубертет.
    Една од причините зошто е симната границата е поради тоа што имаме погојазни деца, а познато е дека телесната маса влијае на порано доаѓање пубертет.
    Од короната наваму е зголемен раниот пубертет.
    Не играа надвор, затворени, седнати пред компјутер.
    Шминкање на 12 год. не е нешто ново ниту чудно, и таа желба е нормална фаза на развој зошто на 12 сега би биле ко ние на 14 год.
    Или 10 год ко некогашни 12.
    Тоа е причината.

    Плус живеат во време на силна комерцијала и маркетинг, интернет и не можеме од денешни деца да очекуваме на 12 год да играат ластик пред зграда.
    Тоа е умрено пред 40-50 год.тогаш последно си играле ластик пред зграда на 13-14 год.
    Па во мое време на 13-14 год имаа и дечковци.
    А не денес кога пубертетот им почнува порано.
    Нормални си се децата во склоп на времето кое го живеат.
    Тотално е погрешно секој да си го идеализира периодот кога сам бил дете.
    Секое време си носело и носи свои предизвици.
     
    На warrior, MilaSs12, Vitkano и 3 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.613
    Допаѓања:
    37.920
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ова на видеово е нешто друго од традиционален мормонизам. Имав близок контакт со Мормони. Баш Американци кои пробаа тука да основаат Мормонска црква. Традиционалните мормони пропагираат умереност во се па и во физички изглед (знаеш оние женине со долги цветни фустани кои покриваат многу работи). Ова дека треба жената да е секси е некој нов маркетиншки трик.
    Пак е начин да се прават пари.
     
  16. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.906
    Допаѓања:
    183.558
    Пол:
    Женски
    Исто. Хиперфиксација ми е мормонизмот веќе 10+ години и имам лично контакти од првата црква која ја има во Битола, па дури и ко сменаа локација. Имав контакт и со тие шо беа во Охрид, и тие шо беа во Скопје нахнадно. Ама колку јас (или ти) комуницираме дневно со мормони, на анонимен форум мислам е нерелевантно.

    То не го менва фактот дека активен мормон (за разлика од екс мормон, за шо исто имав чест да имам irl контакт) нема да признај некои вистински аспекти на мормонството шо се така малку ... проблематични (пример полигамијата, и то "небесната" полигамија). Ама пак, ова е вон темата. Дури и самиот коментар (мојот) дека традиционалните инфлуенсери се "пластика фантастика". Еве можам денојве и листа да напрам за да видиш со ризик да си зафркнам сопствениот фид со tradwife бљувотини.

    Подетално од ова стварно не можам да враќам во оваа тема. Не е соодветно. Ама можам да видам тема за конзерватизам и естетски зафати во иднината на форумот. :D Чисто оти ми е интересен аспект за мислење. :D Означи ме после Среда или пиши ми да ме потсетиш, ќе отворам. До тогаш сум малку кнап со време.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.613
    Допаѓања:
    37.920
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ај еве да те потсетам. Инаку се сретнав со еден од Апостолите на таа црква и зборевме за полигамијата и слично. Ама пак мислам дека ова со секси изглед е интерпретација на некои не е официјална доктрина на црквата.
    Како и да е изложеност на такви содржини кои промовираат сексиљав изглед води до промени ви сфаќањата на убавина.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.906
    Допаѓања:
    183.558
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е официјална доктрина. Ама социјален/општествен притисок зошто та заедница така се однесува - е вредно за набљудување.