Дали дискутирате во приватен живот за користење на форум?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од I I, 8 април 2017.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Насловот кажува се :). Исто така и дали кажувате на роднини, пријатели дека одредена информација (*околу одредена тема) сте ја прочитале на форум?
     
    На КикиМаус, ♡BuBaLe♡ и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    46.934
    Леле само теми си:D

    А ти кажуваш ? :wasntme:
     
    На КикиМаус, realGirl, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    101.658
    Пол:
    Женски
    Реков дај да видам што нова тема создаде "дечково со темите" :wasntme: и воала, те ја:D:D
    Хаха, ко за мене баш.
    Немам фб, инста, ти реков-ми рече, и форумов ми е единствен "прозорец кон социјалниот живот".
    Од самиот почеток на моето членување, како 'активист' на труднички муабети :rofl: , често, па дури и кај гинекологот, муабетот одеше - на форумот прочитав/дознав/форумџиката ми кажа/случај ваков таков...
    Друго, си пиеме кафе во кафич и штрап, шкљоцам тоа кафето, чекај на фемина да го споделам :D
    Си пијам кафе со братучетка и муабетот ..на форумот, на фемина..ауу ти си таа.. сдк скоро секој втор околу мене е на форумов, па си се разоткривме :D
    Тефтерот ми е полн со рецепти а ла фемина.
    Виберот ми е полн со другарки од фемина
    Дури и фамилијарни собиранки сум имала со феминки
    И да, скоро сегде доаѓа до муабет за тема од форумов.. :nod:
     
    На Val-Dim, Arthur, LadyC и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.343
    Допаѓања:
    38.610
    Мислам дека има една ваква слична тема. Ама како и да е.
    Обично кога ќе прочитам нешто интересно на форумов и сакам да го соопштам на некој од пријателите, кажувам дека сум го прочитал некаде рандом по интернет. Додека само мајка ми, сестра ми и една другарка знаат дека сум на форумов и затоа пред нив не кријам од каде сум го прочитал.
     
    На Mrs.Styels, Tan4ence, t-sweet и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.672
    Допаѓања:
    53.663
    Пол:
    Женски
    Член сум на овој форум и на Црнобело, но таму не сум активна.
    Го спомнувам кога со некоја другарка ќе се почне разговор за диети, маски за коса, шампони, козметика итн па им кажувам: На форумот има и диети и маски за коса и најразлични производи чиј квалитет е искоментиран, па им пренесувам од тука информации. :)
    И во комуникацијата со партнерот се спомнува одвреме навреме, дешавки од тука.
     
    На КикиМаус и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.986
    Допаѓања:
    294.326
    Не.
    Не дискутирам.
    Освен мм со друг не сум зборела.
    Околу мене гледам дека читаат на форумов,ама не сум кажала за мене.
     
    На LadyC, kukla21, t-sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    хахахаха, дечкото со темите :D

    Хаха, дечко без работа (па само теми отварам). :D
    Не кажувам јас.:)
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На КикиМаус, cresa-jagoda и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.237
    Пол:
    Машки
    Вo никoј случaј не дискутирaм сo другите зa фoрумoв или пaк нештo пoврзaнo сo негo. Јaс oбичнo прaвaм кaкo @Ketchup , ќе кaжaм декa некaде гo имaм прoчитaнo тoa и тoлку.
    Нa фoрумoв никoј не знaе декa сум зaчленет. Ни мoите дoмa, a пoмaлку пa пријaтели. Дoбрo, еднaш се зaчитaв и брaт ми зa дa излезе oд сoбa виде декa читaв тукa, aмa ништo не кaжa. :wasntme:

    Акo вo случaј сум пуштен oд кoмпјутер,тoгaш фoрумoв гo oтвoрaм вo инкoгнитo. :D Сметaм декa кoлку пoмaлку луѓе знaaт, тoлку пoдoбрo.
     
    На MG3, Arthur, simonka93 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    40.128
    Пол:
    Женски
    Некогаш со сестра ми и дечко ми дискутирам во врска со некои теми на форумов. Сестра ми знае дека сум зачленета дури и никот ми го знае, па некогаш и ме зафркава :@
     
    На Rama, CoCoGiiiRL и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.362
    Пол:
    Женски
    А зошто толку криеш?
    :^)
    Срам ти е дека е женски форум?
    Па и сите машки всушност слично сте пишале. Колку страшно кажувате ко трупови во подрум да криете :rofl:

    Моите знаат дека сум зачленета ама не им е гајле... Исто и поблиски другарки знаат дека го користам форумот ама не знам дали знаат кој ник :|

    Често знам да кажам дека сум прочитала на фемина некој рецепт или предлог за филм.
    Е сега нормално не мора баш сите да го знаат никот ама знаат дека често читам и киснам на феминава.
     
    На theowndemon, Nausicaa, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.237
    Пол:
    Машки
    Немa врскa тoa декa е женски фoрум. Пoвеќе ми е зa тoa декa тукa имaм свoи лични и привaтни рaбoти кaжaнo зa кoи не мoрa никoј дa знaе. А и не ми е бaш убaвo дa знaм декa тaму некoј ме читa зa секoј пoст штo ќе гo нaпишaм.
     
    На glosipgirl, kim.k, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  12. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
  13. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    7.674
    Пол:
    Машки
    Не дискутирам воопшто.
     
    На elimkd и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    20.836
    Пол:
    Женски
    Знаат дека сум членка на форумов но не ме знаат која сум.
    Само на најблиските му имам кажано дека сум членка на форумов и дека некои информации ги имам прочитано тука.
     
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    им имам кажано дека сум член овде и обично им давам некој совет според нешто што ќе прочитам тука и им кажувам дека овде сум прочитала ама им немам кажано како сум потпишана и не планирам хахаха сепак сум многу мистериозна личност:P:D
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.741
    Допаѓања:
    10.832
    Пол:
    Женски
    Па, имам спомнато дека сум членка или дека сум прочитала нешто од тука ама не и како сум потпишана.
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.623
    Пол:
    Женски
    Тоа што сум го прочитала овде го кажувам доколку е интерсно или ми се сфиѓа.И сум кажала дека од забава и релаксација читам овде бидејќи има врвни мислења.Ама на никој не сум кажала дека сум зачленета овде и добри 3години се кријам.Неќам да дознаат пошто нема да ја имам истата слобода на пишување.Знаат дека си вадам од овде инфо и се тоа.Мајка ми прва ми кажа да читам на форумов хехе
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
  19. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    13.918
    Пол:
    Женски
    Само дечкото и најблиската другарка знаат дека сум зачленета тука, но не го знаат никот. :D
    Еднаш баш ме праша дечкото како сум потпишана, јас му реков нешто поврзано со кромид и после видов дека ме барал така. :rofl:
    А за дискусија, ако прочитам нешто интересно тука и сакам да го кажам на нив, кога ќе ме прашат од каде го прочитав, веќе јасно му е, затоа што секој одговор ми е ФЕМИНА. :D
     
    На Mr. Right и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    58.117
    Никој не знае дека сум тука. Ме фаќа параноја од помислата дека и сега може некој да ми ги прочита мислењата и да ме препознае. Многу пати сум сакала да ставам слика од кафето на пример, и се плашам дека некој ќе ја препознае чашата. Не дека имам нешто да кријам, ама таква сум, си ја чувам приватноста. :D
     
    На littleflower, shooter.0801, ванилала и 3 други им се допаѓа ова.