Немам причина за криење, ама скоро никогаш не се нашол форумов во муабет, за да би бил споменат. Знае една другарка, која ми го знае и никот, баш и праќам и скриншоти понекогаш, зошто ме мрзи да кажувам што како, и таа има профил само што не е активна.
Три мои најдобри другарки знаат која сум на форумов,исто и снаа ми знае дека со саати дремам тука,само што не ми знае ник,бидејќи таа не се ни уклучува тука. Додека две од другарките имаат ник тука само што се многу малку активни,малку ме фаќа језа да не ми читаат секое едно мислење ама тоа е сега
Само 1 другар ме знае како сум пишана и ме прашуваше што барам на форум. Кажувам кога сум член на форум но не и на кој. Не е страшно ништо тоа да се каже се додека сте свесни што пишувате и како се изразувате.
Кажувам дека некои работи имам прочитано од тука, но не и дека сум член. Инаку само сестра ми знае дека сум член, а не ми го знае никот и понекогаш ме зафракава.
И јас кажувам прочитав или слушнав, не дискутирам со никој дека сум член, или чувај Боже, модератор. Само маж ми е упатен во ситуацијата и толку.
По дома таа работа.. Знаеш.. прочитав на форум, вака се вадат дамки најдобро. Вака се прави плетенка од тесто..и тако даље.. Со пријатели не коментирам за форумов, не затоа што се кријам, туку не сме паднале во муабет Ако некојА блиска ми рече дека е членка тука, порано би се открила која сум, сега не верувам.. Но сепак, има луѓе кои ме знаат..како комшивката на пример
Само мажот ми знае дека сум член на форумов, ама како сум потпишана не верувам да знае, и не ме ни прашал. Со други не коментирам ништо.
И јас како и Бубале ми се чини, немам фб, инста, твитер.. ништо од социјални мрежи па затоа само форумов си го користам. А знам да кажам на форум видов, најдов.. затоа што и пред да се зачленам наоѓав многу информации баш тука на фемина
Мајками, дечкоми и две другарки.. Сакав да не им кажувам, но не можев да издржам, а да не им кажам некои интересни работи за форумот Не знаат како сум потпишана, но ако подбро истражат веднаш ќе ме најдат
Да. Не во смисла овој ова кажа, туку ако ми се допадни некоја тема ја дискутирам со пријатели, обично барам мислење од дечко ми па некогаш и развиваме некој вид на дискусија која продолжва со провервање работи по интернет и преминвање во нешто сосем трето.
За одредени теми дискутирам со дечкото, најчесто кога не сме сигурни и се мислиме во однос на нешто па јас на пример ќе ја прочитам соодветната тема и ќе му кажам какви се мислења и искуства имаат споделено останатите членови.
Не... И не коментирам многу многу.. Не сум тип за социјслно мрежи, имам само маил и ништо др.. Ни фб, ни инстаграм,... Повеќе ми е релаксација и споделување искуства и совети..
Никој не знае дека пишувам на форум, освен мм. Ако сакам да споделам нешто што сум научилс од тука, рецепт, лек или било што викам сум прочитала негде. Нема потреба да знаат дека сум на форум, овде бар си зборам се што ми лежи на душа...и работи кои ми е,срам да ги прашам во живо, си прашувам овде.
Бившиот во неколку наврата имаше видено дека сум го пребарувала форумов но никад не ме прашал за ник или што барам тука. А вака не кажувам никому, само ке речам дека имам прочитано негде нешто. Но од друга страна имам запознаено една феминка од тука воедно и колешка и една многу драга и позитивна феминка со која на вајбер комуницираме, зборот ми беше дека имам чувство дека некој од средината во која се наоѓам ме има препознаено. Ама тоа е што е.
Не сум кажала на никој, и јас го користам тоа- прочитав по интернетов... Еднаш мм имаше некоја дилема, прашав членки кои се разбираат околу тоа и му ги кажав одговорите. А дека цел ден киснам тука, не знае