Знаат најблиските. Ма и да не ме знаат по никот ќе сфатат која сум ако читаат. Додуша не сум ни анонимна, тоа беше моја одлука.
Со оглед на тоа дека ставам слики од ќерка ми во скриено катче,сигурно некој ме познал . Маж ми знае зошто ме гледа кога коментирам,но не се замара.
Незнаат. Уствари знае само сестра ми ама не чита (колку што знам) нејќам да ме знаат. Сакам анонимност. #иммнезнае Пссстт
Па и да кажам нешто што сум го прочитала на форумот,можеби сум го слушнала од некој друг.Пример некоја другарка ако е зачленета овде и ми кажува нешто што прочитала,ако го кажам тоа на некој не значи дека треба да се сомнева дали сум член или дека читам овде на форумот. Инаку,не паднал таков муабет за да кажам нешто што сум прочитала овде.
Две другарки ми го знаат никнејмот, ама не се замарам многу многу. Си пишувам опуштено овде. Ама на пример не би сакала дечко ми или мајка ми во никој случај да прочитаат нешто на пример што ми е пишано во налет на нервоза или нешто наменето за нив.
Да, со оние кои се веќе на форумот. Дм, мајка ми и другарка ми ми го знаат никнејмот. А, некои знаат само дека сум член на форумов.
Знаат најблиските дека седам на форум, меѓутоа не знаат на кој форум и не знаат јузернејм. Мислам нема ни потреба да знаат, ама и да откријат нема што да кријам така да сеедно ми е.
Да знаат сите , некогаш им го давам мојот профил кога ке ми го побараат , бидејки ги мрзи да прават профил овде , а им требаат некои совети , мислења , искуства и сл.
Ne Ponekogas mm ke pomine i ke vidi nesto i odma sledi "abe ajde cisti gluposti". Stvaro kaj covekov doaga koga stvarno citam gluposti?
Знаат само мајка ми и сестра ми, но не ги интересира многу што пишувам. Но, и јас не сакам да споделам што се сум напишала тука, бидејќи форумов го чувствувам како лично исповедување и приватност.
Еј кога ке седнам со екипата моја, ние последно нешто што би ни дошло на памет е да збориме за форуми. Домашните мои знаат затоа што порано користевме ист компјутер. Ама они не се замараат. Еднаш татко ми ме тераше да ве прашам тука за некоја маст за вени седи мирен му викам тука само за рецепти и за фустани муабет се прави, оди на друг форум.
Не, скоро на никој му немам кажано. Е сега кој ме препознал и ме знае не знам. Ама не сакам да ме кажуваат наоколу дека имам профил тука на пример.
Претежно не. Барем се надевам дека не. Другар најблизок ме знае и со профилна слика и со име и со се ама мислам дела ме нема читано, и да читал веќе го знае сето тоа. Две најдобри другарки знаат дека користам фемина форум ама не верувам дека знаат конкретно која сум. За останатите не. И се надевам дека нема да ме дознаат, а можеби веќе и некој ме знае... Шознам... Не знам како би реагирала ако ми кажат дека ме препознале