Дали добар избор е фармација?

Дискусија во 'Образование' започната од in.love, 30 јануари 2010.

  1. in.love

    in.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Сега сум 4 година и избрав да полагам биологија и хемија(затоа што тоа највеке ми оди) и желба ми е да одам на фармација. Сега едни велат дека е добар избор други дека нема работа. А со факултет не сакам да бидам аптекарка. Што мислите дали е добар избор или на кој друг факултет мозам да се запишам што се учи хемија?
    Поздрав
     
  2. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    На Технолошки имаш смер биотехнологија со него можеш да работиш во Фармацевска индустрија,Козметичка и ред други да не ги набројувам главни предмети се хемија,биохемија,математика се подразбира без нејзе не можеш да мрднеш само многу е тежок има многу испити , исто можеш да одиш и на природно математички биологија-хемија или биохемија .
    Доколку има вакви смерови на приватен универзитет подобро ке ти биде таму да се запишес зошто на државен немаме пракса никаква, ама не сум сигурна дека има на приватен вакви смерови.
     
  3. in.love

    in.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Па ги гледав на приватни факултети ама нема ништо за фармација и слично...А морам да се запишам на некој таков затоа што избрав тие предмети за матура :?
     
  4. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Прашај некој од пмф како е таму треба добро да размислиш ама и фармација не ти е лош избор мозеш да работис и како фармацевт во индустрија немора да си апотекарка.
     
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    ako nekes da rabotis kako aptekarka zs se zapisuvas farmacija? Ја имам фармација и освен по струка неможам да работам ништо друго освен ако имам желба за у бутик у колонијал. Нели е така? ако некес да си аптекарка ич не се запишувај на фармација.
     
  6. in.love

    in.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    А ти што работиш со фармација? Нели може нешто да се најде во некоја лабораторија за лекови или сл.? Покрај тоа ми останува некоја биолошка струка :|
     
  7. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    89
    Срцка јас студирам фармација и ако повторно треба да бирам сигурно ке го направам истиот избор.Најбитно од се е да си ја сакаш струката и да ти идат природните науки особено хемија затоа шо околу 70% на фармацевтски факултет е хемија.И треба мнооогу учење! Среќно со изборот!
     
  8. in.love

    in.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Па мене најмногу ми оди хемија и ме интересира тоа само што сите велат дека после нема работа :?
     
  9. svetlana-74

    svetlana-74 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    И јас студирам фармација и имам уште 7 испити до крај заглавив со една хемија,за тешко тешко е но ако навистина го сакаш тоа зошто да не?Е сега јас имам другарки што завршија и сите работат како аптекарки затоа што не се наоѓа лесно работа во лаб.фабрика и сл.но со врски може и тоа да се среди.Најбитно е да го сакаш тоа што го работиш!!!!Па сега ти види,размисли и одлучи дали е тоа што ти го сакаш!
     
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Јас сум матурантка оваа година и сум одлучена за фармација. Мислам дека нема да згрешите сите вие што сакате фармација, бидејќи секогаш може да се најде работа. Ќе отвориш аптека и ете ти сопствен бизнис. Аптекарка е најмала работа, значи како продавачка на лекови може да се работи и со средно фармација. Плус тоа, има разлика од фармацевт до фармацевт. Има фармацевти што кога одиш во аптека да побара некој лек кој не оди на рецепта, не знаат да ти објаснат ако не си доволно информиран, а некои само ќе ти го тутнат лекот и ајт со здравје.Секако, можеби нема веднаш да почнеш да работиш во некоја фармацевтска индустрија, но никогаш не знаеш какви се можности ќе ти понуди животот. Со новиот закон фармацевти може да работаат и во биохемиски лаборатории.
     
  11. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    И дали може вие поискусните кои веќе студирате фармација во Скопје да ми кажете како е, какви се професорите, дали е добар факултетот, дали лесно се совладува материјалот преку пракса и како одат колоквиумите (устен, писмен со заокружување, со дополнување..)? И дали може да се успее доколку имаш средно ниво (не многу високо и не многу малку) на познавање на хемијата од средна школа?
    Фала однапред.. :)
     
  12. in.love

    in.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    и ја сум матурантка ама сите ми велат дека треба економски или правен ама тоа ама баш ич не ме интересира :)
    а за колоквиуми гледав на официјалната страна на факултет http://www.ff.ukim.edu.mk/semestri_mk.php
    а најдобро е што анатомија се полага усмено :D па можеби ќе бидеме колешки :up: хехе
     
  13. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    100
    DA, farmacijata e super izbor spored mene. Inace i ja sum farmacija sredno skolo i super e.E sea malku e tescicko ama ako se saka nesto nisto ne e tesko :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Ме буни тоа што на овој линк http://www.ff.ukim.edu.mk/semestri_mk.php во семестрите има по 7 предмети...а на овој линк http://www.ff.ukim.edu.mk/tempuslist_mk.php?tc=1 има по 5 во првите семестри. Може некој точно да ми каже што е разликата меѓу тие два и колку навистина предмети се изучуваат во прв семестар?
     
  15. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    Ако ти одат од рака предметите и воопшто ако имаш желба мислам дека без двоумење треба да се запишеш на тој факултет бидејки мислам дека ќе ти се исплати.Фармацевтите се добло платени и имаш многу можности за да успееш во таа професија надвор од државата.Е сега,факт е дека ќе бидеш 99 % од времето врзана за учењето ама мислам дека ако имаш капацитет ќе успееш дефинитивно . Поздрав
     
  16. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    Искрено не знам што би барала на економски или правен со средно медицинско. Јас сум на фармација и ке те излажам ако ти кажам дека е лесно, зошто е претешко, ама и интересно е. Сега претходнава година ја сменија програмата нешто.
    А и најлошата професорка годинава оди во пензија (ако ни се посреќи :devil: ), така да тоа е уште еден +. А за работа ако имаш некој за после да те пикне негде ич не размислувај сигурно нема да работиш во аптека :D , а и ако немаш ако не те мрзи да учиш тогаш пак најдеш работа ке те препорача некој професор ;) . Само да знаеш дека треба да се откажеш од многу работи и да седнеш убаво да го загрееш столчето, зошто ништо не се положува ако претходно убаво не набубаш :envy:
     
  17. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    31
    Јас сега ќе бидам 4та година, па здравје после би сакала да се запишам на фармација, ако не се премислам. Ме интересира што треба да се полага на матура за на фармација???
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.287
    Допаѓања:
    81.791
    Пол:
    Женски
    Морам тука да те корегирам - според новите закони аптекарка не можеш да бидеш со средно фармација - мора да имаш факултет и положен државен испит. Дури ни аптека не можеш да имаш ако имаш само средно фармација, мора носител на дејноста да биде дипломиран фармацевт со положен државен испит, т.е со лиценца.
    Имам прва братучетка што заврши фармација, затоа знам и по нешто - едно ќе ти кажам - подготви се за учење, го има и тоа многу. Не е лесен факултет, особено што не се состои се од биологија и хемија - има доста работи што мора да се учат буквално напамет.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.716
    (ова е од списанието Матурант 2010)
    Екстерен изборен предмет: математика (основно ниво) или странски јазик
    Интерни предмети:
    - за гимназија: биологија, хемија, математика (ако не е избран како екстерен испит), физика
    - за средно стручно образование: биологија или хемија, еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот (здравствена струка)
     
  20. abvgdge

    abvgdge Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    eee ja ke se zapisan na farmacija u skopje..koj od ovde ke ide isto na farmacija :D