Дали добар избор е фармација?

Дискусија во 'Образование' започната од in.love, 30 јануари 2010.

  1. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    јас :)
     
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    И јас учам фармација и не ми е тешко. Да си фармацевт е повеќе и од лекар. Информиран си за сите лекови и болести и постојано си во тек со настаните. Тие што учат фармација знаат. И кога некој ќе ви каже дека сте обичен продавач, не е точно. Зошто не застане некој од улица и да продава лекови?? И уште нешто, за тие што се во бел мантил има работа и во кризно време. Постојано има работа. Не треба да се плашите за тоа :)
     
    На macysh, LittlePinky и sanaqualia им се допаѓа ова.
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Баш скорото една моја „паметна“ другарка го кажа тоа...фармацевт = продавач!Во никој случај!Не знам сега дали е така но знам дека колку толку и тие имаат учество во правење на некои лекови
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    не колку толку туку тие ги прават лековите :)
     
  5. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Според мене најдобар ако ти оди хемија. Башка по огласи гледам само фармацевти бараат.
     
  6. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    40
    Фала :), значи не мора математика да полагам, можам и англиски. Тоа ме интересираше. Фала мноооогу.
     
  7. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    па ако не сакаш Фармација може да се запишеш на Технолошки факултет а и таму нема да ти е досадно ке имаш доста за учење :D
     
  8. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    јас завршив средно фармација и не се жалам за тоа што сум се убила од учење у средно зашто све ми останало у глава ама нејќев фармација факултет зашто релано гледано на пракса ко бев цркнав од досада по не знам колку време продавање а и тоа ти е 80 % од работата која ти следува после фармацевтски факултет ....мислењето ми беше дека џабе ке ми толку време и труд на фармација ко после ке се депримирам ако секој ден по 8 саати јас ке бидам продавачка, па без разлика колкава би ми била платата . Што ако џебот ми е полн и главата богата со знаење кога по 8 саати продавам ???
    а и после зарвшување средно фармацевтско можеш да полагаш државен испит и ке можеш да работиш у аптека ..... 5 другарки од средно и го направија тоа и не продолжија на факултет .
    Сега сум на ПМФ на биохемија и физиологија и супер е , две години земав стипендија ама у трета ми се намали просек па ....чорба :)
    секој е различен човек со различни ставови и треба сам да си размисли кај ке се запише. Овде може само за лични искуства да збориме :)
     
  9. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    81
    Јас студирам фармација во Скопје факлутетот не е толку тежок колку штосите велат , ако го учиш тоа со љубов нема да имаш никаков проблем . Ја еве сега сум петта година па фала богу , до сега ми оде супер.
    Јас мислам дека еден ден ке ми се исплате трудот , а другите може да да велат за мене продавачка ама барем знам јас што сум и не морам на некој да му се молам за работа оти можиш да бидиш сам свој газда ;) . Јас си ја сакам својата идна професија , доколку ние самите не се цениме како сакаме другите да не ценат , па секако ке не нарекуваат продавачки . Како и да барем нема до сега ниту еден фармацевт без работа на бирото за вработување и секаде се бараат :)
     
    На sanaqualia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. duplo.a

    duplo.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    7
    Преубав факултет на кој планирам да студирам. Особено ако ти одат добро хемија и биологија, ова е прекрасна струка што е пред се многу чиста и многу интересна, а самиот факт што нема фармацевти на биро укажува на тоа дека и не е невозможно да се најде работа.
    Што се однесува до познатото примитивно и заостанато мислење дека фармацевтите се ПРОДАВАЧИ, и те како и погрешно. Имаш премногу други можности за работа како фармацевт, а и башка продавањето лекови е премногу одговорна работа, бидејќи должност на фармацевтот е и да го исправи и лекарот кога ќе погреши.
    Така да, со среќа на идните и сегашните студенти и само напред!
     
    На Ejndzell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mamababa

    mamababa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Дали може некој да ми помогне околу наогање на материјал и изработка на проектна задача за матурска за стручно училиште - фармација.Немам идеја за која тема да правам проектна задача - дајте ми идеја!
     
  12. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Прво гледај проектната да ти одговара со факултетот на кој планираш да се запишеш.

    Јас на пример ќе идам на фармација, најдобро за тоа е биологија или хемија (а како што гледам си средно фармација, можеш покрај овие да правиш проектна и по фармацевтска хемија или технологија, како и броматологија) Мене темата ми е "Хромозомски Аберации", можеш да одбереш било кој од системите - респираторен, кардиоваскуларен, уринарен итн. Еден другар од фармација ја одбра тироидната жлезда и нејзиното влијание врз метаболизмот, што според мене е убава тема.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Фармацевтите не се аптекари. Ок, дел се. Меѓутоа не значи дека мораш да бидеш тоа.
    Продавачи, ни малку.
    Во смена во аптека колку што знам мора да има еден со факултет, за да го посматра другиот..или така нешто беше.
    Како и да е, тешко е. Сестра ми после 5 години ја гледам убаво. Без да писка за колоквиум. Спиеше по 2-3 часа. Како и секој факултет има учење, ама тежината е секаде различна. Убаво е што сега и нашиве се магистри, не се дипломирани фармацевти само. А за Технолошки факултет не претерувајте. Не мислам лошо или да навредам некој што студира, ама не може да ги споредувате еден со друг факултетиве. Аааа и по оние муабетчиња низ дома како ми збореше сестра ми порано, мислам во пракса биле појаки од средно фармацевтско, додека теорија појаки гимназијалците.
    Не знам, јас сакав тоа да студирам, ама се премислив од не знам која причина. Сега ми е многу тапа, мајка ми и сестра ми да речеме ќе се разборат кога сме излезени некаде, или еве и дома, и јас ги гледам бледо како теле со барање да почнат да зборат на македонски :D
     
    На macysh, agirl17 и butterfly992 им се допаѓа ова.
  14. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Дали е вистина или се само шпекулации дека оваа година на Фармацевтскиот факултет во Скопје ќе има само државна квота, и ќе се примаат само 20 студенти? :^)
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Што, како??? :o :o :o И мене ме интересира ова, мада не верувам, ама ако знае некој нешто нека пише :|
     
  16. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Не знам навистина, стварно се загрижив. :| Ова ми го кажа едно дете од класот, што е исто така заинтересирано за фармација. Ако е точна информацијата, тогаш стварно сме се зафркнале. Но можеби тој на тој начин сака да си ја скрати конкуренцијата од својот град. Стварно ако некој знае нешто во врска со ова, ве молам нека пише... :?:
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене ме интересира дали има приемни на фармација? И да, не верувам дека е точно ова дека ќе примаат само 20 ..нема шанси :?:
     
  18. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Девојче ако мислиш дека аптекарките се продавачки на лекови воопшто не се запишувај на фармација, или прво информирај се добро кои се задачите и одговорностите на фармацевтот во аптека и зашто мора секоја аптека да има фармацевт со положен државен испит!
    Да беше аптеката продавница за лекови сите ќе отвореа и сите ќе продаваа лекови, ама за среќа не е така.
    Сигурно не учиш моментално средно фармација, зашто ако учеше тоа сигурно немаше да имаш вакво мислење.

    Сега нема приемни, полагате нели матура и конкурирате со бодовите од матурскиот испит, така да глеј да го направиш добар ;) И со среќа :)

    Морам само за нешто да те исправам...... лековите не се ПРОДАВААТ, лековите се ИЗДАВААТ
    инаку со се друго се слагам ;)
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Нема приемни. Матура се полага, хемија и биологија ако си гимназија, а за средно фармација 2 од стучните предмети :)
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Санаквалија, Ени е веќе запишана на факултет.
    И мислам дека воопшто не мисли дека аптекарките се само продавачи на лекови. Јас нејзиниот пост воопшто не го сфатив така.
     
    На EnnieFabulous му/ѝ се допаѓа ова.