1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали добар избор е фармација?

Дискусија во 'Образование' започната од in.love, 30 јануари 2010.

  1. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    40
    Пред неколку месеци ги гледав предметите, но сега има нова страна од факултетот и кога гледам тие предмети биле од студиска програма 2002/2003, а има нова студиска програма 2009/2010 каде се е мн различно, некои предмети ги нема има други...
    http://www.ff.ukim.edu.mk/mk_content_me ... 94&jazik=1
    значи од 2002/2003 не важи?
     
  2. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Важи за тие што се запишани до 2008 година. Од 2009 па навака важи новата програма. :)
     
    На Eli4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Освен хемија и биологија може и со математика интерно.
    Јас избрав хемија и математика па на фармација планирам да се запишам...
     
  4. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Да може и математика ако интерни предмети ти се македонски и англиски :)
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мислеше ако екстерни ти се македонски и англиски :)
     
  6. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Oф леле сега гледам што сум напишала. Може за интерен да го одбереш математика, ако екстерни се англиски и македонски.
     
  7. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Јас се мислам помеѓу медицина и фармација. :^) Медицината повеќе ми се допаѓа но кога ќе ги видам условите во кои нашите доктори работат ми се :puke: . Затоа мислам дека фармацијата повеќе се исплаќа, а ретко да има фармацевт невработан. Ми оди и хемијата така да 80% ќе биде фармација, а најмногу ми смета тоа што факултетот не го ценат. Ги нарекуваат фармацевтите "продавачи" ама од неписмен народ што може да се очекува. Учат се трудат 5 години за некој да ги понижува. :@
     
    На butterfly992 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И мене една од опциите за факултет ми е фармација. Како што ми изгледа таму ќе се запишувам. Оваа година знам дека примаат 45 во приватна и 45 во државна ако не се лажам :?: Многумина ми викаат тешко е немој да одиш, ќе немаш време за ништо.. Чекам мислење од некој што студира фармација, како ви иде, какви се професорите, успевате ли да го совладате материјалот :?:
     
  9. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Од списанието "Матурант" за 2011 г. пишува дека на универзитетот "Кирил и Методиј" - Скопје на факултетот фармација примаат 45 во државна квота, а 55 во приватна. На универзитетот "Гоце Делчев" - Штип примаат 35 во државна, а 43 во приватна квота. :)
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukle95

    kukle95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    фармацијата е најдобар успех единствено оваа струка е најбарана, ако не како фармацевт мозе да се вработис како професор мислам дека нема да зажалите ако се определите да студирате фармација...јас моментално сум 2год средно медицинско за фармацевтско лабараториски техницар мн е интересно праксата исто така е интересна и добивас мн знаејна не само од оваа облас туку општо по се...
     
  11. kukle95

    kukle95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    фармацијата е најдобар успех единствено оваа струка е најбарана, ако не како фармацевт мозе да се вработис како професор мислам дека нема да зажалите ако се определите да студирате фармација...јас моментално сум 2год средно медицинско за фармацевтско лабараториски техницар мн е интересно праксата исто така е интересна и добивас мн знаејна не само од оваа облас туку општо по се...
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Област со т!
    Фармација има секогаш работни места, точно, исто како и сметководство или медицина. :)
    Веќе сум кажала, пак ќе кажам, одличен избор е! Се каам што немам толку висок просек за таму, и што се префрлив од ПМБ.
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Во помалите градови за жал нема секогаш работни места ни за фармацевти, ни за сметководители ни за медицинари.
    Барем не во мојот град познавам невработени луѓе со завршено високо образование од овие области.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Во ред, тоа е многу јасно, да имаше баш секогаш сите ќе се запишевме таму за сигурно работно место.
    Лошо се искажав...Сакав да кажам дека според мене тие се професии кои секогаш се потребни. :)
     
  15. ZoLaRisK

    ZoLaRisK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    би сакала да ве замолам ако има некој да ми даде материјал за полагање државен испит за фармација,
    -фармацевтска хемија, фармакологија и фармакогнозија... по можност online ако се наоѓа линк барем нешто, фала :)
     
  16. Liluskata

    Liluskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Луѓе да ви кажам од искуство значи 4 години учев фармација средно и да ви кажам дека целиот тој труд нема да ви се исплати јас сум многу огорчена од фармацијава и сите тие гласини дека фармацијата е најдобар избор, и дека после многу лесно ќе најдеш работа се од луѓе кои не ја учеле, сите што учеле ќе ви кажат дека 4 години средно и после 6 години факултет е најмачното време во нивниот живот значи се утепуваш од учење за после да зимаш 200 евра плата?! Не фала! Ви кажувам со најдобра намера зошто незнам некој што се запишал фармација и после да не зажали или да рече дека му се исплатил трудот па вие како сакате :?:


    Незнам што поточно бараш и дали уште ти треба па ако ти треба пиши ми точно кои теми јас ги имам сите материјали по фармацевтска технологија, фармакогнозија, фармацевтска хемија и фармакологија. Ако можам ќе помогнам :)
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Да биде се како во Европа секој лекар ќе мора да има вработено фармацевт. Лекарите додуша и врска немаат со лекарства, не како фармацевтите.
    Инаку, факултетот е 5 години, не 6. Второ зависи што просек си имала на факс, таква работа ќе имаш. 200 евра не верувам да е плата во јака компанија.
    Сестра ми се вработи 7 месеци после магистрирање, и тоа тие 7 месеци беа интервјуата во истата компанија уств.
    Мајка ми е дипломиран фармацевт од првите генерации, и вработена е дента по завршувањето факултет. Нема сменето работно место и е премногу задоволна.
    Работа има, ако ништо друго во аптека, а конкурси и тоа колку добри има секој ден во весник, со сигурност.
     
    На macysh и agirl17 им се допаѓа ова.
  18. Liluskata

    Liluskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2

    Значи тогаш имало работа сега секој 2 е фармацевт ко прво нема толку аптеки колку што има фармацевти. Ја си го кажав оето мислење сега вие како сакате...
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    А што сакаш ти, колку пари да земаш со средно,а? 300-400 евра.
    Едит:Не прочитав дека си пишала дека тие што имаат факултет земаат 2оо евра.Тоа не е точно, толку, скоро толку,земаат оние само се средно.
     
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Девојката сакаше да каже дека не се исплати тој труд 4 години средно и 6 факултет за ПОСЛЕ тоа да зимаш 200 евра плата. А трагичното е што баш уствари тие со средно што се убутани со врски нормално на крај ќе земаат не 400 евра туку и повеќе плата од тоа. Лично за мене фармација не е добар избор освен ако немаш некој да те бутне после во некоја фабрика. Без навреда, ама за мене аптекарка е всушност продавачка, по цел ден на нозе, ајде нека биде платата и 200 евра, ама после толку тежок факултет стварно е за никаде. Секоја чест за тие што завршиле фармација, јас лично не би можела. За жал таква е реалноста овде, за на друго место не знам.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.