1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали добар избор е фармација?

Дискусија во 'Образование' започната од in.love, 30 јануари 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас би можела да го завршам, ама не би се запишала на овој факултет зошто не го сметам за перспективен кај нас. Инспирирана од коментарот што го добив од една девојка што ќе се запишува, морав да пишам тука. Ми вика: во Алкалоид земаат по 1000 евра плата, не знам што си влага во филмови. Па и во Комерцијална менаџери зимаат над 1000 евра плата, па има и такви дипломирани на менаџмент професори во средно за 300 и нешто евра плата шетаат дневници. Секој што ќе се запишува на факултетов ако тоа си го вика ќе се здобие со огромни разочарувања на крај зошто во Алкалоид не работи било кој дипломиран на фармација, туку стручњаци и луѓе со искуство, па и луѓе со врски. Има уште неколку добри компании кои се полни со луѓе со искуство, и верувајте немаат баш слободни места тука и тоа е се`. Знам една жена која работи таму и таа е презадоволна ама и е многу образувана не била со просек 6.00 едвај да го завршила факултетов, туку висок просек и нејзе и се посреќи и морала многу да учи и да се надоградува и се вработи и продолжи да учи и после тоа. И не го сметам за перспективен, ниту за добар избор, зошто 90% од дипломираните работат во аптека како продавачи и само продаваат лекови за плата иста како продавачка во бутик. Која иронија, исто познавам девојка дипломирана на фармација работи во Зегин аптека и мислите дека е задоволна со работното место после целиот труд и учење што го вложила?
    Жалосно е ова што идниве студенти на фармација се замислуваат дека ќе работат во големите компании и ќе земаат плати над 500 евра. Па и да го постигне тоа некој, прво треба да си продава лекови и да си зема плата приближно колку сите продавачи, па после може да напредува и да работи во компанија, ама за тоа ќе се изначека зошто сигурно нема кога ќе дипломираш да ти речат: ``Едвај чекавме да дипломираш, дојди ајде во Алкалоид да ти давам плата 1000евра`` а ти немаш грам искуство.
    Како и во секоја професија, така и во оваа има хиерархија и се бара стаж и искуство. А јас додека да го стигнам тој стаж да продавам лекарства за бедни пари, не благодарам има други факултети каде додека да наполнам стаж ќе работам во канцеларија за помала плата од тие над мене да, но барем во иста фирма сме, карикирам.

    А, и не ги гледајте постарите што се од првите генерации дипломирани на факултетов како женава и мајка и` на Сефора, тие секако имаат работа зошто како што кажав се меѓу првите генерации и тогаш имало потреба од такви кадри и тие секако ќе бидат првите што ќе пополнуваат работни места, барани биле едноставно во тоа време.

    Старбакс, со факултет земаат 200 евра. Постот на Анат го кажува тоа што јас сакав да го кажам. Не е више ко порано сите со средно да се шлепаат во аптеки, сега има многу дипломирани.

     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Плавуша,може со средно да се работи во аптека. Во Зегин има таква фармацевтка само со средно е.
    А и имам правено муабет со едно девојче,ми кажа дека нејзина другарка со средно работи во аптека,зема 9 илјади ден.месечна плата.
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^може со врски све може, ама законот е таков и јас имав слушнато за таков закон и гледам и Анат го пишала.
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Незнам дали е со врски,ама таа одамна почна да работи во Зегин.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е така кажи, одамна, тогаш не ни имаше таков закон, релативно нов е ко шо знам ја.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Пред 2-3 години е мислам :^) . Само незнам зошто таа работи со средно,а една комшика медицинска сестра работеше со средно во болницата,а сега уче факултет,за да не ја избркаат од работа,нели сите со факултет треба да бидат.
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Секогаш се почнува од 0 Плавуша. :)
    Мајка ми не ја претставувале од секогаш за експерт на балканот, тоа е последниве години, а има 50.
    Не може од старт да се вработиш во Алкалоид, Рошер или друга компанија без искуство и слично. Јас гледам што прави дома мајка ми кога прима некој. Прво гледа просек, па колку години му требало да заврши факултет и секако искуството. На интервјуа некои знаат да бидат многу некултурни што е голем минус.
    Второ, при избор фармација мора да се знае дека и опција аптека постои. Пола генерација на сестра ми беа запишани затоа што сакале да работат во аптека, и ете ги, таму и работат, а и работа нешто многу нема таму освен доколку дојде некој да купи нешто. Нема нервози, анализи, расипана машина и така натаму.

    Пак ќе кажам факултетот е 5 години, или 3. А тие со средно фармацевтско не знам што очекувале од животот ако не се одлучиле да продолжат на факс. Стварно не разбирам.

    А во аптека, мора да има во смена и дипломиран/магистриран фармацевт. Не сите на смена што се со средно да бидат.
     
    На FKIC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Сега ми текна.Мислам дека на некоја тв кажаа дека во аптека може да има фармацевт со средно,но само доколку има некој со него, со факс.Колку е точно незнам,ама сигурна сум дека вака кажаа.
     
  9. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Значи аптека може да отвори само дипломиран фармацефт а во неа може да работаат најмалку еден дипломиран фармацефт а другиот може да биде техничар, мора да има најмалку средно фармација.
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^А ти уште ни во средно не си влегла и штотуку повтори една иста работа што и погоре ја имаа кажано. И те молам ако веќе се интересираш, фармацевт.
     
  11. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    За тоа што го прочитав погоре не сакам да коментирам, бидејќи факт е дека секој има право на свое лично размислување и избор. Секој може да го учи и да напредува во областа која што ја смета за перспективна. Од друга страна, доколку во Македонија саканата професија не е таква, а ти си амбициозен, со својот труд и упорност можеш да завршиш на било кое место во светот каде се вложува многу повеќе во образованието отколку кај нас.

    Границите на светот барем за студентите и трудољубивите се отворени и со еден збор ти се наоѓа на дланка. Е сега, за да успееш во тоа, не треба само да сонуваш, нели? Така е и за фармацијата како наука, за која повеќето се во заблуда, не знаат што се’ опфаќа како таква, а зборуваат. За жал, мнозинството има ограничен поглед на светот и од таквите истиот пропаѓа.

    Да бидеш фармацевт е далеку од обичен продавач. Колку само смешно ми изгледаат таквите размислувања. За жалење не се оние што си уживаат во работата и се задоволни од она што го работат без разлика дали денеска ќе има солиден профит или не, туку оние кои се’ уште живеат со застарени размислувања.

    Нормално е дека секој сака да заработи колку што е можно повеќе, да има што е можно поудобни услови за живеење итн., но некогаш тоа од амбициозност преминува во алчност, а луѓето не ги знаат границите меѓу различните вредности и на тој начин пропаѓаат во сопствените заблуди. Како и медицината, така и фармацијата е хумана наука, каде со своето знаење можеш да спасиш многу животи, а и те како треба да бидеме хумани.

    Точно е дека првиот чекор го имаат лекарите, но целокупниот резултат зависи од фармацевтот и тој ја има целата одговорност (кога веќе зборуваме за лице што работи во аптека, а за оние што работат во фабрика за производство на лекови, не треба ни да станува збор. Што би биле дијагнозите на болестите од страна на лекарите, доколку нема лекови? Големи се насоките кои ги обработува фармацијата, а за кои поголемиот дел од луѓето немаат појма. Но, како совесни, ќе го занемариме тоа). :)

    Секое и едно нешто си има добри и лоши страни. Секој и еден факултет има и полесни, и потешки делови. Па зарем тие што дипломирале на Фармацевтски факултет или на Харвард (пример земете го кој сакате факултет деклариран како многу тежок) имаат нешто повеќе од другите, освен трудољубие? Секако дека не. И доста со тоа дали се исплаќа или не.

    Ако размислуваме за тоа, од гледна точка на тоа дека има премногу аптеки, премногу фармацевти, платата меѓу фармацевтските техничари и дипломираните фармацевти е еднаква, дека во Македонија нема фабрики за лекови од типот на оние во странство, дека доколку немаш врски во денешно време не можеш да успееш, дека и покрај толку учење повторно народот ќе те гледа како “продавач” мислам дека не можете ни да сонувате да го имате она што го поседува народот во другите поразвиени држави од нашата, а уште помалку пак и да се надевате дека ќе постигнете нешто такво.

    Следете го вашиот сон, она од кое ќе бидете задоволни и тогаш кога ќе наидете на тешкотии, на пречки, на искушенија. Она, кое тогаш (во тие моменти) нема да го преколнувате и целиот ваш труд ќе го сметате за залуден. Перспектива секако дека има доколку вредиш како професионалец во областа за која си се одлучил.
     
    На macysh, FKIC, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Убаво пишано. Се што пиша е точно. И немој да се навредуваш од тоа продавач, во никој случај не е напишано за некој да се навреди туку како ни изгледа на нас од страна кои не ја сфаќаме вредноста на дипломиран фармацевт ако стои позади шалтер во аптека. Стојат на нозе по не знам колку саати за искрено мн ниска плата, се расправаат со геријатрија и неписмени, во аптека оди секаков народ нема што тука! Јас и погоре пишав, секоја чест на тој што ќе заврши фармација.
    А еве ја сега реалноста кај нас. Јас имам член од семејството кој што работи во Алкалоид и тоа не е фармацевт туку економист. Има уште неколку години до пензија таман уште колку што би ми требале да завршам факултет. По заминувањето во пензија неговото место слободно може да ми го отстапи мене или на некој др близок и без проблем одма после дипломирање да имам работа. Ме убедуваа, ми збореа што уште не, ама од едно уво влегло, од друго излегло. Колку би останала на тоа работно место никој не ми гарантира, ама замисли јас да се запишев на фармација без желба, ќе го завршев со низок просек и на крај јас ќе му го земев местото на некој што толку се трудел и посакувал да успее во таа област. Каде е тука праведноста? Нема, ама тоа е реалност. Истото ќе ми се случи и мене кога ќе завршам факултет, затоа што во мојата струка јас немам никој каде да ме бутне и мене искрено, без иронија, ме води само ентузијазмот и љубовта кон тоа што го учам. И јас се надевам на успех, ама не заборавам кај живееме и дека можеби нема да дочекам можност за да отидам во странство. Па малце ли се тие што сонуваат да бидат успешни? Ама не успеваат сите... Мене секој ден ми зборат дека мојата идна професија не била за жена, каква баналност. Не ги слушам. Тоа не ми е важно. И мојот факултет е 6 години, има денови кога се окозувам од учење, ама мерак ми е, сакам тоа да го учам. Значи поентата е да бидеш доволно храбар и да избереш нешто што барем сакаш да го учиш без да размислуваш дали ќе имаш иднина со тоа. Денес може нема, за неколку години не се знае.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Децата на вработените имаат предност а не сите блиски.
    Плус тоа не ти гарантира добивање работно место. Ти да имаш завршено германски јазик верувај нема да те примат. Пример дадов.
    Отидовме премногу офф..
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Се согласувам. Ова нека биде последен коментар за вработување со врски, сосема е друга темата.
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Фармацијата како наука е многу благородна, но во Македонија,го нема тој сјај. Зошто? Затоа што факултетот е многу тежок имате 8 семестри органска хемија, што не е многу лесна и други стручни предмети има и многу пракаса, тој факултет е на исто рамниште со медицинскиот, според мене. Сепак е многу фрустрирачко, дека после толку учење и труд, се сведите на исто ниво со која било продавачка со средно и да се расправате со пензионери кои ќе ве пцујат иако тоа нема да биди по ваша вина. Бидејќи многу малку од тие кои ќе завршат фармација, ке можат да се вработат во Алкалоид и други фабрики за производство на лекови и да уживаат работејки го она за што го студирале .
     
  16. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Абе сега ако земиме секој факултет во Македонија да го разгледуваме и анализираме, ќе заклучиме дека во Македонија перспективен факултет - НЕМА. Фармацијата не била добар избор...што е добар избор тогаш? Економисти, правници, наставнички, професори по англиски и некој друг јазик, воспитувачки?(без навреда за никој, сите си се убави професии, но зборот ми е дека ги има премногу и повеќето од нив треба да чекаат да се вработат државно, не можат да успеат со сопствен бизнис од областа на професијата). Професијата си и е прашање на сопствен избор. Најважно е да го сакаш тоа што го учиш. И да, јас за една година се запишувам на факултет, учам фармација, ми се допаѓа многу, но имам и други опции па се двоумам, но ако не изберам да продолжам на фармација, тоа сигурно нема да биде заради неперспективноста. Значи како наука, за перспективна - перспективна е. Можеби не како во развиените земји во светот, но колку-толку е. Ако ништо друго, дипломиран фармацевт и да не најде работа во некоја компанија за производство на лекови или во обична аптека дури, секогаш може да се надева на план Б ( сопствен бизнис ).
     
    На LittlePinky и The.Crab им се допаѓа ова.
  17. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Секој избор е добар ако се вложите максимално и си ја сакате професијата. Најважно е вас да ве исполнува, а секој од страна што сака може да си збори, колку луѓе толку мислења. Како што кажаа и погоре, ако гледаме што е перспективно, во Македонија ништо не е.
    Имам блиска другарка што студира на фармација и е супер задоволна од факултетот, си го сака тоа што го учи, вика дека со новиов систем, еден предмет на месец, многу им е олеснето и супер и е.
    Што се однесува на тоа дека фармацевт е обичен продавач, нема да се повторувам, само повеќе од очигледно е дека тие што мислат така немаат ни најмала идеја што значи да се биде и колку треба за да се стигне до звање фармацевт.
     
    На EnnieFabulous му/ѝ се допаѓа ова.
  18. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Дека планирам на фармација да се запишам ај некој што студира на овој факлутет ако не ми е мрза да напише каков е тој нов систем.
    И колку часа денот се на факлутет. :)
     
  19. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    зошто дозволувате да ве лажат ..во зегин имам пријателка со средно зима 15 000 плата а нејзината сефица зима 28 000 плата а зегин е најмизерно за плати
    сестра ми работеше во аптека зимаше 25 000 плата и тоа дипломираше во вторник од петок почна да работи на почеток без лиценца зимаше 20 000 а после тоа 25 000 . сега работи во компанија и зима 45 000 , нејзини другарки работат во алкалоид и стварно зимаат по 60 000 денари , не е лага!!! и не знам колку години имаш но најбитно е нешто кога ке дипломираш да има кај да се вработиш. моментално со фармација нема невработен , тоа е еден ооооогромен плус за разлика од други професии(имам другар со економски со просек 2 год нема работа) тоа со фармација не се случува.
    дека треба учење треба и тоа мноооооогу е сега сите што се исрфустрирани дека не можат да завршат толку тежок факултет тоа е друго
    поздравче
    уште нешто....за работа во аптека
    си има луге сто си го сакаат тоа, може стварно зимаат по 25 000 плата што е малку во однос на др работи места , ама луге верувајте работеше сестра ми, тоа е милина, посебно дека она многу си ја сакаше работата...чисто..нема притисоци нема рокови се е толку убаво..и релаксирано опустено
    е сега зависи кај работиш , сестра ми имаше пријателка што работи во виола е таму е ужас(директорката е најлошата жена на свет)..само тамо немојте да се вработувате или во зегин, секаде на друго место по другите аптеки е многу поубаво.
     
  20. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    а бе луге со се фрустрирате ако не можете да завршите некој факултет ајде ке го плукаме ......сум кажала на друго место на форумов сестра ми е фармацевт..и не е така ко со писува погоре
    поздравче