значи девојки ве читам и не можам да се изначудам на некои глуппсти. за да нема забуна за она што ќе го напишам одма да ви кажам дека сум диоломиран фармацевт со лиценца за работа и 3 годишен стипендист на алкалоид,така да го завршив факултетот со релативно висок просек. значи точно е дека фармацевтите лесно наоѓаат раа. но прашајте ги колку од нив се задоволни од работата и колку од нив би се запишале оак на фармација. јатдс работам во аптека и земам 250 евра плата,со тоа што имам само 2слободни дења во месецот и да сум типична продавачка зошто знаењето мое не го користим за ништо,се расправам со старци,слушам домашни проблеми и изигравам чисрачка.
И јас сакам на фармација да одам и сега учам моментално сега 4та треба да одам. Мислам дека одличен е изборот зошто по факултетот можеш веднаш да се вработиш, нема невработен фармацевт
да се доискажам: во гобала да не ме разберете погрешно,фармацијата споредено со другите професии кај нас,овозможува полесно наоѓање на раб. но во никој случај таа раб. нема да ви биде платена соодветно на вложениот труд. да се разбереме, и јас додека студирав ми беше супер, земав 2стипендии си имав свои пари,сонував дека ќе работам во некоја од лабораториите на алкалоид и воопшто не ми беше тешко да учам понекогаш и по добри 10часа дневно. реалноста кај нас е дека со звршување на факс по фармација добиваш само звучна диплома,ништо повеќе,затоа што истата на пазарот не е ценета. јас искрено немам кој да ме гура за да влезам во некоја од јавниве институрции,не ми даваат сама да отворам аптека(исполнет е просторот) и од овој аспект никогаш пак не би се запишала на овој факс не дека не си ја сакам проф. но сепак она што мотивира на крај секогаш се финансиите а оваа проф. кај нас (во најголемиот ар. случаеви)не е доволно вреднувана и платена се извинувам на печатните грешки но од моб пишувам
а чекај малку..нели студентите кои ќе ја добијат стипендијата на алкалоид по дипломирањето се вработуваат таму,т.е. ги вработуваат? барем јас така имам слушнато
фармацијата како и секоја професија е убава се додека имаш ќеф за неа, еве јас оваа година сум матурантка и учам фармација, но мене уште од прва година не ми се допаѓаше, моите ме запишаја, но протуркав некако заради нив, а штом досега не сум ја засакала значи не е за мене. не планирам да имам ништо со фармација иако имам многу врски кои би ме бутнале во аптеки/фабрики, јас гледам прво да си ја сакам работата, а после заработувачката, така да ќе си одам на факултетот кој ми се допаѓа мене. инаку познавам една жена која работи во аптека а е со средно и зема 12 000 плата и убаво си живее.
Не знам бе луѓе, ја еве сум 5та година и мнугу си ја сакам професијава, со љубов си учам многу ми е мерак ама кога ке си го погледнам индексот ми се плаче абе фатив хемороиди од квачење со книга ама ова скалава со оценки е хаос( до 96-100 поени-10, од92-96- 9, од 87-92ее . Абе ми еде да се самоутепам... оф мори мајко со се запишав си викам. А од друга страна пак колку толку се наога некоја работичка, ко за Македонија е ок, али трудов не може ни Бил Гејтс да ми го исплати Не знам што да кажам, али зезнато е
Јас учам средно фармација и се мислам што понатаму . Ме влечи фармацијава , со текот на годините ја засакав но сакав и на филолошки да одам за англиски . Знам дека врска нема едно со друго ова ама јас сум во страшна дилема ..еве овде сите кажуваат тешко било на фамрација факулетов ама и нормално дека е тешко кога понатаму ќе треба да знаеш точно кој лек да го дадеш .. Се надевам дека за скоро ќе ја разрешам дилемава па ќе пишам што сум се одлучила
А бе сите велат дека било ТЕШКО ама не џабе рекле стариве дека некоја работа ако ја сакаш ништо не е тешко . Факлутетот си е тежичок , треба добро да си го загрееш столчето ама колку толку насекаде има огласи се бараат фармацевт плата средно жалосна ама пак барем мозеж да се снајдеш а не да чекаме извесна партија да победи па ако може нека да се вработиш или како се затерав јас со поговоркиве ако чичко ти е владика ти мора да станеш поп . Сепак јас пошто многу си ја сакам професијата и секако факлутетот на оние кои што се двоумат за фармација дека ако имаат желба нека не му ја мислат многу
Дали некој знае да ми каже нешто повеќе за новиот смер на фармацевтски факултет- Скопје ( не знам и во Штип дали го има) - Лабораториски Биоинжињер? Ми звучи примамливо, но би сакала да знам што се студира, кои предмети, дали целата програма на студирање е слична со онаа на фармацевтите, и каде би можело да се најде работа како лабораториски биоинжињер, бидејќи искрено, првпат слушам за ваква професија .
Барам работа Девојки, ми треба информација за тоа каде се полага државен испит за фармацевтски техничари во Скопје. Завршив средно 2003, никогаш немав во план да работам во аптека, со оглед на тоа што пред 3 години дипломирав пејсажна архитектура на Шумарски факултет, ама како тргнало абер нема од ова факултетов кај да отидам на интервју ме деградираат после неможам при себе да си дојдам . Па решив да си ја прифатам судбината таква каква што ми е и да си работам во аптека, па ме интересира што се ми треба за државнов испит, што се треба да учам и да полагам, дали треба да стажирам, каде да се пријавам итн. Ако има некој информација нека напише тука..фала однапред
Рипке не е само за лековите туку има и хемија многу и формули и равнки за соединенијата кои го сочинуваат лекот
И јас учам фармација 4 година средно сум ... Размислувам да продолжам фармација ама сеуште не сум сигурна дека сакам да работам понатаму за максимум 250 евра плата што е малце за наши стандарди и незнам дали Штип или Скопје ... Ме интересира дали на факултетов фармација хемијата се учи само равенките (да ги знаеш ) или треба и задачи решавање??
FireQueen и јас планирам да се запишам на Фармација, ама на Штипскиот што е во Скопје нешто како “префрлен“ Мислам дека таму би ти било подобро да се запишеш, татко ми ми кажа дека било полесно Полесно ќе сум си поминела.. Иначе и мене ме интересира што како има на факулетет, и барам некоја фина феминистка да пише
Многу се каам што не запишав фармација.Работа се наоѓа многу лесно.Неколку мои пријателки,апсолвентки уште,најдоа лесно работа.И со средно дури.Се отворија еден куп фабрики како и фирми за производство и продажба на лекови.Се повеќе фармацевти работат таму,како трговски патници и земаат супер плата.Почетна од 15.000 па натаму,а за 3 месеци ако те бива добиваш и повеќе.И мене ми е глупо размислувањето дека фармација значи работа во аптека Сепак ако сте на фармација јас ви давам браво
како можете да предвидите од сега па после 5 6 години како ке биде и дали ке зимате 250 евра плата....запишете се тоа што го сакате, тоа е единствен начин да успееш во животот иако 90% ке речат е како не парите се најбитни...така мислите дека сте млади , ако не си ја сакаш работата за 5 години после првиот работен ден ке отидеш да ти препишат антидепресиви! така да ....учете тоа што сакате !!!!!!
и јас се мислам дали фармација или биохемија? што мислите дека е подобро..мене поише ми се праи мерак за биохемија..незнам зашто
Тоа што ти прави повеќе мерак... Не дека се жалам еве јас прва година на фармација сум, добра е новава програма 1 недела предавања 2 недели припремање за колоквиум ама сепак тоа повеќе што го сакаш тоа да го учиш
Дефинитино прва е една од полесните години освен органска и биорганска. Еве јас сега сум трета година, полагав прво Фармацевтска технологија, па Патофизиологија со Патологија и уште неможам да се опоравам! Сепак сметам дека прво треба од повеќе работи да се откажиш за да си успешен во факултетот! Специфик, биофизика редовно учиси. Повеќето од моја генерација се зафркнаа кога видоа дека професорот е добричок ама на крај и го презапишаа предметот. А и колку што знам вас ќе ви предава Олга, таа нас ни беше на времето асистентка и ептен строго се постави. Ти посакувам успех и доволно нерви да издржиш!
Вака ја прелистав темата но не успееав сите мислења да ги прочитам.Средно сум фармација 4 год и ме интересира кој предмети ги има во 1 ? дали е пренатрупан материјалот ? дали е толку тешко како што се зборува,и ме интересира предметот математика го има во сите години или ? даај некој нека објасни ќе му бидам многу благодарна..ми треба ваша помош